Има ли ГРАНИЦИ (С)РАМковНИОТ Договор од Охрид ?

  • Креатор на темата lav
  • Време на започнување

Има Договорот од Охрид граници ?


  • Вкупно гласачи
    18
Статус
Затворена за нови мислења.

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
TpH_Bo_OkO напиша:
Оффф....

Принц, па ти навистина мислеше дека имавте некакви шанси...

Кажи му едно големо фала на Солана што доаѓаше секој втор ден тука за да се заканува со истото сценарио од оној филм кој ја снајде Србија поради тоа што не ги слушаше....

А со што тоа вие извојувавте? Со напаѓање, малтретирање и убивање на цивили? Со десант и сквернавење на 9 војничиња во Вејце? Која правдина е 300 : 9 ? ? ?

Му се дивите на она пичето Ахмети кој освен пред камери, никаде нема излезено на фронт (2001)

Со која борбена готовност ќе победевте 2001ва ? (ама најреално да кажеш)

Арачиново??? Победивте ли кога дојде смотрата да ве извлечат со автобуси пошто Солана рекол така??
О бе гревче...И Красниќи ве мота како сака....вчера беше со оние, денес е со овие...ама ај, ќе се освестите еден ден...

П.С. Не сум вжештена глава...воопшто...

Вие никогаш не сте биле граѓани од втор ред...побогу па ти не ни знаеш што значи тоа...Вие бевте, и сте МАЛЦИНСТВО!
„Пичето„ ахмети има стален прилив на пари од Швајцарија...односно прима инвалидска пензија (з)добиена по препорака на конзилиум на Швајцарски психијатри....или пензија за шизофреничари...барем така некаде прочитав...
Малцинство ДА , но со напомена дека НИКОЈПАТ или сосема РЕТКО ги извршува обврските кон државата во која живее....никако или слабо го говори службениот и државен јазик ...а има ...ОХОХОООО побарувања...во разни видови....
Тражи НОВИ училишта , а не плаќа ДАНОК или пак нередовно го плаќа.
Тражи ДОНАЦИИ од странство...ама бара ГАРАНЦИИИ од државата на Македонците....
Гради дивоградби..и секојпат бара ПРАВДА...како оној сирот КАЉИМЕРО..
:toe:
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Бидејки често разговараме на оваа тема со моите пријатели мислам дека треба, барем на овој форум, да се расчистат некои работи. Сакам правилно да ме сфатите дека воопшто не бранам ниту напаѓам нечија страна.

1. Не се бунам. Го добивме тоа што го сакавме. Губитниците се бунат. Нели кој губи има право да се лути.
Доколку вие, принц, го добивте тоа што го сакавте тогаш во ред е, барем за вас. Мнозинството од тој дел на македонското население не го добија тоа што го сакаат туку напротив. Ситуацијата им е многу полоша. Од економски, па до политички. За општествено и да не зборуваме.
Велите дека губитниците имаат право да се бунат/ лутат. Вие себеси се сметате за победник? Како? Во кој дел? За да не се доведе ситуацијата во Македонија до степен на Руанда ефект беше потребно истата да се смири некако. Следствено на веќе кажаното е токму Рамковниот договор каде што огромниот дел од законските решенија потекнуваат од нашите институции, односно веќе се правеа закони кои ќе овозможеа правично застапување и ред други закони кои се донесоа праку тој договор. Тогашната власт беше на пат да ги усвојува истите без ниедна капка крв да биде пролеана и без да се вратиме најмалку 50 години назад во економијата (споредено со развиениот свет).
Губитници велите. Е па, не само јас, ами многумина ќе ви кажат дека во Македонија од случките во 2001 губитници се само граѓаните кои живеат во неа. Само политичките моќници и нивните блиски и малку подалечни ќареа на заедничката ни мака.

2. Никогаш немаше да го добиеме ова по мирен пат. Аљбанците беа деградирани/газени/искористени се до пред таа војна. Со еден збор, беа граѓани од втор ред. Ти текнува на знамето, ти текнува на тетовскиот универзитет... Ти текнува на репресијата. Мораше да се случи тоа што се случи.
Болдираното е една од најголемите пропаганди (со најсилен ефект) која се користеше за некакво оправдување на веќе стореното, истовремено да се скрие и вистинската намера, односно повеќе намери , за случувањето во 2001. Всушност целото квотирано е една голема пропаганда која премногу лесно ја голтнаа македонските граѓани од албанско потекло.
Да подобјаснам малку.
За времето на случките за знамето марката поскапе до или повеќе од 30% но никој не забалежа ниту се побуни бидејки едни се жалеа на ќотекот, а други се ситеа на истото.
Тетовскиот универзитет, исто така, е чин на дефокусизација, значи систематска манипулација, на населението бидејки кога беше актуелен, ако се сеќавате, се вршеше трансформацијата на општествениот капитал (грабежот на тогашниот општествен имот). Кога работите околу грабежот во јавноста ќе се истакнеа над дозволеното, односно ќе беа видливи за населението како проблеми за решавање секогаш се активираше проблемот со тој универзитет. Кога се` си одеше по план и програма на лицата кои имаа најмногу, единствен, ќар се забораваше на универзитетот и тој си работеше и вадеше кадри непречено бидејки никому, реално, не му сметаше.
Значи станува збор за систематска манипулација на населението и ништо повеќе.
Е сега, за наводната репресија. Дефинитивно постоеше нешто бидејки во Македонија, во времето на нејзиното осамостојување, имавме население кое е со многу низок едукативен степен. Сепак овој аргумент не треба да се сфати како апсолутен бидејки и тогаш постоеше голем број на мошне образовани албанци.
Едно е сигурно, околу таа анводна репресија, а тоа се објаснува со изреката: Колку е тешко да натераш жаба да рипне во вода. Ретко се наоѓа човек кој сопствениот неуспех си го препишува на сопствените одлуки или недостаток на способности. Тенденцијата е вината да се фрла врз други личности, состојби или судбини така што денес имаме состојба во која македонските граѓани од албанско потекло мислат дека тие се сиромашни бидејки парите се кај македонците, а македонците тврдат дека тие се сиромашни бидејки парите се кај албанците. Ако ова реално и потврдено општествено мнение на населението не е доволен доказ за систематска манипулација врз населението во Македонија тогаш јас не знам што би бил доказ за постоење на такво нешто. Лажам се подразбира, имам и други докази, ама да не ве замарам. Посетето го мојот сајт и самите после ќе можете да си ги наоѓате во нашето општество.
Македонското население живее во колективизам или народски да го кажам тоа:
Втерани во трла како добиток, македонското население, е исклучено од меѓусебна комуникација. Постои македонско трло, албанско, турско, влашко, српско, ромско... Каде што овчарите стрижат и молзат (полнење на буџетот) и решаваат за нашите судбини со моќта која ја стекнуваат при владеење со најголемото купче пари во државава. Всушност ова е и најголемата политичка борба кај нас. Колку работите и да се менуваат некако постојано остануваат исти.
Постои, исто така, тенденција на поделби во трла на самото поединечно трло, односно станува збор на се` поголема поделба на населението или едноставно кажано се поставуваат овчари за да ги прифатат оние на кои претходното трло им станува тесно.
Системот се нарекува раздели па владеј!!!
Кој тоа, докажано низ историјата човечка, користи вакви средства?
Та нели живееме слободни во демократија?


П.С.
Нашето население не ги познава термините индивидуализам и слобода во нивните суштински значења. Доколку ги познаваат овие термини тогаш е од гледна точка на левичарството!!!
Затоа е лесно да се владее во Македонија на веќе опишаниот начин.

П.П.С.
Доколку постои нешто нејасно... Знаете веќе, нели?
 
Член од
7 март 2007
Мислења
12
Поени од реакции
0
temava vi e navistina super.
Sakam da kazam deka ramkovniot dogovor e najdobro nesto sto mozese da se sluci za R.Makedonija vo tekot na 2001 god. a za toa deka ima precekoruvanja vo nekoi oblasti navsitina gi ima. Samo da znaete deka kaj makedoncite ne boli toa shto ima vakvi precekoruvanja tuku boli toa shto voopshto e potpisan eden vakov dogovor. zatoa sto so nego albancite si dojdoa na svoe mesto dragi moi, pa mozebi i zaminaa malku ponapred sto ne bi trebalo da bide taka. Makedoncite sakaa da ostana na vlast vo Tetovo i Gostivar iako i vo dvata grada bea so okolu 20% zastapenost,a duri nekade okolu 70% bea albanci, toa navistina ne e fer... poteknuvam od taa sredina i navisitna znam kolku tezok zivot imaa albancite.. sepak sega navistina dobija se ona shto go imaa do sega izgubeno.....
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Хирошима, ај не јадај непотребно вафли и полнети пиперки со урда, прочитај го Противпропаганда и многу нешта ќе ти станат појасни.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Princ напиша:
2. Никогаш немаше да го добиеме ова по мирен пат. Аљбанците беа деградирани/газени/искористени се до пред таа војна. Со еден збор, беа граѓани од втор ред. Ти текнува на знамето, ти текнува на тетовскиот универзитет... Ти текнува на репресијата. Мораше да се случи тоа што се случи.
Принц јас лично сметам дека не ево ред да исе сречува да да се образуваат на свој јазик ама тоа ќе се постигнеше и по мирен пат, а за знамето проблематиката уште стои, која вика дека ако негде се вее знаме на некоја држава тоа значи дека е територија на таа држава, и затоа се јавува проблемот со знамето на албанците, доволно е многу амлку да го модифицирате односно да додадете нешто со што ќе ве означчува како албанци од македонија нема проблем, бидејќи ако некој така не многу запознает отиде во тетово и гостивар, и вди како се вее на зграда на општина знаме кое го користи Р. Албанија како официјално, одма ќе го донесе заклучокот дека се наоѓа во Р. Албанија а не во Р. Македонија, е тоа е тоа што е проблематично со знамето.
А кажи ми на каков друг начин биле претходно албанците деградирани, кажи ми, беше исклучиво дозволено само за македонците да стуфираат, не да бидат во армија , не, да бидат во полицијата , не, причината за тоа што албанскот население не беше застапено во јавната администрација односно државните служби беше само и само поради нивото на образование. И те молам немој да ми спомнуваш врабнотување по паритски клуч пошто тоа е репресија од страна на партиите која ја трпевме и ние македонците.
Јас сум 100% сигурен дека проблемот со образованието ќе се решеш и повторно полека ќе се воспоставеше рамнотеша и застапеност на албанците како што треба.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Необразуван човек е ќелеш, без оглед од кој народ, нација или етничка група доажа.

Образованието т.е. the lack thereof е причинас и последица на сето она што не чини во едно општество или држава.

Неписмените најлесно се манипулираат.

Еден мудар човек еднаш има кажано:
1. Лесно ќе го научам оној кој знае!
2. Најлесно оној кој ништо не знае.
3 А оној кој малку, сокор ич не знае, а мисле дека се знае, тој но господ не може да го научи или убеди во нешто.

Затоа, оние кои малку знаат, а мислат дека се знаат и се учени од грешни даскали, па слепо потоа итаат во грешки, се манипулирани, особено кога ќе им се удри на егото.

Принц, обраувајте ги жените, дообразувајте се вие самите, потоа ќе видиме дали поважно ќе ви биде јадењето на масата, храната за семејството, облеклото, средениот живот или некакви знамиња?!??!!

Не гледам албанец, циган од египет, романец, турчин, македонец, германец или Тонгоанец да се буни во САД ако му е живото среден, ако владее правото, ако е законот на место, ако има доволно за еден средноимотен живот.
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Garfield напиша:
Необразуван човек е ќелеш, без оглед од кој народ, нација или етничка група доажа.

Образованието т.е. the lack thereof е причинас и последица на сето она што не чини во едно општество или држава.

Неписмените најлесно се манипулираат.

Еден мудар човек еднаш има кажано:
1. Лесно ќе го научам оној кој знае!
2. Најлесно оној кој ништо не знае.
3 А оној кој малку, сокор ич не знае, а мисле дека се знае, тој но господ не може да го научи или убеди во нешто.

Затоа, оние кои малку знаат, а мислат дека се знаат и се учени од грешни даскали, па слепо потоа итаат во грешки, се манипулирани, особено кога ќе им се удри на егото.
Гарфилдчо,
Ако ми дозволиш, само една мала поправка, во болдираниот дел бидејки си троа, само троа, јанлаш.
Најлесно се манипулира не со неписмените туку со учените!!!
Тие се оној дел на населението кое сака „напредок и промени“. Особено се лесни за манипулација доколку инсистираат на истите. Be carefull what you wish for because you just might get it.
Оваа изрека мислам дека доволно кажува, нели?
Верувај дека треба да си го испотиш г`зот да изманипулираш необразован човек, оној човек кој работи на поле или црнчи над машина заработувајки со ја својата корка леб, освен ако под изманипулираност не го сметаш само обичното лажење.

Човек може да биде мошне образован, а да не е умен!!!
Основната компонента на тоа како човекот ги донесува своите заклучоци не е образованоста туку умноста односно разумноста која ја поседува.
Би сакал тука да истакнам една реченица на Мартин Лутер Кинг која е малку позната кај нас:
Најголемо зло, најнемилосрден ѕвер на планетава е образован и интелегентен човек кој не поседува принципи (морални, разбира се).
Со ова изречено тврдам морално, материјално и кривично дека се согласуваш и ти. Дури би додал дека такви во нашето општество имаме со лопата да ги ринеш.

Тешко си на тие поединци, припадници на тој народ, кој немаат валиден морален кодекс! Особено тешко си на тие кои сметаат дека моралот не е потребен, односно живеат со испревретни морални вредности т.е. со релативен морал.

Е сега, релевантноста на кажаново со темава е во тоа што најлесно се укажува со тоа на што укажа ти, со приучените и замислените интелектуални капацитети кај нас.
Рамковниот договор што и да бил, бил. Денес тој не е ништо друго освен средство за систематска манипулација при стекнување на политички или други поволности. На него се повикуваат сите политичари во Македонија кога им одговора бидејки друго и не можат да понудат. Ова особено важи за албанските политичари.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Ги измешавте сите патки и шатки и кокошки : ги ставивте во ист кош. Е сеа дур ќе направите руска салата - ќе има смеење :pos2:
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Macedalien напиша:
Квалитетна дискусија не се води со дневно-политички магазини како извор на информациите. Ако сакате да дискутирате, најпрвин прочитајте го РАМКОВНИОТ ДОГОВОР а не Вест, Вечер, Дневник или не знам уште што пред да изедете било какви други трици од незнаење. :star:
:locked:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom