Инсел (Incels)

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.859
Пред некој месец, слушајќи подкаст наидов на поимот Инсел (од англиското Involuntary celibate) кој означува лица кои биле во недоброволен целибат. Муабетот беше за true crime нешто а епизодата беше за некојси Алек Минасијан, инсел кој убил 10 лица а ранил 25 во напад со комбе во Торонто. Имено тој Алек на судењето изјавил дека Инселите се меѓународно движење на лица кои никогаш немале секс и поради тоа се светат на општеството кое ги лишило од сексуални искуства.
Нападите биле дел од т.н. Incel rebellion, односно востание против системот, жените во целина и мажите кои ги сметаат за успешни кога се работи за заведување жени.
Самите себе се опишувале како перфектни џентлмени кои не можеле да дојдат до женска бидејќи жените наводно исклучиво се палеле на неандерталци и пропалитети или пак биле привлечени од нешто наречено Алфа мажјак (?!).
Инселите користејќи го нетот и социјалните мрежи се издвоиле како специфична група претежно млади мажи со grudge кон средината во која живеат.
Нивна цел не биле просечни женски по изглед туку оние кои на нивната скала на убавина биле од 8/10 до 10/10. Таквите ги нарекувале Стејси, а мажите кои копулираат со Стејсиевките ги нарекувале Чед.

Прогуглав да видам што има околу најновата форма на западна декаденција, коа што ќе видам. Цела листа на терористички напади, лудачки манифести напишани или ставени на јутјуб пред извршување на масакрот, поединечни убиства и насилство врз жени...

Имало и женска варијанта, Фемсел, но таа била мал процент.

Што мислите за овој нов феномен? Јас бев изненаден и шокиран.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Алфа мажјак (?!)
Малку ти се еден извичник и прашалник, стварно изненадувачки а воедно и енигматичен спој на зборови, наводно постоело нешто алфа мажјак ??!??!?! Што може да е тоа!?!?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.859
Малку ти се еден извичник и прашалник, стварно изненадувачки а воедно и енигматичен спој на зборови, наводно постоело нешто алфа мажјак ??!??!?! Што може да е тоа!?!?
Батали безвезе форс, објасни што е тоа алфа-мажјак. Верувам во тебе дека можеш да бидеш он-топик.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
објасни што е тоа алфа-мажјак.
Ај пошо се праиш мутав.
Алфа мажјак е оној тип кој може да има една но најчесто повеќе од следниве карактеристики:
  • Најпопуларен е во друштвото
  • Физички е силен
  • Широки рамења
  • Високо ниво на тестостерон
  • Голема самодоверба
  • Храброст
  • Висок социјален статус
  • Шлеперите му се заглавени на царина.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.859
Ај пошо се праиш мутав.
Алфа мажјак е оној тип кој може да има една но најчесто повеќе од следниве карактеристики:
  • Најпопуларен е во друштвото
  • Физички е силен
  • Широки рамења
  • Високо ниво на тестостерон
  • Голема самодоверба
  • Храброст
  • Висок социјален статус
  • Шлеперите му се заглавени на царина.
Не се правам ништо, го имам сретнато тој поим но неам врска што точно претставува. Дали треба да исполнува дел од наведените карактеристики или мора сите? Пошто тоа што слушав на подкастот беше алфа мажјак=градски или селски јебач, мање-више.
Сепак темата не е за алфа мажјак туку за Инсели.
Автоматски споено мислење:

Колку е стар?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.859
Prethodi na Eliot Roger (original supreme gentlemen), ama definitivno poleka pocna da vleguva vo mainstrimot posle nego.

Cringe community, ne znam voopsto so ke se diskutira tuka.
А има тема на која дискутираш? :D Witty one-liners не се дискусија.
Декадентна појава со аспирации да стане идеологија и со чести терористички изблици која има стотици лешеви зад себе е сосема добра тема за дискусија.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.266
Поени од реакции
27.689
А има тема на која дискутираш? :D Witty one-liners не се дискусија.
Декадентна појава со аспирации да стане идеологија и со чести терористички изблици која има стотици лешеви зад себе е сосема добра тема за дискусија.
Mene ne mi e "dekadentna", tuku duri i histericno smesna i patetichna.
Citaj go manifestoto na Eliot Roger, delot so lotarijata, kvalitetna komedija.

Poveketo ke imaat seks i ke porasnat i tolku.
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
274
Поени од реакции
258
Нивна цел не биле просечни женски по изглед туку оние кои на нивната скала на убавина биле од 8/10 до 10/10. Таквите ги нарекувале Стејси, а мажите кои копулираат со Стејсиевките ги нарекувале Чед.
Не е точно, аргументот се користи дека поради онлајн дејтинг женските имаат премногу опции така да доаѓа дека топ 5% на машки имаат пристап до скоро сите женски. (winner takes all) Главна причина ја зпоменуваат на хук ап културата и дека постепено се губи стигматизација за женски што имаат многу дечковци.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.125
Поени од реакции
10.469
Група луѓе со радикални, екстремистички и сексистички ставови и размислувања кон посакуваниот пол (ова го пишувам затоа што инцел не мора да биде хетеросексуалец туку и хомосексуалец, маж или жена) и сето тоа заради тоа што се одбиени од посакуваната личност (иако, инцелите сметаат дека самите тие се жртви на вакви екстремистички ставови), па во нивните очи посакуваните личности се зли, лицемерни и промискуитетни и треба да бидат казнети за тоа (ова често пати оди до екстреми).

Мене ми изгледаат патетично. Цела оваа работа произлегува од искривената реалност за убавина и влијанието на социјалните медиуми. Не знам, можеби нивната идеологија дека се "грди" (најчесто се жалат на исклучување поради изглед, приход и недостаток на социјални вештини) е само рефлексија на нивниот карактер. Сепак тоа не треба да биде причина за да бидеш инцел затоа што милиони луѓе во светот се физички непривлечни и имаат проблем да остварат комуникација со личноста која ја сакаат, но сепак на крајот од денот успеваат да водат среќен и исполнет живот необвинувајќи ги сите други за сопствените неуспеси. Па дури и има осамени луѓе, депресивни, анксиозни кои немаат потреба да го прават тоа.

Мажите инцели - мизогинисти кои ги објектививзираат и дехуманизираат жените и ги гледаат како алчни и плитки суштества желни само за пари и статус во општеството. Спротивна страна на радикалните феминистки.

Жените инцели - "сите мажи се свињи, потенцијални силувачи и треба да се кастрираат".

Не постои личност на планетата која никој не ја посакува (за секое лонче има капаче). Постојат само пациенти кои се умислиле дека секој треба да ги посакува. Значи проблемот не им е тоа што се непривлечни, туку во тоа што се емоционално и психички сериозно оштетени и имаат потреба од стручна помош.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
Темава, преместете ја на Фемина.
Не, сериозно, мавате стереотипи и етикети на неспособните, што се коси со вашата лицемерна идеологија на социјална правда.
 
Тоа заборавив да напоменам дека кај ова движење, припадниците сметале дека со самиот факт што постојат = им следува секс со привлечна женска особа (8-10).
Автоматски споено мислење:

Mene ne mi e "dekadentna", tuku duri i histericno smesna i patetichna.
Citaj go manifestoto na Eliot Roger, delot so lotarijata, kvalitetna komedija.

Poveketo ke imaat seks i ke porasnat i tolku.
Некои ќе имаат секс и ќе пораснат, некои ќе упаднат на некој факс со полуавтоматска Ругер мини-14 и ќе потепаат 14 студентки и така...
Смешно е и патетично, но не треба да се заборави дека ова станува опасна појава. На таа листата имаше случаи од 1989-2021 на убиства, клања, масакри (за среќа сеуште само во САД и Канада и нешто во ОК).
Тој Елиот Роџер им бил нешто како идол-маченик за инселската кауза. Пробав да изгледам едно негово видео ама ми беше супер-кринџ и не го догледав, во основа кукаше како системот му ги одземал сите шанси за да има женска.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom