Израел го менува начинот на војување

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Секогаш постојат ситуации каде под одредени околности секој офицер може да одбие наредба.Во случајов да затоа што наредба во духот на она што ти го спомна т.е чистење на Газа е крајно контрапродуктивна дури би рекол и животно загрозувачка за постоењето на Израел.
Зошто мислиш така? Зарем на хрватите не им е подобро со чиста краина и плус пострана пристап до далмација?
Зарем одлуката на Туѓман не беше позитивна, во смисол да ја направи Хрватска саглам држава?

Токму така.Израелците се крајно адаптибилни и тактички спремни меѓутоа паралелно на тоа Арапите а пред се Палестинците се најдобриот одговор на Израелските тактики.Со соодветна техника јас мислам дека многу успешно можат да се справат со нив.Веќе неколку пати ја спомнав 2006.Таму можевте да видите одприлика како би се снашол Израел вон својата територија против модерно вооружување.
Израел не употреби се кое го има на располагање. Водеше најконвенционална можна војна. Дури и не ракетираше.

Каква на пример?Вирус во софтверот на електрониката во авионите?Евреј или Американец прави се за пари.За пример добар дел од модерното во Иранската ПВО е снабдено токму од Израел.Дури и Ф-14 Томкет кој единствено освен САД го поседуваше само Иран ден денес лета благодарение на Израелски тајни канали.Не сето оружје кое го добиваат Арапите си е на место,затоа што верувај никому не одговара и Израел да премине во нешто повеќе од што треба да биде.
Навистина не знам. Но не ми се верува дека САД туку така и на СА и а Пакистан ќе им дадат таква технологија. Или имаат нешто драстично подобро или како велиш, се за пари.

Па токму тоа ми е поентата.ДА е таа територија потполно опколена и темелно разгледана и проучена тогаш нема ни да има потреба да се срамнува со земја или чисти.Напротив колку и да е опколена оружје секогаш стигнува.Колку и да е проучена никогаш не знаат каде се наоѓа јадрото на непријателот и да го уништат,колку и да е стратешки проучена никогаш ниту една операција не завршила со 100 % успех.Народ не можеш да победиш.
Како и да е, ти стигнува наредба, имаш 2 недели фора се офд таму да истераш. 2-3 милиони луѓе.
Што би направил? Кој би направил?

Муабетот ми беше за пробојот на Шарон кој многумина го гледаат како да израел можел да го заземе Египет што е апсолутно не точно.Тој пробој само го спаси Израел во таа војна но ништо повеќе од тоа.Муабетот заслужува цела една тема.
Нормално дека не може. Популационо има диспаритет како прво. За друго да не правиме муабет.

И јас сум за,но само ако се обезбеди модератор кој ке внимава и делумно ке биде заппознаен со таа проблематика оти овакви теми често завршуваат во неповрат.На пример може ете форумот авијација да се пренамени во воен форум но пак ке речам никако како сега без модератор.Радо би помогнал околу содржините.Слободно почни иницијатива јас ќе поддржам.
Јас го предложив потфорумот и те предложив и тебе за модератор едно 3 пати. Исто и Мисирков и Апокалипто беа за такво нешто.
Ама нема одговор.
 
S

smart ass

Гостин
Израел има искуство....пред 5 години летаа мини UAV и ракетираа терористи...

Денес се маунтираат митралези и сл...

Ги бива IDF за ова...прво место се-еве германија купува нивни УАВ...ма и низа др земји..

Исто имаат и UAV самоубијци:toe:

Јас го предложив потфорумот и те предложив и тебе за модератор едно 3 пати. Исто и Мисирков и Апокалипто беа за такво нешто.
Ама нема одговор.

И јас сакам таква тема-намерно пишав во образование дефендологија-мислејќи дека ќе отидеме кон добар правец....ама џабе...

Едноставно во подфорумот историја се дискутираат тие работи...:toe:

А јас планирам една тема со таква тематика...да ја досредам па верувам ќе најде место-наскоро....но не во авијација.

А за модератор-не е мое да бирам нит да предложувам.

П.С мислам и воне...еднаш даде таков предлог..

Може онака јас како го разбирам, да биде тенк на далечинско.
Си возиш ко во медал оф онор игрицата и тепаш кој ќе ти излезе од страна.
Такви се и беспилотните летала.
Си леташ и си пукаш ако видиш некоја мета.
Мада имаше и обиди самата машина да процени што треба да нападне.
Тука се зезнаа.

еве еден специфичен.....а другите кажав какви се.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Зошто мислиш така? Зарем на хрватите не им е подобро со чиста краина и плус пострана пристап до далмација?
Зарем одлуката на Туѓман не беше позитивна, во смисол да ја направи Хрватска саглам држава?
Краина не е чиста.Точно поголемиот дел од Србите таму се протерани но не знам колку си запознат ама има многу Срби кои се бореа во редовите на Хрватската војска(вториот човек на Вуковар Млади Јастреб ако не се лажам беше Србин) а секако и добар дел кои останаа во Хрватска по војната.И мислам дека ова е малку поразлично од случајот во Газа каде Израел е оној кој е на туѓа територија додека оваму Хрватска војуваше на своја.Пореална споредба би биле Друзе арапите во Израел.
А инаку што се однесува до контрапродуктивноста на такво нешто без да навлегувам детално но само на кратко единствено решение е она на кое работеше Јицак Рабин.Тој како роден Израелец и човек кој помина се од почетоците во Палмах,војните со Арапите па до акцијата во Ентебе и најубаво знаеше каде лежи одговорот и најдоброто за Израел.

Израел не употреби се кое го има на располагање. Водеше најконвенционална можна војна. Дури и не ракетираше.
Не,тука не си во право.Израел се истури со сите можни средства кои ги имаше на располагање.Мораш да имаш предвид дека Израел е во многу подруга ситуација кога мора да војува на туѓ терен.На свој терен е непобедллив.
Навистина не знам. Но не ми се верува дека САД туку така и на СА и а Пакистан ќе им дадат таква технологија. Или имаат нешто драстично подобро или како велиш, се за пари.
Верувај еве да речеме она што го има СА е најмодерното кое постои на пазарот од западна техника настрана фактот што безмислосно набавуваат и најмодерна источна техника.А во Египет е дури и полошо затоа што Египет си произведува таква техника лиценцно.Затоа реков денеска не би рекол дека Израел би си поминал така лесно.Не би ставил пари ни дека ке биде поразен но дека ке настрада ке настрада.
Како и да е, ти стигнува наредба, имаш 2 недели фора се офд таму да истераш. 2-3 милиони луѓе.
Што би направил? Кој би направил?
Би одбил наредба и би ја фрлил униформата.Никој не би водел луѓе во таква самоубиствена мисија.Ама за да не ти останам должен оти гледам сакаш информации ке пробам да ти доловам отприлика што може да се очекува при таква акција.

а)Како прво ке бара ангажман на целокупните ресурси на Изреалската држава кое како последица ке повлече:
-Оставање на Израел небранет т.е самата акција би била коцка односно очекување и надевање дека никој нема да се вмеша
-Огромен трошок за покренување на таква масовна операција која бара во најмала рака 300-500 000 војници и најмалку 3000 тенкови оклопни возила и возила што во пари и нафта е доволно за да ја загрози економијата оти при оваква акција верувам дека цел свет ке го стави Израел под санкции
-Неприсуството на силите ангажирани во и околу оваквата акција ке повлече бран на насилства низ државата кој верувам ке ја ослабат до точка на вриење
б)Дејствата ке се одвиваат во средина која во денешни услови и за сите денешни армии е најлошата можна за борбени дејствиа.Или одпрлика ќе спомнам нешто
-соочени со оваква акција може да се очекува очаен отпор или во превод секој Палестинец ке биде вооружен кој со бомба кој со експлозив
-Самоубиствени напади кои верувам ке донесат непоправлива штета за војската
-Секоја зграда или објект ке биде миниран,затруен,уништен
-Противоклопни средства,мини на секој чекор најмалку 30 -40 % загуби во возила
-Самоубиствени напади снајпери и други разни начини на борба 20-30 % исфрлени од строј во најдобар случај
в)Политички целиот свет против Израел или
-Санкции и ембарго т.е Израел оставен сам на себе
-недостаток на нафта и деривати веројатно уште во првата недела.Тоа значи крај за оклопот и авијацијата нешто без што Израелската војска не може да функционира
-Внатрешен крах на државата на неколку полиња или во превод ранливост на напад од било кој

И да не должам за ова може да се пишува до утре.На кратко ако сум Израелски генерал не би можел да си пресудам на сопствената држава.Затоа и реков ке ја фрлам униформата.

Пс имај во предвид дека бомбардирање и претварање во рушевини ке биде крајно непродуктивно бидејќи ќе оневозможи мобилност истовремено перфектна почва за урбан отпор.

Јас го предложив потфорумот и те предложив и тебе за модератор едно 3 пати. Исто и Мисирков и Апокалипто беа за такво нешто.
Ама нема одговор.
За модератор нека си решат оние одговорните меѓутоа веќе реков ако постои интерес најдобро би било пренамена на форумот авијација.Ако има иницијатива тогаш да се собереме и да предложиме.Од причина што веќе си модератор организирај па да видиме.Ако проценат дека е од интерес на форумот,што може да го докажеме ако сме повеќе,нека се пренамени па за материјал и теми верувам оти ќе има.Доволно е само на овој подфорум колку се пишува.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Израел ги штити своите војници како ретко која земја на светот, а сега води во развојот на новата стратегија за роботизација на бојното поле.
TEL AVIV, Israel – Israel is developing an army of robotic fighting machines that offers a window onto the potential future of warfare. Sixty years of near-constant war, a low tolerance for enduring casualties in conflict, and its high-tech industry have long made Israel one of the world's leading innovators of military robotics.
http://online.wsj.com/article/SB126325146524725387.html?mod=WSJ_hpp_MIDDLETopStories


.

Целта им е да ги намалат жртвите и спречат киднапирање на Израелски војници при обезбедувањето на границите, кое досега е многу често и војниците кои патролираат обично се изложени на најголем ризик.

Мислам дека многу ефективни би биле и подвижни снајперски машини кои освен непробоен оклоп би можеле да бидат во спремност нон-стоп.


Досега најупотребувани беа (drone flights)Предаторите во воздухот, кои ги употребуваа Американците.
Иако загубите на терен се големи, повеќе од 1/3 беа соборени, изгубени поради временските услови или тех. проб., нивната цена од 4.5 милиони парче ги прави крајно исплатливи ако се земе во обѕир дека еден авион ловец чини околу 150 милиони.


http://www.wired.com/dangerroom/2009/02/drone-surge-pre/

Ова е фирмата која ги произведува Предаторите и останатите дронови:
http://www.ga-asi.com/

Друга работа е бизнисот во воената технологија, воено и уште поинтензивно воено иноваторство кое според мене ќе донесе конкуренција и огромен технолошки развој, посебно во комуникациските системи од кој сите ќе имаме корист.
Не е ништо ново доколку се спомне дека благодарение военото иноваторство во 20 век денеска уживаме во најголем дел од технолошките благодети.

Во однос на теоријата на Никола, ќе додадам на она што веќе го кажа Хејдрих, дека би било самоубиство за Израел да оди во тотална војна против соседните земји.

Пред се' треба да се запомни дека, покрај технолошката и воена надмоќ, ништо неможе да ги контролира и спречи целосно очајните напади на одмазда при еден таков потег од Израел.

Тогаш дури воопшто не би се колебале муслиманските фанатици во напади со хемиско оружје на цивилни цели во Израел.

Никоја држава неможе целосно во 100% да ги покрие своите граници, да создаде безбеден карантин кој ќе спречи такви напади. А жртвите на Израелска страна можат да бидат помасовни отколку жртвите од нивната воена операција.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Уште само да е толку просто војувањето.А за убивањето па и да не прајме муабет.И за тоа треба муда.
Како беа оние статиститки.....во војна само еден од 1000 испукани куршуми погодува....
.....погодува мета....но дали смртно или не тоа се други статистики.....
 
S

smart ass

Гостин
Напишано од Heidrich
Би одбил наредба и би ја фрлил униформата.Никој не би водел луѓе во таква самоубиствена мисија.Ама за да не ти останам должен оти гледам сакаш информации ке пробам да ти доловам отприлика што може да се очекува при таква акција.

а)Како прво ке бара ангажман на целокупните ресурси на Изреалската држава кое како последица ке повлече:
-Оставање на Израел небранет т.е самата акција би била коцка односно очекување и надевање дека никој нема да се вмеша
-Огромен трошок за покренување на таква масовна операција која бара во најмала рака 300-500 000 војници и најмалку 3000 тенкови оклопни возила и возила што во пари и нафта е доволно за да ја загрози економијата оти при оваква акција верувам дека цел свет ке го стави Израел под санкции
-Неприсуството на силите ангажирани во и околу оваквата акција ке повлече бран на насилства низ државата кој верувам ке ја ослабат до точка на вриење
б)Дејствата ке се одвиваат во средина која во денешни услови и за сите денешни армии е најлошата можна за борбени дејствиа.Или одпрлика ќе спомнам нешто
-соочени со оваква акција може да се очекува очаен отпор или во превод секој Палестинец ке биде вооружен кој со бомба кој со експлозив
-Самоубиствени напади кои верувам ке донесат непоправлива штета за војската
-Секоја зграда или објект ке биде миниран,затруен,уништен
-Противоклопни средства,мини на секој чекор најмалку 30 -40 % загуби во возила
-Самоубиствени напади снајпери и други разни начини на борба 20-30 % исфрлени од строј во најдобар случај
в)Политички целиот свет против Израел или
-Санкции и ембарго т.е Израел оставен сам на себе
-недостаток на нафта и деривати веројатно уште во првата недела.Тоа значи крај за оклопот и авијацијата нешто без што Израелската војска не може да функционира
-Внатрешен крах на државата на неколку полиња или во превод ранливост на напад од било кој

И да не должам за ова може да се пишува до утре.На кратко ако сум Израелски генерал не би можел да си пресудам на сопствената држава.Затоа и реков ке ја фрлам униформата.
Нормално при тие услови....секој нормален би го сторил тоа-или пак чистење палестинци-ЈОК

...Израел против Либан,Сирија,Египет(башка подароци од Иран....).

(само она ќе снема резерви и деривати е спорно+ембаргото(може САД да снабдува) а посебно трошењето на сите ресурси гориво-за една недела-па авијацијата и тенковите џабе ќе бидат..ова само спорно е Т.Е за една недела...)-имај предвид...имаат залихи,а знаеш дека Израелското ВВ за најкраток временски период ги вооружува и поолни со гориво веќе вратените авиони од акција(ова е уште од арапско израелските војни)-така е и денес...(што не значи дека израел ќе ги нападне сите соседи и ќе ги убие палестинците:wink:).


за ова
300-500 000 војници и најмалку 3000 тенкови оклопни возила и возила што во пари и нафта е доволно за да ја загрози економијата
Гарант,a загрози е благ збор-таква операција би ја поставила економијата под анестезија...лимитед економи хендикеп едишн.:toe:


Конвенционалната офанзивна способност и на тенковски единици, и на воздушните а посебно на пешадијата не е спорна-не за џабе е рангиран меѓу топ20 воени сили.

Ама не оди сам против сите бидејќи за разлика од јом кипур..и останатите судири,сега имаме поспецифична ситуација(мислам на цитатот-добро е напишано-освен онаа една недела за гориво)-иако израел има нуклеарно оружје-пак џабе-тоа е само за одвраќање Агресија и Точка.

П.С мислам египет го направи СА3(системот кој го собори "невидливиот") мобилен,односно ракетите се поставени на Т-55(нормално без купола).

Или сирија беше???:raz:
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
207
Поени од реакции
12
Кога ќе ја елиминираат Газа ќе го применат системот на Фалуџа.
Се урбано да се срамни, за да нема каде да се кријат. Нешто ко Вуковар, ама со поголема сила за да не останат зданија.
Плус и фосфорот ќе помогне ако нема покрив над глава.

Роботите ќе бидат многу полезни за извидување, или ко предаторите за испукување на некој проектил или во случајов рафали, ракувани од далечина.
Сепак нема да ја имаат мобилноста на реален човек и ќе бидат лесна мета.
Her Flick na sekoja mozna tema koli, besi, sravnuva so zemjata, razparcatuva gi drzavite, gi ubiva necistite substancii.Go zamisluvam ko nekoe zalko podobie na Hitler :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.496
Поени од реакции
21.208
Има многу теми за Израел, не бев сигурен во која да го постирам ова, па мислам дека овој наслов е најсоодветен за материјалов.

Гомна невидени се евреиве. Влегле во 2 часот по полноќ на претрес барајќи камења, а они наоружани до даска.

 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.795
Поени од реакции
7.166

Ајде да видиме дали прогнозите ќе се остварат, дека во наредни 2-3 недели, уште повеќе ќе се засилат насилствата.
Крвавата супер полна месечина (26ти мај) морало да ја испочитуваат. :duel:
 
M

Macedon1um

Гостин
Хамас нови 150+ ракети вечерва, Iron dome максимално ангажиран

Секако Израелциве возвраќаат на ударот и цели згради рушат во Газа
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.097
Поени од реакции
35.634
Го ракетирале Тел Авив. Си играат курот, утре ако им удрат carpet bombing ќе ги набркаат сите у море.
Автоматски споено мислење:

https://9gag.com/gag/azMKbYb
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.105
Поени од реакции
17.898
Израел како и секогаш ќе истепа еден куп Палестинци и ќе приграби уште повеќе територија.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.232
Поени од реакции
38.097
Израелсково ПВО е нешто најимпресивно што сум видел до сега, како им ги обара ракетиве само. Па сега кога ќе им влезат со тенкови нема да знаат главата кај им е.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom