F
fantomX
Гостин
ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДЕВИЗНОТО РАБОТЕЊЕ
За плаќање во девизи казна од 7.000 евра
Казните нема да ја намалат недовербата во денарот, а таа е највиновна зашто граѓаните плаќаат во девизи, велат експертите
Ако производите и услугите што ги добивате во продавници, ресторани, кафеани, пазари, болници, аптеки... ги платите во евра или во друга странска валута, може да бидете казнети со глоба од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност. За истото дело е предвидена и кривична казна од шест месеци до пет години затвор. Овие казни важат веќе две недели откако Собранието во почетокот на месецов ги усвои измените во Законот за девизното работење. Тие се однесуваат и на лицата што плаќаат, но и на тие што наплаќаат во друга, а не во домашната валута. Плаќање во друга валута освен официјалната, денарот, е кривично дело што претходно беше санкционирано со кривична одговорност, односно затвор. Но тоа не беше делотворно, а обемот на девизи што во платниот промет влегуваат на овој начин не се намали. Ова е еден од начините да го утврдиме реалниот износ на приватните девизни трансфери, во кои влегуваат и овие плаќања, а по својата суштина не припаѓаат таму - објаснува министерот за финансии Трајко Славески.Со оваа мерка во Министерството сакаат да го намалат паралелниот систем на девизните плаќања, кои од осамостојувањето на Македонија никако да се намалат.
Значаен дел од плаќањата во девизи во земјава се и од прометот што го прават туристите, иселениците и посетителите од соседните држави. И овие средства влегуваат во приватните девизни трансфери.Сопствениците на менувачници во Битола се задоволни од оваа законска мерка бидејќи очекуваат да им го зголеми прометот. Дај боже државата да внесе ред во овој бизнис за да запре практиката по ресторани и маркети да се плаќа во девизи. Грците што доаѓаат во градот плаќаат по бутици и по ресторани во евра. Сето тоа го намалува обемот на нашата работа - вели Венко Сидановски, сопственик на менувачница.Македонските иселеници што летово престојуваат во посета на родниот град избегнуваат да плаќаат во девизи. Пред да влеземе во кафуле или во продавница менуваме пари во менувачница бидејќи угостителите и трговците го пресметуваат еврото по 60 денари, а курсот е 61,4 денари - истакнува Милчо Домазетовски од Шведска.Странците се жалат што менувачниците лете работат до 20 часот, па не можат подоцна да разменат пари и биле принудени да плаќаат во евра или во долари.Економистите се согласуваат дека граѓаните мора да го почитуваат домашното платежно средство, но сметаат дека од плаќањето во девизи државата не трпи финансиска штета.
- Се сомневам дека казните ќе вродат со плод. Не е проблемот во висината на казните, туку во нискиот степен на доверба во домашната валута. Се сомневам дека ќе ја искорениме недовербата со казни. Потребно е јакнење на домашната економија. Довербата во денарот ја подјадуваат и континуираните јавни најави за девалвација и растечката инфлација - коментира професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Абдулменаф Беџети.Според него, граѓаните ќе штедат во странска валута се' додека не ја зголемат довербата во домашната. Плаќањата, пак, во девизи нема да се искоренат додека населението штеди во странска валута. Во Министерството за финансии објаснуваат дека новите казни предвидени во Законот за девизното работење се начин и за да ја демистифицираат содржината на приватните девизни трансфери. Иако веќе подолго време годишниот обем на приватни трансфери се зголемува, Народната банка на Македонија и Министерството за финансии не успеваат да утврдат колкав дел од нив се помош од нашите печалбари. Од рака не им оди ниту намалувањето на сумата што во Македонија влегува по неформални канали. Поради тоа, НБМ дел од парите од менувачкото работење ги објаснува како девизен прилив што доаѓа од нашите иселеници или од привремено вработените во странство. Овие средства, пак, се проценуваат на околу 40 отсто од домашниот бруто-производ, колку што е и формалната процена на Светската банка за висината на сивата економија во Македонија.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D58780EFCA48CB4A8A08E7822B959483
Ако платиш во евра - казна?