Индивидуализам vs. колективизам. Индивидуата или општеството?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Налетав на една статија и во неа имаше интересно прашање, кое ме поттикна да ја отворам темава, а тоа гласи:

Дали животот на индивидуата и припаѓа само на неа како таква, или и припаѓа и на општеството и заедницата во која живее?

Одамна постојат овие две спротиставени струи.

Индивидуализмот вели дека секоја индивидуа го живее животот заради себе и поради себе и има неотуѓиво право да го живее животот онака како што тој смета дека треба, да дејствува како што тој смета дека правилно и да биде слободен самиот да одбира кои ќе бидат неговите вредности. Индивидуализмот ја става индивидуата во центарот на својата филозофија и смета дека таа е најважна единка сама за себе.

Колективизмот, од друга страна, се темели врз идејата дека животот на индивидуата не е само негов, туку припаѓа и на групата/општеството на кое припаѓа и дека мора да жртвува сопствени вредности и цели за општото добро, за благосостојбата на групата/општество. Според колективистите, групата/општеството се основна единка и мерка за морал и етика и индивидуата мора и треба да биде од корист на општеството.

За да не навлагам на долго и широко, ќе ве оставам и вас да додадете нешто, а доколку не сте запознаени многу со овие два концепта и не ве интересирало многу претходно да дознаете нешто, која од овие две идеи е попривлечна за вас и зошто?

Дали сметате дека индивидуата може да живее за себе, без оглед на групата на која припаѓа?

Од друга страна, дали индивидуата како таква влијае на општеството, со своите вредности или мора да се моделира врз основа на општествените правила?

Дали сметате дека индивидата има обврска да се прилагодува и дали мора да жртвува свои вредности за доброто на општеството?

Кој е вашиот генерален заклучок?
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.086
Поени од реакции
19.962
Некој ја читал Ајн Ранд и добил инспирација за темава. :rolleyes:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Некој ја читал Ајн Ранд и добил инспирација за темава. :rolleyes:
Одамна е читана бе и сум запознаета со нејзините лик и дело. <3
Навистина налетав на статијава случајно, а и имав вишок време, па решив да отворам тема. :icon_mrgr:

Инаку сериозно, кој не го мрзи, може да ја прочита, интересна е.




И во статијата се спомнува Ајн.:pipi:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Секој човек/индивидуа треба да го живее животот заради себе и поради себе и тоа онака како што тој смета дека треба.
Секој човек има свои цели/желби/потреби за кој живее, т.е. тие се оние нешта кои го тераат човекот да си го стави својот живот и начин на живеење на прво место.
Ако одиш по колективизмот, т.е. што бараат другите од тебе, што ќе речат другите за тебе..... , единствено нешто што ќе добиеш е фрустрација, психичка заробеност, напнатост...

Секако дека не треба човек да биде избеглица од останатите во општеството, но ако прво не ги задоволи своите потреби и цели во животот, како би функционирал во останатите правци....

Така да на прашањето..... Индивидуализам vs. Колективизам? ..... одговорот би бил..... Индивидуализам:)
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.673
Поени од реакции
11.719
Заедницата очекува од секоја индивидуа што поцелосно да ја одигра доделената улога т.е. некој кој е свештеник не само објективно да ја извршува својата службена функција, туку и во секое време под секакви услови да се чувствува како свештеник, и тоа го бара како некаков вид на сигурност затоа што е илузорна творевина т.е. не е ништо друго од множество на индивидуи кои се крајно уникатни како такви.
Така се формира личноста која е комплициран однос помеѓу индивидуалната свест и заедницата т.е. одреден вид на маска која од една страна има за идеја да изврши одреден „впечаток“ врз заедницата, а од друга страна да ја прикрие вистинската природа на индивидуата како би избегнала надворешен притисок, осуда, прогон, линч и слично.
Потребна е (уствари тоа си е природна појава) за да постои организирано општество, а штетна е затоа што често очекува и слонот и мајмунот да скокаат од гранка на гранка т.е. нејзините чести нелогични очекувања, нејзиниот притисок во помалите општесва предизвикува расцепување во психата, внатрешни конфликти, кои раѓаат болни психотични личности па така и заедници, нации - сама себе одржавала и сама себе јебела.

Јас го поддржувам колективизмот што го поддржува здравиот и креативен индивидуализам, кој ќе придонесе повеќе цврстина и развој на првиот.

P.S. Заборавив после последната реченица да напишам - Америка, америка дис ис Јуууу...
 
Последно уредено:
S

StormRage

Гостин
А кој избор го имаш кога општеството е скапано? Еvery man for himself. Иако и колективот може да функционира совршено, и е подобар (многу се посилни од еден). Ако прајме муабет за паралелен универзум каде Македонија е скроз поразлична од ова што е, би се почитувале многу други работи кои за жал веќе и не постојат (нели, чудно е што и закони на физика уште важат тука), тогаш дефинитивно колективно.

Секако, индивидуализмот е секогаш твое право.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
И двете по малку, во умерени дози.
Не живееш за другите, живееш за себе. Ама нема да бидеш среќен ако се трудиш да се усреќиш само себеси. Посреќен ќе бидеш ако својата среќа ја наоѓаш во среќата на другите.
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Иднивидуата има граници до која може да биде таа што е, освен ако не е е толку одлучна да оди до крај да биде таа личност.
Поточно, за како некој се дефинира како личност е процес во кој учествуваат околината или колективизмот наспроти тоа што иднивидуата го сака.
Околината диктира како некој ќе се формира како личност. Од друга страна секоја личност е уникатна на ниво на љубопитност и колку има желба да се формира себе си. Тука се спомнува и талентот. Но што ако во некое африканско племе отцепено целосно од светот се роди идниот Ајнштајн?
Ништо, бидејќи таа личност го поминува целиот свој живот во таа затворена околина никогаш не осознавајќи за физиката или кој бил Ајнштајн.
Во голема мера, како некоја личност постои е под влијание на околината. Никој никогаш не може да биде 100% сам.
А на крајот, реткост е кога некој не е себичен. Сите се себични, макар и потсвесно, ама секое суштество е програмирано да мисли само на себе.
На крајот, сите умираме сами.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Многу повеќе сме колективни отколку индивидуални, тоа е така затоа што сами сме неспособни да живееме и опстанеме, зависиме од луѓе а со тоа се зголемува колективноста помеѓу луѓето. Кој и да сака мислам дека никогаш нема да постигне да биде повеќе со индивидуализамот отколку со колективизам, барем не во ваков систем.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас сум за индивидуализам
Но за да бидеме индивидално задоволни треба да се грижиме и другите луѓе да бидат задоволни
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.673
Поени од реакции
11.719
Многу повеќе сме колективни отколку индивидуални, тоа е така затоа што сами сме неспособни да живееме и опстанеме, зависиме од луѓе а со тоа се зголемува колективноста помеѓу луѓето. Кој и да сака мислам дека никогаш нема да постигне да биде повеќе со индивидуализамот отколку со колективизам, барем не во ваков систем.
Да, колективот се создава поради заеднички интерес на различни индивидуи со слични карактеристики, но во одреден случај можно е да се оствари послободен индивидуален развој а тоа го можат парите се разбира. На пример си наследил еден тон пари и не зависиш од очекувањата и притисокот на колективот, си тераш свој филм на свој начин секако во рамките на законите (до некаде :D), ама тоа пак може и да предизвика обратен ефект т.е. стагнација во развојот затоа што во таков случај немаш некои посебни предизвици кои би покренале одредена динамика во психата затоа што како што вика Блејк - умот кој не е придвижен и не се надоградува во промена е како застојана вода, како мочуриште кое е извор на болести и рептили (така нешто). Ова се потврдува кај еден постар човек што го познавам кој во младоста кратко работел надвор од тогашна Југославија (не знам каде), и кој после полесна повреда цел живот зема странска инвалидска пензија што ја троши на комар и на пиење, која тиња од карактер ејј. Но еве и да не западне во пороци ќе вегетира, во таква ситуација нема што да се развива.
 
Последно уредено:
Член од
15 септември 2012
Мислења
112
Поени од реакции
123
Сметам оти треба да се најде баланс помеѓу овие две нешта.
Една индивидуа не е способна да се вклопи во едно општество без притоа да соработува со истото. Во општеството кадешто сите сме индивидуални доаѓа можеби до истакнување на одделните карактеристики на еден човек, и она кое тој умее најдобро да го прави, меѓутоа колективно веќе имаме поуспешен и „побогат“ продукт.
- Е сега има тон прашања околу тоа колку и како еден човек може да функционира индивидуално или колективно и да цели кон општествено добро, кога веќе многу норми се загубени...
Пред се', јас сум за баланс, што е исклучително тешко да се долови.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.256
Поени од реакции
5.229
Секоја индивидуа е резулат на општеството. Мајмуни лавови мравки буквално сите животни имаат одредено општество и хиерархија. Како и човекот нели. Тоа е ради една причина а тоа е да се пренесе генетскиот матерјал на другата генерација и да опстане видот.Значи секој е резултат на околината околу себе почнувајќи од фамилија, роднини, пријатели, онлајн форуми :icon_lol: и така натаму.

Е сеа in the grand scheme of things луѓето што не се заинтересирани за остатокот на општеството се оние кој го кочат напредокот на човештвото, си тераш свој филм кур те боли за било што. Има многу работи што ти сметаат во општеството али никако да пробаш да ги поправиш. Кукаш на форуми на фејсбуци, твитери али абер нема. А ги има многу такви па дури и ја би се ставил тука :kuracc:. Али нали и ја сум резултат на општеството така да не сум ја крив, Бранко е крив. Later bitches :gjavol: !
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.673
Поени од реакции
11.719
Секоја индивидуа е резулат на општеството.
Не, личноста е резултат на општеството а индивидуата е Pop Up комбинирана генетика, додека општеството е резултат на индивидуи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom