Иловица ќе ја позлати Македонија

Член од
15 мај 2006
Мислења
167
Поени од реакции
1
Оваа концесија воопшто не ми се допаѓа и не ми се верува како може вакво нешто да се прави!
Не ме интересираат БРОЈКИ! Со бројки лесно се манипулира народот. Ќе ви дадам поинаков пример зошто е ова МНОГУ ШТЕТНО.

Според овие извори:
http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=7497
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/makedonija-so-najgolem-zlaten-rudnik-vo-jie
а и неколку други, се вели дека РУДНИОТ КОНЦЕНТРАТ ЌЕ СЕ ИЗВЕЗУВА ВО ГЕРМАНИЈА ПРЕКУ ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА РУБИКС.

Тоа е ужасно за Македонија. МОРА ДА СЕ ДОГОВОРИ ОТВОРАЊЕ НА ТОПИЛНИЦИ И ПРОИЗВОДСТВО НА ГОТОВИ ИЛИ ПОЛУГОТОВИ ПРОИЗВОДИ.

Ретко кој во светот извезува руда! Тоа се само упропастени држави од Африка и колонизирани држави во блискиот исток. И тие што извезувале се свестуваат за нивната грешка. Пример за тоа е Индонезија:
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0CBC01E1C2358A4FBBD80D739C7D668C
Имено, од 6 мај Индонезија, од каде што „Фени“ увезува руда, ја зголеми извозната такса за 20 отсто за 14 металични суровини, меѓу кои и за примарните суровини за никел. Ова, велат добрите познавачи на оваа проблематика, претставува прв чекор кон целосна забрана за извоз на металични минерални суровини од оваа земја, што е планирано да се случи 2014 година или, пак, воведување алтренативна мерка – зголемување на извозната такса за 50 отсто. Индонезија ова го прави со цел да го забрза развојот на својата металургија преку стимулирање на компаниите од Kина, Јапонија и Јужна Kореја да градат нови топилници на нејзина територија.
Значи ФЕНИ е загрозен од политиката на Индонезиа. Индонезија е посиромашна од Македонија ... во овој момент. Со помош на вакви политики, во Македонија ќе се уништат и последните металопреработувачки капацитети.

Од земја со развиена металургија, ќе станеме прости копачи... ова е КАТАСТРОФА!
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Оваа концесија воопшто не ми се допаѓа и не ми се верува како може вакво нешто да се прави!
Не ме интересираат БРОЈКИ! Со бројки лесно се манипулира народот. Ќе ви дадам поинаков пример зошто е ова МНОГУ ШТЕТНО.

Според овие извори:
http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=7497
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/makedonija-so-najgolem-zlaten-rudnik-vo-jie
а и неколку други, се вели дека РУДНИОТ КОНЦЕНТРАТ ЌЕ СЕ ИЗВЕЗУВА ВО ГЕРМАНИЈА ПРЕКУ ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА РУБИКС.

Тоа е ужасно за Македонија. МОРА ДА СЕ ДОГОВОРИ ОТВОРАЊЕ НА ТОПИЛНИЦИ И ПРОИЗВОДСТВО НА ГОТОВИ ИЛИ ПОЛУГОТОВИ ПРОИЗВОДИ.

Ретко кој во светот извезува руда! Тоа се само упропастени држави од Африка и колонизирани држави во блискиот исток. И тие што извезувале се свестуваат за нивната грешка. Пример за тоа е Индонезија:
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0CBC01E1C2358A4FBBD80D739C7D668C

Значи ФЕНИ е загрозен од политиката на Индонезиа. Индонезија е посиромашна од Македонија ... во овој момент. Со помош на вакви политики, во Македонија ќе се уништат и последните металопреработувачки капацитети.

Од земја со развиена металургија, ќе станеме прости копачи... ова е КАТАСТРОФА!
Да треба да се отворат ТОПИЛНИЦИ И ПРОИЗВОДСТВО НА ГОТОВИ ИЛИ ПОЛУГОТОВИ ПРОИЗВОДИ. Само кој би инвестирал во тоа ?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853

Борскиот рудник од извоз на руда, на Србија и носи 300 - 400 милиони Долари... а овој нашиов иден рудник, велат Канаѓаните би требало да е најголем и најбогат во ЈИ Европа, каде што се наоѓа и споменатиот (Бор нели!?).... Даааа подобро е да извезуваме готов производ, ама тоа не се однесува само во металургијата! Јас би сакал да се наши брендови: Apple, Nike, Coca Cola.... ама не се! Е сега кога и немаме дури и некој и многу помал од нив добро е и ресурси и руда да имаме за извоз... Не гледам зошто тоа би било и малку штетно, а не и МНОГУ ШТЕТНО како што велиш!? На сиромашен чоек и мува во уста да му влезе ќар е... месо ќе лапне! Така и нас ете природата ни дарила богато наоѓалиште со руда, а ние сега ШТЕТНО Е! Што тоа е штетно пријателче?.... Добро ај да не го експлоатираме... нека си пропаѓа така, ако е штетно! Нека остане долу рудата, Македонија без 300-400 милиони Долари девизен прилив, нека останат 500тина рудари без работа, сходно на таа логика дај и нефлаширано вино да не извезуваме, зеленчук овошје и тн.... Камо среќа да најдиме ние уште 2-3-4 вака богати наоѓалишта... па нека бидат штетни! И арапине знаеме не се моќни сами да ја црпат нафтата... па им је црпат Французи на Либија Египет до скоро и на Ирак и Американците на останатиот арапски свет, голем дел од Јужна Америка и тн... при што им земаат добри 40%.... ама и така дури, ‘‘максимално експлоатирани‘‘ овие во чаршафи облечени се со најбогати национални доходи во Светот!
Рудава не е со толкаво богатство како нафтата знаеме, но секако каков таков девизен прилив ќе ни донеси! Вработувања (500 фамилии ќе имаат да јадат!) потоа логистика и транспорт ќе заживеат, железницата исто така..... Знаеме ние како треба... ама како што вели Network, кој ќе инвестира во развој на металургијата кај нас и зошто? Германската компанија Рубикс можеби? ;)
Желбите се едно, а можностите и за жал судбината на сиромашните друго!
 
Како може некои што се посиромашни од нас да се развиваат, а ние неможеме затоа што сме биле сиромашни???
Прикаската со Фени и Индонезија(http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0CBC01E1C2358A4FBBD80D739C7D668C) ви кажува како е тоа можно. По 5 години кога Индонезија ќе не престигне (со развој на стопанството и БДП по глава на жител), како Кина што го направи тоа годинава, вие само чекајте „некоја мува да ви застане на устата“
Наместо да учиме од успешните, ќе се тешиме со неспособните.

Металургијата беше една од главните гранки на македонското стопанство и беше доста развиена. Македонија е земја со преку 35% невработеност(топ10 во свет), и добро количество на девизни резерви(се разбира за чување на денарот фиксен со еврото), и ниска задолженост. Сметате дека најдобрата зделка е онаа која го зголемува приливот на пари на сметка на развивање стопанство и вработување? Сметате дека најголемиот потенцијален рудник за бакар и злато на балканот, во периодот на концесијата 2017-2037, може максимум да обезбеди 500 вработувања(читај копачи)?

П.С. За Бор во Србија: http://www.serbia-business.com/serb/index.php?option=com_content&view=article&id=1183:rtb-bor-od-2014-oekuje-prihod-do-milijardu-dolara-godinje&catid=5:vesti „Spaskovski je naveo da je u kompaniji zaposleno oko 5.000 ljudi i da za sada neće biti velikog povećanja broja zaposlenih, ali će u sekundarnim djelatnostima, u nekoliko novih, manjih, fabrika za mjesec dana biti zapošleno po oko stotinak radnika.“ „Spaskovski je dodao da analize RTB govore kako će 2024, kompanija imati prihod od 2,5 milijarde dolara, pod uslovom da ne padne sadašnja cijena bakra na svjetskom tržištu.“
Во Бор се развива цела индустрија, се топи, се праработува, се отвораат фабрики, има 10 пати повеќе вработено луѓе и има приходи во милијарди, а ние ќе ја носиме рудата во Германија и толку! ЗАТОА ОВАА ЗДЕЛКА Е МНОГУ ШТЕТНА. И другпат немој да ме ебеш во здрав мозок со вакви компарации. За ваква зделка можеш да најдеш сличен пример само во Африка и некои пропаднати држави на Блискиот Исток.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Нека со отвори рудникот, потоа може на некој ќе му текне дека е поевтино тука да ја преработува. Тоа штетна, не е ни време ни место, ние сме со Африкански стандард за жал и 35% невработеност. А за да се промени структурата на нашата индустија за тоа треба многу време, генерации да се сменат. Не сега ќе бираме инвеститори, божем има наплив на инвеститори па ќе ги бираме.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Makedonija ne e planirana da bide bogata drzava--got it ?
Ako bila planirana,mn lesno ke bese da prkne ekonomijata i se.Eve ubav primer,so rudnikov,ogromen kapacitet na ruda,najvise zlato.120 130 toni zlato,toa moze da bide BUM za Makedonija,ali ete go dale pod koncesija demek-sto dobivame nie od taa koncesija?200 300 lugje so ke rabotat za mocka pari?Treba drzavata da profitira
 
Никој преку ноќ не се збогатил. И си се прашал колку земја треба да се ископа и да се преработи за да се дојде до тоа злато. Да имаше така злато, сега сите со копачи ќе отидоа нешто да ископаат, но тој филм само во Аљаска. Значи има многу трошоци да се дојде до тоа злато, а злато вадеше и Бучим (покрај бакар), па долго време стоеше затворен иако имаше се и машини и рудари, само никој не сакаше да дојде долго време. За среќа се најдоа тие Русите и го рестартираа.
 
Трошоци има,треба време,треба пари сето тоа претпоставувам..ама немој да ми кажеш дека не можат да се најдат пари па макар и 700 милиони за да се отпочне тој проект,не заебавај кај живееш ти?
Скопје 2014 колку кошта?
 
F

FARANG

Гостин
Super vrakanje vo socijalizmot oti tamu ni bese fino. Zaboravete bre toa veke ednas. Ako nemame nie sposbna kompanija ide na stranci toa e toa

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Трошоци има,треба време,треба пари сето тоа претпоставувам..ама немој да ми кажеш дека не можат да се најдат пари па макар и 700 милиони за да се отпочне тој проект,не заебавај кај живееш ти?
Скопје 2014 колку кошта?
Не фала, после само со партиска книшка да се станува рудар. Да работи со загуби и некој „паметен“ директор да собере неколку тони злати и кидне во Бугарија.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Super vrakanje vo socijalizmot oti tamu ni bese fino. Zaboravete bre toa veke ednas. Ako nemame nie sposbna kompanija ide na stranci toa e toa
Тоо цар! А истово злато ако го најдеа во некоја поразвиена држава да речеме Германија,мислиш ли дека ќе потпишеа тендери,Австријци да го работат пример??..не,туку ке инвестираат и они ќе го работат.
Не фала, после само со партиска книшка да се станува рудар. Да работи со загуби и некој „паметен“ директор да собере неколку тони злати и кидне во Бугарија.
Слободно рокни се..одма
Па ако се почне цел тој проект,сигурно ќе се размисли и ќе се испланираат работите.СЕКАКО ДРЖАВАТА Е ВО ДОБИВКА !!.не може кој сака да се стави директор.Битно е во државата ќе оди златото и може нешто да се направи,а вака,некој ако го земе под концесија кај оди не разбрав ?

на оваа безработица и жимикуровица,ти ми зборуваш за тоа дека ќе требало партиски книшки да се вадат,за да работеле во рудник луѓето?Епа вака јас да ти кажам.Има луѓе.што за копање камења треба да имаат партиска книшка и дури ни така не ги примаат,а не па за овоа затоа не шлапај глупости.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Тоо цар! А истово злато ако го најдеа во некоја поразвиена држава да речеме Германија,мислиш ли дека ќе потпишеа тендери,Австријци да го работат пример??..не,туку ке инвестираат и они ќе го работат.

Слободно рокни се..одма
Па ако се почне цел тој проект,сигурно ќе се размисли и ќе се испланираат работите.СЕКАКО ДРЖАВАТА Е ВО ДОБИВКА !!.не може кој сака да се стави директор.Битно е во државата ќе оди златото и може нешто да се направи,а вака,некој ако го земе под концесија кај оди не разбрав ?

на оваа безработица и жимикуровица,ти ми зборуваш за тоа дека ќе требало партиски книшки да се вадат,за да работеле во рудник луѓето?Епа вака јас да ти кажам.Има луѓе.што за копање камења треба да имаат партиска книшка и дури ни така не ги примаат,а не па за овоа затоа не шлапај глупости.
Да ако беше така зошто Бучим се затвори и скоро целото злато од него исчезна ?

Патем во Америка најголем дел од тендерите за ископување руди ги добиваат канаѓани.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Да ако беше така зошто Бучим се затвори и скоро целото злато од него исчезна ?

Патем во Америка најголем дел од тендерите за ископување руди ги добиваат канаѓани.
Види,не знам за Бучим само едно знам.Дека -ако Иловица лежи на 120 тони злато и др благородни метали,ДУРИ и пола да се искраде,државата пак е во ќар.Тоа зборувам
тоа е огромна количина
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Види,не знам за Бучим само едно знам.Дека -ако Иловица лежи на 120 тони злато и др благородни метали,ДУРИ и пола да се искраде,државата пак е во ќар.Тоа зборувам
тоа е огромна количина
Државата ќе искраде СЕ апсолутно СЕ.Повеќе сакам некој од Канада да ги собере парите кој инвестирал во компанија,техника и вработени одколку нашиве лопови со ДРЖАВНИ ПАРИ да оформат компанија а после да крадат како луди.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Државата ќе искраде СЕ апсолутно СЕ.Повеќе сакам некој од Канада да ги собере парите кој инвестирал во компанија,техника и вработени одколку нашиве лопови со ДРЖАВНИ ПАРИ да оформат компанија а после да крадат како луди.
Ете така..се сложувам.Така било и ќе биде тука.
Тоа ми беше и поентата.Само еве овие моментално што се,гледам мн принципиелно работат,дисциплина ова она,фискализација,средување урбанизирани места..па еве им шанса да направат нешто и веќе оваа држава бар колку толку да тргне (ако е возможно)
Ајмо-чесни vs апаши :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom