Инвестиции

Член од
17 ноември 2020
Мислења
16
Поени од реакции
37
Ајде сите кои имаат знаење и искуство со инвестиции од било каков вид слободно да пишат свој совет за сите кои незнаат што да прават со своите пари.
Поставувајте прашања на тема ИНВЕСТИЦИИ И БИЗНИС.
Секој коментар кој нема да биде на темата ке биде пријавен.
Поздрав и секое добро !
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Немам ни знаење ни искуство, ама ваљда можам да пишам мислење.
Во услови на рецесија не знам колку е мудро да се инвестира. Можеби во некои нискоризични сектори и стабилни компании некакви лимитирани суми...
Конкретно за Македонија, традиционално се инвестира во недвижнини. По некоја економска логика во услови на рецесија цените на недвижностите би оделе надолу, па тоа можеби е прилика да се инвестира со намера да се профитира кога состојбата би се нормализирала.
Дури чинам дека имаше и еден наш министер кој што наместо да повикува да се инвестира во бизнис, советуваше да се инвестира во недвижности. Веројатно свесен за мизерната бизнис клима која што хронично перзистира кај нас, истовремено иронично, бидејќи доаѓаше од институција која што би требало да се грижи тоа да не биде така.

Друга инвестиција која што се смета за релативно сигурна е инвестирањето во благородни метали, во прв ред злато и сребро. Веројатно затоа што нивната цена изминатиов период се покажа како стабилна, и генерално инвестирањето во благородни метали чинам дека се смета за инвестиција со релативно низок ризик.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.071
Поени од реакции
11.435
Конкретно за Македонија, традиционално се инвестира во недвижнини. По некоја економска логика во услови на рецесија цените на недвижностите би оделе надолу, па тоа можеби е прилика да се инвестира со намера да се профитира кога состојбата би се нормализирала.
Дури чинам дека имаше и еден наш министер кој што наместо да повикува да се инвестира во бизнис, советуваше да се инвестира во недвижности. Веројатно свесен за мизерната бизнис клима која што хронично перзистира кај нас, истовремено иронично, бидејќи доаѓаше од институција која што би требало да се грижи тоа да не биде така.
Инвестирање во недвижност во Мкд не носи големи приноси, еден процент за цели 10 години:

Тој министерот сигурно добил неколку стана рушвет па сака да ги шитне, а и генерално на политчар не би му верувал ни збор што ќе посоветува.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Помина времето за инвестирање во метали....сребро, злато, бакар и т.н. отидоа у плафон. Недвижнини може ако си инвеститор/коинвеститор. Транспорт и тоа јок. Можеби криптовалути. И ризик е да се купуваат угостителски објекти иако им е падната цената.....не би се чудел да испадне некој нов вирус таму негде лето :)
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Инвестирање во недвижност во Мкд не носи големи приноси, еден процент за цели 10 години:

Тој министерот сигурно добил неколку стана рушвет па сака да ги шитне, а и генерално на политчар не би му верувал ни збор што ќе посоветува.
Ако знаеш што правиш во се можеш да инвестираш. Во повеќето случаеви недвижнините се повеќе чување на пари на сигурно отколку инвестиција.

Е сега ако знаеш што правиш можеш да заработиш. Знам за една особа што купуваше земјиште пред 7-8 години во тоа време по 35-40 евра, а сега ги продаде за 80 евра квадрат така да има во се пари само некогаш треба знаење и среќа, а нормално на прво место мора да имаш ресурси т.е пари.
 
Претпоставувам дека зависи, како што кажаа пред мене од тоа дали знаеш што правиш во комбинација со фактор среќа. На краток рок можеби нема, ама на некој подолг рок се е возможно со недвижнините.
Имам роднини на пример чиј што татко некогаш купил некое не толку атрактивно земјоделско земјиште надвор од градот. Неколку децении подоцна се појавуваат инвеститори во областа со намера да градат фабрика, па му го откупија по доста добра цена.
Исто до неодамна луѓе кои што инвестираа во деловни објекти, од рента остваруваа релативно добри приходи за наши услови.

Како тоа функционира пазарот со недвижности кај нас, искрено не знам. Гледам се градат доста стамбени згради со деловни објекти, кој тоа ги купува, не знам, а веќе со години делот недвижнини кај нас одржува релативно високи стабилни цени.
Дали се работи за шпекулативен балон кој што се одржува намерно со вакви изјави ко таа на министерот е теза која што сум ја сретнал некаде.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.949
Ако знаеш што правиш во се можеш да инвестираш. Во повеќето случаеви недвижнините се повеќе чување на пари на сигурно отколку инвестиција.

Е сега ако знаеш што правиш можеш да заработиш. Знам за една особа што купуваше земјиште пред 7-8 години во тоа време по 35-40 евра, а сега ги продаде за 80 евра квадрат така да има во се пари само некогаш треба знаење и среќа, а нормално на прво место мора да имаш ресурси т.е пари.
Кај недвижностите ти требаат и дојави, т.е луѓе од урбанизам во општината да ти дадат инфо со месеци пред да процури во јавност план за формирање на индустриски зони или побитна магистрала, го купуваш за ефтина сума и за помалку од 10 год го продаваш неколку пати поскапо.
Автоматски споено мислење:

Ајде сите кои имаат знаење и искуство со инвестиции од било каков вид слободно да пишат свој совет за сите кои незнаат што да прават со своите пари.
Поставувајте прашања на тема ИНВЕСТИЦИИ И БИЗНИС.
Секој коментар кој нема да биде на темата ке биде пријавен.
Поздрав и секое добро !
Зависи од сумата, а и од твоите познавања. Ако имаш добра идеја и потенцијален клиент со 30к инвестиција во програмери може да имаш готов продукт кој ќе го шитнеш минимум дупло. Недвижности, инвестициски фондови, банки се за луѓе кои немаат никаква идеја и се благодарни и на тие 1-5% за 10год.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Прво преиспитај се што знаеш! Се инвестира во нешто од што се разбираш, ако сакаш барем некаква заработка. Ако не ти текнува ништо и не си сигурен дали сакаш заработка или да не ти пропаднат парите, тогаш недвижности!
Јас целата заработка ја ставам во опрема која има тесна врска со мојата професија и некои 20-30% годишно излегува плус. Ама да се разбереме тоа не е само инвестиција, тоа ми е и бизнис, значи инвестирам плус време, здравје и стекнати познаства.
Ако си поупатен можеш и со акции и фондови да си пробаш среќата, ама треба истражување и очи шесбанке :D
 
Член од
12 април 2020
Мислења
468
Поени од реакции
866
Ако земеме дека времето е пари и ако земеме и дека едукација е инвестиција се отвораат и нови идеи.
Во зависност од струката, преференциите.
Јас лично открив дека учењето странски јазик од развиена држава во која можам да си ја уновчам струката ми е најисплатива инвестиција. Пример Германски, Шведски, Норвершки.
Ти требаат некакви си 1000 часа учење, нешто што можеш во 2 години интензивно учење да го постигниш...Трошок ти се парите за курсот и времето твое. Ако немаш време најми си куќна помошничка и речунај го тој трошок како инвестиција. Ако се преселиш успешно инвестицијата ќе ти се преплати 100тици пати.

Друго шо знам. Се инвестира во нешто што го знаеш и што го разбираш инаку ќе те избричат на суво.
Во основа рецесија плус минус не влијае многу ако е идејата како што треба. Ептем треба да е на повидок јака рецеција, па ај можеби ќе почекаш 6 месеци или година. Инаку нема потреба од чекање.
Акции не се лоша работа ама се многу деликатни треба да знаеш да ги одбереш. Станови во Скопје, пишав во една тема, не изгледаат лошо...
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Кај недвижностите ти требаат и дојави, т.е луѓе од урбанизам во општината да ти дадат инфо со месеци пред да процури во јавност план за формирање на индустриски зони или побитна магистрала, го купуваш за ефтина сума и за помалку од 10 год го продаваш неколку пати поскапо.
Автоматски споено мислење:

Зависи од сумата, а и од твоите познавања. Ако имаш добра идеја и потенцијален клиент со 30к инвестиција во програмери може да имаш готов продукт кој ќе го шитнеш минимум дупло. Недвижности, инвестициски фондови, банки се за луѓе кои немаат никаква идеја и се благодарни и на тие 1-5% за 10год.
Па да ама за тоа треба ептен во шема да си. Освен тоа ако веќе имаш познанство со такви луѓе голема е веројатноста и да си добро ситуаиран.

Али настрана дојавите ако за одредено место мислиш дека има потенцијал и не ти е проблем да ги заглавиш парите на долг рок тогаш инвестицијата може да се исплати значително.(што е далеку попаметно отколку да речеме орочување на пари)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.949
Па да ама за тоа треба ептен во шема да си. Освен тоа ако веќе имаш познанство со такви луѓе голема е веројатноста и да си добро ситуаиран.

Али настрана дојавите ако за одредено место мислиш дека има потенцијал и не ти е проблем да ги заглавиш парите на долг рок тогаш инвестицијата може да се исплати значително.(што е далеку попаметно отколку да речеме орочување на пари)
Види не е толку едноставно да му дадеш совет на некој што и како е паметно да инвестира, пред се не го знаеш човекот, не знаеш за колкава сума се работи и кои се неговите познавања.
Недвижностите се некоја си „побезбедна“ инвестиција, арно ама ако ги дигнат даноците во иднина ќе бидат се помалку исплатливи.
Имам познаници што имаа земено по неколку станови и работеа со airbnb, арно ама со кризава со месеци немаат земено ни цент и ете ја заработката од таму (само сметки да покриеш (такса), одржување на влез и данок оваа година си во минус).

Во бизниси пак мора да имаш познавање од тоа што го почнуваш оти нема ништо многу едноставно и пред се мора да имаш контакти.

Банките искрено мене ме плашат најмногу, имам некое лошо чувство дека ќе има финансиски земјотреси, ако е некој подобро запознаен може да даде свое видување (дури и за денарот).
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377

Какви земјотреси би имало?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.949
Какви земјотреси би имало?
Не знам дали би имало, али ми е шубе да не отиде уште некоја од банките и задолжувањата што ги прават нашиве а нема со што да ги враќаат. На крај народот ќе треба да го покрива тоа.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Не знам дали би имало, али ми е шубе да не отиде уште некоја од банките и задолжувањата што ги прават нашиве а нема со што да ги враќаат. На крај народот ќе треба да го покрива тоа.
Банка ко банка, ни прва ни последна што пропаднала, имаме повеќе од доволно банки.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Види не е толку едноставно да му дадеш совет на некој што и како е паметно да инвестира, пред се не го знаеш човекот, не знаеш за колкава сума се работи и кои се неговите познавања.
Недвижностите се некоја си „побезбедна“ инвестиција, арно ама ако ги дигнат даноците во иднина ќе бидат се помалку исплатливи.
Имам познаници што имаа земено по неколку станови и работеа со airbnb, арно ама со кризава со месеци немаат земено ни цент и ете ја заработката од таму (само сметки да покриеш (такса), одржување на влез и данок оваа година си во минус).

Во бизниси пак мора да имаш познавање од тоа што го почнуваш оти нема ништо многу едноставно и пред се мора да имаш контакти.

Банките искрено мене ме плашат најмногу, имам некое лошо чувство дека ќе има финансиски земјотреси, ако е некој подобро запознаен може да даде свое видување (дури и за денарот).
Па темава е за инвестиции. Инаку се согласувам со тебе. Пријател мој кој е добро ситуиран има ресторан во Скопје киријата му е 8000 евра да не беше човекот да речам богат т.е со залихи сега ќе беше во гуша со долгови.

Ризик постои во секој бизнис/инвестиција.

За банките неам направено/прочитано/слушнато некое подетално истражување, но мислам дека барем нашиве банки со оглед на тоа колку се лихвари и какви профити прават мала е веројатноста да пропаднат.(Еуростандард според мене беше исклучок, а не правило)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom