Измама и облигација

Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4257E46885ED154E86FF98AAEFD1A983

типичен напис ѕа измама.. но дали некој се запрашал, што со дузини измами, посебно во односите меѓу граѓаните и фирмите ?? ..последна беше измамата со билети за ракомет во Ниш, многумина беа измамени од туристички агенции, посебно тие што платија да работаат некаде во странство... х случаи, никој ништо не превзема.. а урбаната мафија... само случајот Фиком имаше некоја разврска, но тој е бајаги голема работа.. а стотици купувачи измамени со квалитетот а и квантитетот на станот кој го купиле не само што не успеале да добијат обештетување, туку во некој региони на државата судот ја штитеше градежната мафија и си платија и судски трошоци... но важно ситните случаји како овој се гонат, а се навестува и гонење на сивата економија, посебно трговијата на улиците... НО, ако сакаш да провериш дали работодавачот ти плаќа придонеси немој да мислиш дека лесно е... Сега има посебна церемонија во Пиом, мора лично да одиш... наместо да може на интернет да провериш, како што проверуваш Бирачки список или имотен лист, тука те чекаат многу сопки..
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
рацете да им се исушат.
имам личен хејт пошо пред доста години дедо ми беше измамен на еден сличен начин.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
рацете да им се исушат.
Тоа е проблемот, што ништо не им се суши, само ги дуплираат своите измами.
А најзамрсеното во целата оваа ситуација е што органи од полицијата соработуваат со ваквите таканаречени "фирми" поради што оштетувачите не се плашат да те измамат и да ти ги соберат парите. Граѓанинот поле ваквата ситуација нема каде да се обрати или не знае.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
проблемот е што полицијата има врзани раце ако се работи ѕа фирма, едино може да бркаат ако се работи за коли, со царината и прописи ѕа увозот.... но и тоа ке го баталат... ова другото се го отфрлаат на суд, Ни недостасува обвинителство барем како во Хрватска.. братучедми од Загреб имаше проблем со неплаќање за хонорарна работа со договор, не тужеше на адвокат ( а и нема баш пари, таму адвокатите се изгор ) , се одеше преку дорх...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9056ABC66346024D934FD837FCB87645

.. eve, za obivanje na 2 koli i kradenje sitni raboti dobil 30 dena pritvor, taka treba, a vo emisijata Kod gledavme za Maksurovina mislam bese od Momin potok, so viljuškar go zagrozil životot na sopstvenikot i go povredil na negov imot, a policijata od Karpoš mu podnela kontra prijava na sopstvenikot poradi toa sto dal lažna krivicna prijava ??? .. i site odgovorni se pravat mutavi i nedostapni ??? .. i sega što bese rabotata, mito, korupcija ili Momin potok ne e pod ingerencija na policijata od Karpoš, rabotata e istocen i zapaden bejrut ??
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Особено овие во Прилеп. Прилепскава полиција некако многу матна ми се гледа.
општо вон Скопје е катастрофа...тука се протестираше со месеци за случајот на Мартин, а во внатрешноста има многу убиства кој поминуваат така... почнувајки од далечниот случај нарачано убиство на директорот на пошта во охридско село, лежеше убиецот троа ама не се откри нарачателот, ликвидација на цела фамилија пред 10-ина години во Струмица мислам беше, само ќарката се спаси и избега во УСА, случајот неодамна е затворен во МВР со образложение немало заинтересиран ?!, убиства во Велешко гарнирани со губење документи во судот... и дузина други... а да не зборувам за атентатите на претседатели, таму може има и виша сила, надворешен фактор, ами зошто пак овие локални работи не се расчистуваат , толку се силни локалните криминалци ??
 
Во право си.
Ниеден криминалец не е толку силен само прашањето е кој е криминалец во случајот. Тоа ти е синџир на соработка, сите меѓусебно се поврзани и затоа никој од никого не се плаши, криминалец-полиција-суд и никогаш не знаеш кој со кого соработува. Ситуацијава е страшна.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=19071

еве типичен случај на двојни аршини... нема човек што не е измамен при купување стан во градба; но освен Фиком, каде имаше продавање на стан на повеќе купувачи, сите измами со квадратури, квалитет на матерјали, Доцнење поради кое купувачите морат да плаќа и Рата и Кирија, се е рангирано во Облигација, па оштетените мора да тужат... е сега тука адвокатот на оштетените спомнува дека полицијата требала да апси ??
б.т.в., тој истиот да е застапник на туристичката агенција ке лае дека се рабори за Облигација...:tapp:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
http://www.glasistre.hr/vijesti/crna_kronika/preuzeo-robu-ali-je-nije-platio-366844

eve edna tipična rabota, zemanje roba i ne plakanje...vo napisot od hrvatski medium kažuva deka e krivično prijaven od vrabotenite na policiska uprava za stopanski kriminal, a za delo izmama vo delovno rabotenje...kolku što znam, kaj nas ne samo što za ovakov slučaj nikoj ne brka po službena dolžnost, tuku koga se raboti za firmi nemože ni da se podnese krivična prijava... samo državata si gi štiti svoite interesi
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Должам извинување, па и кај нас давале кривични за Измама, еве:
ПС Прилеп поднесе кривична пријава против М.В.(41) од Прилеп, претседател на Здружение за развој и унапредување на земјоделско производство и тутунопроизводство „Тежок лист“ од Прилеп за сторено кривично дело „измама“. На 26.05.2012 година, пријавената од сопственикот на ресторанот ДООЕЛ „Јадран“ нарачала угостителски услуги (храна и пијалоци) во износ од 57.469 денари наводно за гости од Тутунско здружение од Албанија, ветувајќи му дека порачката ќе биде платена од страна на Здружението „Тежок лист“, иако знаела дека Здружението не располага со финансиски средства, а откако ја подигнала
порачката истата досега не е наплатена.

и уште еден пример меѓу физички лица:
ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Н.Н.(34) од с.Ропотово за сторено кривично дело „измама“. На 03.10.2012 година, во Прилеп пријавениот дошол во куќата на К.Ј.(57) и ја довел во заблуда дека собите на спратот од нејзината куќа ќе ги изработи со кнауф материјал, за што К.Ј. му дала 1.800 евра, како аванс за да го купи материјалот. Откако пријавениот извесен период не дошол и не се јавувал на телефон, К.Ј. го пријавила случајот во полиција.

е сега прашањето е дали Полицијата ке поднесе кривична пријава кога фирма измамува ѓраѓани... не зборувам за драстични работи како Фиком, туку секојдневни, во градежништвото, како поткраднување на квадратура на становите во време кога немаше приватни геодети, дури и со помош на нотари. Овакви случаеви има со дузини во Охрид, никој ништо не превзема, не само што купувачите се оштетени, туку кај многу по воведување на катастарска евиденција 2010 им испаѓа и дел од станот дивоградба поради нестручно и непрецизно прикажување во договорите. Дури тогаш отидоа службеници од министерство да го казнат нотарот, но дојде еден судија од локалниот суд и ги набрка, , таму не важеле законите од катастарот...
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
општо вон Скопје е катастрофа...тука се протестираше со месеци за случајот на Мартин, а во внатрешноста има многу убиства кој поминуваат така... почнувајки од далечниот случај нарачано убиство на директорот на пошта во охридско село, лежеше убиецот троа ама не се откри нарачателот, ликвидација на цела фамилија пред 10-ина години во Струмица мислам беше, само ќарката се спаси и избега во УСА, случајот неодамна е затворен во МВР со образложение немало заинтересиран ?!, убиства во Велешко гарнирани со губење документи во судот... и дузина други... а да не зборувам за атентатите на претседатели, таму може има и виша сила, надворешен фактор, ами зошто пак овие локални работи не се расчистуваат , толку се силни локалните криминалци ??
Ќе морам да те корегирам бидејќи изнесуваш еден куп погрешни информации.
Имено, не е точно дека вон Скопје е катастрофа, далеку од вистината. Основниот суд во Охрид и Апелациониот суд во Битола се едни од најангажираните судови во државава било да се работи за кривични било за граѓански дела, а тоа помеѓу другото (ако не и најмногу) се должи и на принципиелноста на охридските адвокати.
Најголемите злоупотреби се вршат токму во Скопје, а не вон Скопје.
Друго, во конкретниот случај со убиството, не се работеше за „нарачано убиство на директорот на пошта во охридско село“ туку за Директорот на поштата во Охрид. Случајот многу брзо доби судска завршница и покрај убиецот (србин, воено лице на работа во Охрид) беше осуден токму и нарачателот (турчин од Охрид).
--- надополнето: 30 ноември 2012 во 14:37 ---
Должам извинување, па и кај нас давале кривични за Измама, еве:
ПС Прилеп поднесе кривична пријава против М.В.(41) од Прилеп, претседател на Здружение за развој и унапредување на земјоделско производство и тутунопроизводство „Тежок лист“ од Прилеп за сторено кривично дело „измама“. На 26.05.2012 година, пријавената од сопственикот на ресторанот ДООЕЛ „Јадран“ нарачала угостителски услуги (храна и пијалоци) во износ од 57.469 денари наводно за гости од Тутунско здружение од Албанија, ветувајќи му дека порачката ќе биде платена од страна на Здружението „Тежок лист“, иако знаела дека Здружението не располага со финансиски средства, а откако ја подигнала
порачката истата досега не е наплатена.

и уште еден пример меѓу физички лица:
ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Н.Н.(34) од с.Ропотово за сторено кривично дело „измама“. На 03.10.2012 година, во Прилеп пријавениот дошол во куќата на К.Ј.(57) и ја довел во заблуда дека собите на спратот од нејзината куќа ќе ги изработи со кнауф материјал, за што К.Ј. му дала 1.800 евра, како аванс за да го купи материјалот. Откако пријавениот извесен период не дошол и не се јавувал на телефон, К.Ј. го пријавила случајот во полиција.

е сега прашањето е дали Полицијата ке поднесе кривична пријава кога фирма измамува ѓраѓани... не зборувам за драстични работи како Фиком, туку секојдневни, во градежништвото, како поткраднување на квадратура на становите во време кога немаше приватни геодети, дури и со помош на нотари. Овакви случаеви има со дузини во Охрид, никој ништо не превзема, не само што купувачите се оштетени, туку кај многу по воведување на катастарска евиденција 2010 им испаѓа и дел од станот дивоградба поради нестручно и непрецизно прикажување во договорите. Дури тогаш отидоа службеници од министерство да го казнат нотарот, но дојде еден судија од локалниот суд и ги набрка, , таму не важеле законите од катастарот...
Не е точно дека вакви случаи има дузини во Охрид, чиста измислица! А уште поголема глупост е дека никој ништо не преземал за тоа! Кој е тој нотар кој требело да биде казнет? Кој е пак тој судија од Охрид кој е толку моќен и ги „набркал службениците од министертсо“?
Не е полицијата надлежна да поднесува кривични пријави за такви случаи (за „поткраднување на квадратура на становите“), туку само оштетениот (доколку постои кривично дело измама) меѓутоа баш ова се тие облигациони односи кои ги споменуваш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom