- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.853
Да, го споредив Борскиот рудник САМО по богатството на рудата споредено со нашиот иден рудник. Инаку Бор е проект на некогашна Југославија, од некои други времиња на во една друга држава, времиња кога се даваа кредити ‘‘и капом и шаком‘‘ и на ќоро и на сакато! Особено политички на хохштаплеро кој кокетираше меѓу западот и истокот.... тој Борскиот со целата инфраструктура како сојузен проект кошташе тешки милијарди Долари тогаш! Споредено то се многу милијарди Еура денешни!...Мислиш дека денес би биле моќни тие да вложат толку? Хипотетички: Да го почнева во денешницава Борскиот рудник Србиве, дали толку ќе вложева? Дали ќе беа моќни? Или ќе се определева за нашата што викаш Африканска опција? Го знаеш одговорот пријателе, зошто да расправаме!? ЌЕ ВЛОЖЕВА МИЛИЈАРДИ!? - ‘‘МУДА ГОЛА ке најдева!!!‘‘ - Ете тие излегоа податоците: со најголема задолженост тие биле на Балканот према големината на БДП и со празен буџет! Пензии и плати за администрацијата велат од новата им Влада, имале само за Август и Септември!?.... Што? Ние сме подобри од нив? Побогати? Со ова руинирано стопанство и буџет, со оваа состојба во економијата на ‘‘ДИП ШИТ‘‘ во која што сме!? Па и на микро, па и на макро план ако сакаш!?Како може некои што се посиромашни од нас да се развиваат, а ние неможеме затоа што сме биле сиромашни???
Прикаската со Фени и Индонезија(http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0CBC01E1C2358A4FBBD80D739C7D668C) ви кажува како е тоа можно. По 5 години кога Индонезија ќе не престигне (со развој на стопанството и БДП по глава на жител), како Кина што го направи тоа годинава, вие само чекајте „некоја мува да ви застане на устата“
Наместо да учиме од успешните, ќе се тешиме со неспособните.
Металургијата беше една од главните гранки на македонското стопанство и беше доста развиена. Македонија е земја со преку 35% невработеност(топ10 во свет), и добро количество на девизни резерви(се разбира за чување на денарот фиксен со еврото), и ниска задолженост. Сметате дека најдобрата зделка е онаа која го зголемува приливот на пари на сметка на развивање стопанство и вработување? Сметате дека најголемиот потенцијален рудник за бакар и злато на балканот, во периодот на концесијата 2017-2037, може максимум да обезбеди 500 вработувања(читај копачи)?
П.С. За Бор во Србија: http://www.serbia-business.com/serb/index.php?option=com_content&view=article&id=1183:rtb-bor-od-2014-oekuje-prihod-do-milijardu-dolara-godinje&catid=5:vesti „Spaskovski je naveo da je u kompaniji zaposleno oko 5.000 ljudi i da za sada neće biti velikog povećanja broja zaposlenih, ali će u sekundarnim djelatnostima, u nekoliko novih, manjih, fabrika za mjesec dana biti zapošleno po oko stotinak radnika.“ „Spaskovski je dodao da analize RTB govore kako će 2024, kompanija imati prihod od 2,5 milijarde dolara, pod uslovom da ne padne sadašnja cijena bakra na svjetskom tržištu.“
Во Бор се развива цела индустрија, се топи, се праработува, се отвораат фабрики, има 10 пати повеќе вработено луѓе и има приходи во милијарди, а ние ќе ја носиме рудата во Германија и толку! ЗАТОА ОВАА ЗДЕЛКА Е МНОГУ ШТЕТНА. И другпат немој да ме ебеш во здрав мозок со вакви компарации. За ваква зделка можеш да најдеш сличен пример само во Африка и некои пропаднати држави на Блискиот Исток.
Знаеш (веројатно) која е и за жал и единствена наша опција сега, но си имаш некоја причина најверојатно, која мене верувам и повеќето овдека не ги интересира која е.... ДА КАЖУВАШ КАКО ТОА ТРЕБАЛО, а секако во ваква ситуација сите нас не интересира КАКО ТОА ЕДИНСТВЕНО МОЖЕ!?
А ти пошто знаеш како треба, можеби ќе ни кажеш каде да најдеме толку пари!? Ќе повторам, сите знаеме како треба... ама за ситницава парите, ти ќе ни кажеш од каде!? Реков јас, можеби Германците ќе ни позајмат? Или Канаѓаните?
Ќе ни позајмат - Да си питав преМУДрогА, за да ни позајмат те. дадат пари!
Море мудрост мајката!?.... НАМЕСТО ДА УЧИМЕ ОД ПАМЕТНИТЕ!!! ХА-ХАХАХА ... ТАКА ТРЕБА!? Овие муабети веќе не се прават ни пред кооперација со гајба под гас и пиво во рака!.... Ќе ти дозволат тие богатите, нели? Изволте ќе ти речат. И ќе ти помогнат дури ако треба со физибилити, бескаматни кредити или неповратни средства! Смешки мислам!
Зборуваме за реалните можности особено на оваа изнапатена, па би рекол и на било која друга балканска држава. Не зборуваме за желби... нити за она што би било кога би било: Што би било да имавме 500-600 мил за рудникот и уште толку за металургија!? Да имаше баба туле... работава! Е сега кога ги немаме тие пари да ги инвестираме.... те прашувам пак: Подобро ли е да седи долу рудата? Така рече нели? Да не ја експлоатираме рудата? Подобро е да не се стартува рудникот? Да останат без работа 500-600 работника - толку семејства, стотици од логистика и транспорт, железницата која е преку к.... у загуби!?..... Ај сега за 35% те. топ тен у Свет невработени зборувај! ха-хахаха! Не одговара а?
И тоа што велиш дека Македонија некогаш била со развиена металургија е многу дискутабилно! Не би сакал да расправам за тоа!... само еден пример за успешноста: Најголемиот металуршки комбинат со близу 15,000 работници од кои половината беа превработени (вработувани по политичка линија и непотизам), постојано имаше барем 3-4,000 на боледување особено кога се садеше/береше кромидот и останатиот зарзават од околните села, од каде што потекнуваа повеќето вработени! ... истиот тој комбинат беше оддалечен од рудниците 200 километри, при што имаше огромни транспортни трошоци.... а како бонус - уште и увезуваше дел од рудата од Чиле!.... горе споменатите Срби имаат една: Јебо чар фајду родила се штета.... успешни беа мнооогу! Теорија: КСТ (веројатно многумина разбираат што се тресе у ладна.... сме биле експлоатирани од Хрватите, тие вградувале лим у прекуокеански бродови, нам не ни давале од приливот девизен, затоа не успеал проектот.... МИТОВИ И ЛЕГЕНДИ!!! Македонски синдром секогаш некој друг ни е виновен!!!..... Во суштина политичка фабрика загубар, која со децении ни го труе половина Скопје...
Дааа! работи сега истиот, во услови да имаат 4-5 пати помалку вработени... во услови кога работната сила е обезвреднета до максимум.... во услови кога во Европската унија има тенденција за затварање на истите комбинати.... во услови кога за разлика од тие споменатите кои имаат високи стандарди за заштита на околината, овде нема никаков збор за вложување во филтри и заштита на околината која ја загадуваат, да не зборувам за заштитата и правата на работникот (бидејки и тоа е дегутантно веќе).... во услови кога најверојатно имаат **дополнителна дејност** хоби некое јеби га, нешто да се работи (ама ова условно)... но извесно е дека нешто има: којзнае кој курац тамо топат, горат, работат.... кога низ поголемиот дел на Скопјево се шири така фино лепа миризба цела зима кога нема струења на воздухот (при услови на магла особено)... мирис и издувни гасови. тешки метали некои и други убавини... кои во многу што допринесоа истото тоа Скопје да има загадување како Карачи... или градот во Индија кој беше таму најзагадени во Светот.... но тоа е друга, но исто интересна тема за металургијата нели?