Уривање на 11 најголеми митови за Газа, Хамас и воените злосторствa
САД (Хафингтон пост) - Мора да се оддаде признание на израелските спин доктори како што е Марк Регев.
Тоа се мајстори за односи со јавноста. Всушност, како што Патрик Кобурн за викендот во Индепендент покажа дека правилникот кој го користат е професионална, добро истражена студија за тоа како да се влијае на медиумите и јавното мислење во Америка и Европа.
Да нема забуни: јас не сум љубител на Хамас, брутална антисемитска група која Амнести Интернешенал и други НВО ги обвинија за кршење на човековите права на жителите на Газа и воените злосторства над жителите на Израел. Гранатирањето на цивилни области не е оправдано според меѓународното право, иако се врши во рамки на легитимна борба против странска воена окупација. Меѓутоа, последните денови водам расправа со поддржувачите на најновиот напад на Израел на Газа преку радио и Твитер, и вџашен сум не само од количината на неосновани тврдења кои овие луѓе ги повторуваат, туку и од нивната самодоверба, итрина и дисциплинираност. Според произраелската про-ИДФ група, Хамас е виновен за се. Секако, тоа е целосна бесмислица. Да го цитирам американскиот сенатор Даниел Патрик Мојнихен: - Секој има право на сопствено мислење, но никој нема право на сопствени факти.
Значи, според него, еве со факти побивање на 11 главни митови, полувистини и тези кои упорно ги повторуваат разни израелски портпароли, како во етерот така и на социјалните медиуми:
1. Израел не го окупира појасот Газа
Бостон Глоуб: - Израелската тампон зона... сега зазема околу 14 отсто од вкупната површина на Газа и најмалку 48 отсто од вкупното обработливо земјиште.
Притоа, морската тампон зона зазема 85 отсто поморска област ветена на Палестинците со Договорот од Осло, сведувајќи 20 наутички милји на 3.
Хјуман Рајтс Воч: - Израел покрај тоа, секогаш го контролира пописот на населението на Појасот Газа, со години откако од таму ги повлече своите копнени сили и колонистите.
Б. Т. Селем 2013: - Израел се уште држи ексклузивна контрола над воздушниот простор и територијалните води на Газа, што трае од окупацијата на појасот Газа од 1967 година.
2. Израел сака примирје, но Хамас не сака
Ал Џезира: - Машал рече дека Хамас сака агресијата да престане утре, денес, или дури овој момент. Но, (Израел мора) да подигне блокада со гаранции, а не како ветувањето за идни преговори. Тој додадел дека нема да затвориме врата за некое хуманитарно примирје следено со сериозна програма за помош.
Јерусалем Пост: - По еден ден откако пропадна примирјето со посредство на Египет, кое Израел го прифати но Хамас го одби, оваа терористичка организација предложи 10 годишен прекин на огнот во замена за израелско исполнување на условите, извести Ченел 2 во средата. Условите на Хамас се пуштање на повторно уапсените Палестинци, кои се ослободени во рамки на договорот со Шалит, отворање на граничните премини меѓу Газа и Израел за проток на луѓе и стока и меѓународен мониторинг над пристаништето во Газа, наместо денешните израелски блокади.
Би-Би-Си: - Израелскот кабинет за безбедност го отфрли предлогот за еднонеделно примирје во Газа кое го изнесе американскиот државен секретар Џон Кери во оваа форма.
3. Израел, за разлика од Хамас не пука на цивили
Гардијан: - На тоа место втора (израелска граната) падна на плажата, а нишанот очигледно беше подесен на преживеаните кои почнаа да бегаат. Кога гранатата експлодираше, новинарите кои стоеја покрај ѕидот на терасата викнаа: - Тоа се само деца.
Високата комесарка на ОН за човекови права Нави Пилај: - Некои инциденти, со голем број на цивилни жртви, ги негираат тезите на Израел дека се преземени сите неопходни мерки за заштита на животите на цивилите.
Мисијата на ОН за утврдување на фактите за судирот во Газа, 2009 година: - Тактиката која ја употребуваат израелските вооружени сили во офанзивата на Газа е во согласност со поранешната пракса, последен пат видена во текот на војната во Либан во 2006 година. Тогаш се појави концепт познат како доктрина на Дахи, кој опфаќа примена на прекумерна сила и предизвикување на голема штета и уништување на цивилен имот и инфраструктура и страдања на цивилно население. Со преглед на фактите на терен Мисијата заклучува дека... според се судејќи токму тоа се применува во пракса.
4. Само Хамас е виновен за воените злосторства, не Израел
Хјуман Рајтс Воч: - Израелските сили можеби свесно или непромислено напаѓаа луѓе кои очигледно беа цивили, како некои деца и цивилни структури, вклучувајќи и една болница, што е кршење на правата на војување кои наговестуваат воени злосторства.
Амнести Интернешенал: - Свесниот напад на цивилна куќа е воен злостор, а огромните размери на уништување на цивилни куќи во некои случаи со цели семејства во нив, укажуваат на вознемирувачка форма на редовно кршење на правилата на војување.
5. Хамас користи цивили од Газа како живи штитови
Џереми Бовен, уредник на Би-Би-Си за Блискиот Исток: - Во текот на мојот седум дневен престој во Газа не видов никакви докази за обвиненијата од Израел дека Хамас ги користи Палестинците како живи штитови: - Гардијан: - Во текот на минатата недела, репортер на Гардијан забележал голем број на луѓе како бегаат од разни населби... не видел ниту еден доказ дека Хамас ги присилува да останат таму.
Индипендент: - Некои жители на Газа признаваат дека се плашат да го критикуваат Хамас, но никој не рече дека оваа организација ги присилува да останат на опасни места и присилно да станат живи штитови.
Ројтерс, 2013: - ОН за човекови права ги обвини израелските сили во вторникот за малтретирање на палестински деца, вклучувајќи и мачење на притворените и нивно користење како живи штитови.
6. Сегашниот судир во Газа почна со гранатирањето на Хамас на 30 јуни 2014 година
Times of Israel: - Оперативците на Хамас стојат зад големите салви на гранати кои го погодија Израел во понеделникот наутро, што е прв пат по неколку години оваа исламистичка група директно да ја предизвика еврејската држава, како што тврдат израелските генерали на израелската војска. Претставниците на силите за безбедност, кои зборуваа под услов да останат анонимни, оценуваат дека Хамас не испалил гранати на Израел од операцијата Столб на одбраната, во ноември 2012 година.
The Nation: - За 10 дена од операцијата Чувар на својот брат, на Западниот брег, пред почетокот на судирот во Газа, Израел уапси околу 800 Палестинци без обвинение или пресуда, уби 10 цивили и претресе 1.300 станбени, деловни и јавни згради. Воената операција на Израел беше насочена против припадниците на Хамас ослободени при размена на затвореници за Гилад Шалит во 2011 година.
7. Хамас никогаш не престана да испалува ракети на Израел
Jewish Daily Forward: - Хамас не испалил ниту еден проектил од (судирот во Газа 2012) и главно го прекинуваше огнот на другите помали џихадистички групи. Бројот на гранатите, во просек 240 месечно во 2007 година, падна на 5 месечно во 2013 година.
Меѓународната кризна група: - Помалку гранати се испалени од Газа во 2013 година, од која било друга година од 2001 година, а речиси сите гранати кои се испалени во примирјето во ноември 2012 до денешната криза се дело на други групик, а не на Хамас; израелскиот безбедносен естаблишмент ги потврди наводите за агреасивната борба против гранатирањето на новата полициска служба која Хамас ја основа специјално за таа намена. Како што Израел и Египет се откажуваа од делови на договорот од 2012 година, од кои некои во најдобар случај се спроведуваа спорадично, така и Хамас ја попушташе својата контрола на гранатирањето.
8. Хамас го испровоцира Израел со киднапирање и убиство на тројца израелски тинејџери
Jewish Daily Forward: - Израелската влада практично од самиот почеток знаеше дека децата се мртви. Одржуваше привид дека се надева дека ќе ги најде живи како изговор за разбивање на операциите на Хамас на Западниот брег. Тоа не беше единствена лага. Од почетокот беше јасно дека киднаперите не делувале по налог на раководството на Хамас од Газа или Дамаск. Хебронскиот огранок на Хамас, кој е мафијашка а не тајна организација, има долга историја на делување без знаење на раководството, понекогаш и против нивните интереси.
Дописник на Би-Би-Си Џон Донисон: - Израелскиот полицаец Мики Ронсфелд ми вели дека луѓето кои ги убија тројцата израелски тинејџери дефинитивно се посебна организација, поврзана со Хамас не под негова контрола. Ова не се вклопува во приказната на владата на Нетанјаху.
9. Хамасовото владеење, а не израелската блокада, е виновно за хуманитарната криза во Појасот Газа
Допис на американскиот Стејт департмент: - Израелските политичари во повеќе наврати потврдија на амбасадорите дека имаат намера да ја држат економијата на Газа на најниско можно ниво, кое би избегнало хуманитарна криза.. израелските лидери потврдија... во повеќе наврати дека имаат намера економијата во Газа да ја држат на раб на колапс, а да не ја бутнат преку тој раб.
Гардијан: - Израелската војска направи прецизен план за дневен внес на калории со кој би се избегнал глад во текот на блокадата на палестинската територија од 2007 до средина на 2010 година, според документите кои во средата ги објави министерството за одбрана по судски налог.. Израелската заговарачка група Гиша... водеше долга судска битка за објавување на овој документ. Нејзините припадници велат дека Израел ги пресмета калориските потреби на населението на Газа за да ја ограничи количината на изгубената храна.
10. Израелската влада, за разлика од Хамас, сака дводржавно решение
Times of Israel: - Нетанјаху исклучиво стави до знаење дека никогаш нема да толерира целосно суверена палестинска држава на Западниот брег. Во текот на овој судир тоа и го прецизираше. – Мислам дека израелскиот народ сега го разбира тоа што од секогаш го зборував: дека не смее да постои состојба, според било кој договор, во која се откажуваме од безбедносната контрола на територијата западно од реката Јордан.
11. Сите сериозни аналитичари се согласуваат дека Хамас, а не Израел, го почна овој денешен судир
Нејтан Трол, поранешен блискуисточен аналитичар од Меѓународната кризна група, во Њујорк Тајмс: - Моменталната ескалација во Газа е директен резултат на одлуката на Израел и Западот да попречат при спроведување на договорот за палестинското примирје од април 2014 година. Хенри Сигман поранешен национален директор на Американскиот еврејски конгрес, за Политика: - Израелскиот напад на Газа... не ги предизвикаа гранатите на Хамас, туку решеноста ан Израел да ја сруши палестинската влада на национално единство, основана во почетокот на јуни, иако оваа влада се обврза дека ќе ги почитува сите услови кои ги наметна меѓународната заедница во замена за признавање на нејзиниот легитимитет.