Илинденски прослави на македонските иселеници

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Прослава на ИЛИНДЕН 2005 во Канада

Организацијата “Обединети Македонци“ ги поканува сите Македонци во Канада заеднички да го прослават “Илинден 2005“. Оваа година организаторите обезбедија богата програма која што уште во сабота, на 30 јули во 10:00 часот предвидува одржување на Заупокоена Света Литургија во МПЦ “Св. Климент Охридски“, во чест на паднатите борци за слободата на Македонија и Канада, а на нивниот споменик ќе се положат венци истиот ден во 12:00 часот.
Централната прослава е предвидена за во недела, на 31 јули, кога на Илинденскиот Парк (Highway 12 and Scugog Line 12) ќе се одржи традиционалниот “Илинденски Пикник“.
Најпрво, во 11;00 часот, пред Македонскиот православен манастир “Св. Илија“ (што се наоѓа во самиот парк) ќе се одржи редовна неделна Света Богослужба, а свечената Илинденска програма ќе започне во 15:00 часот со свирење на химните на Канада и Македонија. Потоа следува Помен за паднатите борци за слободата на Македонија и Канада, па поздравните говори на почесните гости, како и поздравниот говор на претседателот на организацијата “Обединети Македонци“.
Посебен интерес се очекува да предизвика изборот на убавица “Обединети Македонци за Северна Америка“, а за време на целиот ден посетителите ќе бидат забавувани со прекрасни македонски песни и ора, во изведба на оркестарот “Изгрев“.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Фино си се дружите бе вие таму, гледам јас. Секоја недела пикници, "барбекју"....
Честит Илинден на сите Македонци каде и да се! :)
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Ќе направам некои фотки за да ви ја претставам малку подобро атмосферата!:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom