Н
нихилист
Гостин
Малку контроверзна тема, овде ќе дискутираме за криминалот како начин на живот.
Краток вовед, илегализмот произлегува од индвидуалистичкиот анархизам и во најголем дел го зема Штирнеровиот егоизам како филозофијата по која се води. Колку да разграничиме, разликата помеѓу илегализмот и експропријативниот анархизам е што вториов се служи со дејствија (според државата криминални) за да финансира револуции и други анархистички активности, значи има свои идеали, додека илегализмот го зема криминалот како начин на живот зошто смета дека алтернативата е да се биде послушен робот како сите други, значи разликата е овде се работи само за чист опортунизам, никакви идеали или цели освен остварување на својата волја, пример земање на правдата во свои раце, брз пат до финански успех и моќ етц етц.
Нешто што го прават криминалците денес, но зошто се работи најчесто за усијани глави кои гледаат многу филмови а не зошто се занимаваат со нихилистички и анархистички филозофии и размислуваат за бесмисленоста на животот.
Ако сме реални, овој опресивен систем (кој треба да ни нуди слобода) нема да оди никаде уште долго време, па прашањето е дали ваквиот начин на живот е единствениот начин на кој може да се оствари ултимативна слобода при овој сегашен систем од кој нема бегање? Кога алтернативата е полоша за повеќето. Одење на училиште, образување, работење за просечна плата, возење со автобус накај работа зошто со таа плата не може да се дозволи ни евтина кола, ист живот делат најголемиот дел од луѓето. Но не се работи само за тој финансиски аспект туку и трошење на своите животи служејќи им на други. Што би рекле, послушни и совесни граѓани. Или робови?
Според ова гледиште, една индивидуа единствено може да биде слободна во овој систем ако живее на начин кој државата го смета за незаконски. Според тоа, илегализмот подразбира неплаќање даноци, непочитување на закони чија цел е репресија на индивидуата и раководење стриктно по своја волја, дури и одење до екстреми и извршување на убиства за своја корист. Но да напоменам, не би сакал дискусијата да се врти само околу моралната (не)оправданост на ова гледиште, моралот е ништо повеќе од конструкт на умот па зошто една личност би морала да се води по веќе постоечки морали, зошто воопшто да биде морална...
Јас лично се сметам себеси за морален и добар, и немам некое оформено мислење (ни позитивно ни негативно) кон оваа филозофија. Би сакал пред се да ги слушнам мислењата на Ставрогин, Разиел, нихилиста, Тоукатер итн. Не ги дискриминирам и другите, нормално, ова е јавен форум и секој има право на свое мислење. Ќе молам само без тролања, лични обвинувања и заебанции... Задржете се на темата.