Изложба на ретро автомобили CONCOURS D’ELEGANCE SOFIA

Член од
26 октомври 2009
Мислења
273
Поени од реакции
33
CONCOURS D’ELEGANCE SOFIA е изложба на ретро автомобили која се одржува веќе трета година во Софија.Секоја година оваа манифестација зема се поголем замав и во моментов е најголема од својот вид на Балканот.Посебна гордост е дека таа е поттикната и организирана од македонец...Благоја Петровски. Тој го започна ова од Македонија каде и се одржа првата изложба во хотелот Фламинго во Гевгелија(ќе пробам понатака да најдам видео од таа изложба) за следната година да се префрли во Бугарија зошто нашите тука незнаат да ценат нешто што е убаво и да го задржат како такво,па и да го усовршат.Како и да е...сега Бугарите се фалат со најголемиот конкурс за ретро автомобили на Балканот,а на нас ни останува да поминеме околу 200км и да се насладуваме на церемонии од ваков стил.

Еве видеа од трите изложби кои се одржаа до сега(вкупно се 4 со таа во македонија,али како што кажав понатаму ќе пробам да најдам видео).

CONCOURS D’ELEGANCE SOFIA 2010
http://mesto.com.mk/video/YGAKR3WW3HBW/CONCOURS-D8217ELEGANCE-SOFIA-2010

CONCOURS D’ELEGANCE SOFIA 2009
http://mesto.com.mk/video/559126e9940a1a9/CONCOURSE-Dampamp8217ELEGANCE-SOFIA-ampamp821609

CONCOURS D’ELEGANCE SOFIA 2008
http://mesto.com.mk/video/fcc4c4d3b418abf/Royal-Clasic-Club

Интрвју со Благоја Петровски на А1 Ексклузив
http://mesto.com.mk/video/0ba53c830116d1f/Exclusive-А1--CONCOURSE-D8217ELEGANCE-SOFIA
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
За жал таква е ситуацијата кај нас, и не станува збор за усовршување, туку започнување се` од почеток. На прво место како домаќини немаме капацитет да направиме ваков собир и не ни треба така да размислуваме. Дојдов до заклучок дека имаме најлош олдтајмер возен парк на Балканот. Едноставно не можиме да ги мериме нашите олдтајмери (кои рака на срце сепак ги има одлични) со возилата кои ги имаат на располагање србите, хрватите, бугарите. Кога последен пат сте виделе перфектен Мустанг од 1968-1969 да се возика низ град? Бјуици, Плимути, Олдсмобили или од европските (пример на клипот Ламбо Еспада), стара 911ка или некое Ферари од седумдесетите..... и тие што ги има се унаказени со неоригинален мотори 99% од деталите недостигаат (ако прашаш цена за продавање ќе ти се сврти во главата) Од 100 возила едвај за десетина може да се каже дека се професионално реставрирани или во фабричка состојба. Тапацирање на седиштата во портокалова кожа, фарбање со металик боја, алуминиумски бандажи 30 години понови од атомобилот не прават вистинска реставрација. Ваква појава има секаде и кај соседите, но вистински одржаните олдтајмери се далеку побројни со што сликата значително се подобрува.
Мала држава сме и сме најназад од сите. Немаме услови за реставрирање, увозот на олдтајмери не е никако регулиран (огромен минус), немаме доследни мајстори, давачките за увоз на делови ќе те одерат, не можиме ниту online да купуваме, никакви олеснувања при регистрација на класично/историско возило... со еден збор катастрофа.

--- надополнето ---

Колку за илустрација, вака изгледа олдтајмер сцената кај соседите

Хрватска, само еден од многуте собири кои се организираат преку целата година. Фотки од оваа година

http://s300.photobucket.com/albums/nn16/baho007/6 Desant Ozalj/

Затоа што дадов пример ептен егзотични возила, еве овде направете споредба со возилата кои ги има и кај нас (Ауди 80ка, Рекорди, БМВ Е21, Буба, Кадети, Голфови, Спачеци...)
http://www.oldschoolhr.com/forums/showthread.php?t=11357&page=5

Изложба на воени возила од минатата недела... Погледнете колку возила има
http://s186.photobucket.com/albums/x51/btudan/2010_05_29-8_smotra_vojnih_vozila-Turanj/

Останати собири во текот на годината
http://www.oldschoolhr.com/forums/showthread.php?t=12643
http://www.oldschoolhr.com/forums/showthread.php?t=8236
http://www.oldschoolhr.com/forums/showthread.php?t=11085&page=2

Малку од Србија
http://www.oldtajmeri.rs/phpbb3/viewtopic.php?f=29&t=2118
http://www.oldtajmeri.rs/phpbb3/viewtopic.php?f=29&t=1872&start=50


Бања Лука, меѓу поинтересните собири на Балканот
http://www.oldtajmeri.rs/phpbb3/viewtopic.php?f=29&t=379

Малку од Словенија, како и по обичај ги имаат најквалитетните примероци
http://www.oldschoolhr.com/forums/showthread.php?t=9100

За Boki racing :helou:
http://www.oldschoolhr.com/forums/showthread.php?t=9100

Ова се случувањата на кои можам моментално да се сетам и кои се поважни, а ги има уште повеќе. Нема лутење, кај нас има толку возила колку што има, немаме услови и мора да бидиме задоволни што барем еднаш во годината може да се направи собир како оној во Неготино од лани.
 
Член од
18 август 2007
Мислења
135
Поени од реакции
8
@JeepMkd Се сложувам со тебе другар.. катастрофална е ситуацијата со олдтајмерите кај нас..
Јас лично многу сакам да имам и да реставрирам некое старо возило, но условите за тоа се никакви, и нема теорија да реставрираш некоја кола... Дури ни тие што имаат олдтајмер неможат да го реставрираат баш поради тие причини што ги спомена. Сега за сега останува само да ги гледаме колите кај соседите и да копнееме по нив :|
 
Член од
26 октомври 2009
Мислења
273
Поени од реакции
33
Во право си...сите тие работи што ги наброи за кај нас ....се согласувам! Сакам да кажам дека не е дека се треба кај нас да има.На изложбава имаше околу 20 коли дојдено од Грција,Романија....дури и од Англија и Германија.
Само малку фантазија,добра организација и оптимизам...се се прави!
А луѓето тука ќе можат да уживаат во шоуто!
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Еве го,како што ветив,видеото од првиот конкурс што се одржа во Гевгелија пред хотелот Фламенго!
CONCOURSE DELEGANCE 2007
http://mesto.com.mk/video/8DAS75Y42HKW/CONCOURSE-DELEGANCE-2007
Закон... штета што бугарите ни ја превзедоа организацијата. Можевме да имаме ретро изложба која ќе прераснеше во традиција.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Закон... штета што бугарите ни ја превзедоа организацијата. Можевме да имаме ретро изложба која ќе прераснеше во традиција.
Не ни ја превзедоа организацијата,ние им ја дадовме.Ваков настан кај нас не може да прерасне во традиција,кај нас се знае,или на некој митинг од политиката или негде кај што делат ракија може да се соберат луѓе . (Така е зборот ).Иначе штета што го испокрадоа АМСМ ,да направеа изложба негде низ Македонија
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Не ни ја превзедоа организацијата,ние им ја дадовме.Ваков настан кај нас не може да прерасне во традиција,кај нас се знае,или на некој митинг од политиката или негде кај што делат ракија може да се соберат луѓе . (Така е зборот ).Иначе штета што го испокрадоа АМСМ ,да направеа изложба негде низ Македонија
Ne go ispokradoa AMSM tuku AMSM se otkaza od organizacija zosto site plukaa po niv za da trgne na podobro rabotata se formiraa posebni federacii. Ama se trgna vo pogresna nasoka pocnaa sportovite da tonat a federacijata za old tajmeri ne ni prorabotre pretcedatlot lapna paricka i ni traga ni glas od nego se obidov da go pronajdam ama neuspesno kako da propadnal vo zemja :kesa:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Топ издание (според она што се гледа на видеото).

Него, така ми се чини или годинашново рели е послабо посетено споредено со она што се одржуваше во Софија?
 
Член од
8 ноември 2009
Мислења
104
Поени од реакции
19
20 до 22 септември 2013, Skopje Concours d'Elegance :) надополнето со Конференција за Автомобилски Маркетинг :) ете го пак во Македонија настанот
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
За жал таква е ситуацијата кај нас, и не станува збор за усовршување, туку започнување се` од почеток. На прво место како домаќини немаме капацитет да направиме ваков собир и не ни треба така да размислуваме. Дојдов до заклучок дека имаме најлош олдтајмер возен парк на Балканот. Едноставно не можиме да ги мериме нашите олдтајмери (кои рака на срце сепак ги има одлични) со возилата кои ги имаат на располагање србите, хрватите, бугарите. Кога последен пат сте виделе перфектен Мустанг од 1968-1969 да се возика низ град? Бјуици, Плимути, Олдсмобили или од европските (пример на клипот Ламбо Еспада), стара 911ка или некое Ферари од седумдесетите..... и тие што ги има се унаказени со неоригинален мотори 99% од деталите недостигаат (ако прашаш цена за продавање ќе ти се сврти во главата) Од 100 возила едвај за десетина може да се каже дека се професионално реставрирани или во фабричка состојба. Тапацирање на седиштата во портокалова кожа, фарбање со металик боја, алуминиумски бандажи 30 години понови од атомобилот не прават вистинска реставрација. Ваква појава има секаде и кај соседите, но вистински одржаните олдтајмери се далеку побројни со што сликата значително се подобрува.
Мала држава сме и сме најназад од сите. Немаме услови за реставрирање, увозот на олдтајмери не е никако регулиран (огромен минус), немаме доследни мајстори, давачките за увоз на делови ќе те одерат, не можиме ниту online да купуваме, никакви олеснувања при регистрација на класично/историско возило... со еден збор катастрофа.

--- надополнето ---

Колку за илустрација, вака изгледа олдтајмер сцената кај соседите

Хрватска, само еден од многуте собири кои се организираат преку целата година. Фотки од оваа година

http://s300.photobucket.com/albums/nn16/baho007/6 Desant Ozalj/

Затоа што дадов пример ептен егзотични возила, еве овде направете споредба со возилата кои ги има и кај нас (Ауди 80ка, Рекорди, БМВ Е21, Буба, Кадети, Голфови, Спачеци...)
http://www.oldschoolhr.com/forums/showthread.php?t=11357&page=5

Изложба на воени возила од минатата недела... Погледнете колку возила има
http://s186.photobucket.com/albums/x51/btudan/2010_05_29-8_smotra_vojnih_vozila-Turanj/

Останати собири во текот на годината
http://www.oldschoolhr.com/forums/showthread.php?t=12643
http://www.oldschoolhr.com/forums/showthread.php?t=8236
http://www.oldschoolhr.com/forums/showthread.php?t=11085&page=2

Малку од Србија
http://www.oldtajmeri.rs/phpbb3/viewtopic.php?f=29&t=2118
http://www.oldtajmeri.rs/phpbb3/viewtopic.php?f=29&t=1872&start=50


Бања Лука, меѓу поинтересните собири на Балканот
http://www.oldtajmeri.rs/phpbb3/viewtopic.php?f=29&t=379

Малку од Словенија, како и по обичај ги имаат најквалитетните примероци
http://www.oldschoolhr.com/forums/showthread.php?t=9100

За Boki racing :helou:
http://www.oldschoolhr.com/forums/showthread.php?t=9100

Ова се случувањата на кои можам моментално да се сетам и кои се поважни, а ги има уште повеќе. Нема лутење, кај нас има толку возила колку што има, немаме услови и мора да бидиме задоволни што барем еднаш во годината може да се направи собир како оној во Неготино од лани.

Како прво лошо си ги дефинирал олдтајмерите во МК.Во МК не можеш да видиш ниту Плимут,Мустанг или некоја стара 911-ка.Сите ги паметат нашите олдтамери.Фико,Застава 1300,Лада,125ПЗ,па Вартбург и Трабант.Се вртеше по некој стар Опел или Форд Таунус,но сите тие завршија неславно на отпадите за старо железо,освен по некој примерок кој гние во некоја штала или гаража.
Не сме имале традиција за олдтамери,освен ентузијасти кои се мачат со резервни делови.И она што го имаме е за респект и треба да се даде поголемо внимание посебно на оние кои се веке сопственици или се потенцијални соственици....
Немам инфо дали има во МК некој клуб за олдтајмери,но еве како идеа да се формира еден таков клуб каде ке се организираат собири,разменување на искуства,резервни делови,итн,итн...
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Цитираш пост од 2009 година, и за жал, уште си стојам на моето мислење од пред 4 години. Морав да прочитам на чиј пост сум реплицирал за да ти одговорам. Некој погоре спомна како тоа Бугарите имале подобри собири од нас, а јас му одговорив зошто е тоа така.

Немам инфо дали има во МК некој клуб за олдтајмери,но еве како идеа да се формира еден таков клуб каде ке се организираат собири,разменување на искуства,резервни делови,итн,итн...
Ако си малку упатен, ќе знаеш барем 2-3 клубови (активни) од кај нас. Собир имаше минатата недела во Македонска Каменица, има собир на 08 Септември во Скопје, а на 14ти во Кавадарци. После тоа е Concours D'Elegance во Скопје. Минатата година присуствував на 3 од 4 собири сосе возило, а четвртиот го посетив без да учествувам со тајмер.



Како прво лошо си ги дефинирал олдтајмерите во МК.
Јас не ги дефинирав олдтајмерите во Македонија, за олдтајмер си има усвоено Правилници според организациите кои ги третираат и тоа важи насекаде подеднакво, без разлика во која држава се наоѓаш. Јас го пишав истото како и ти, дека кај нас се возеле народни возила и нормално дека нашите собири ќе бидат посиромашни. Комшиите секогаш имале луксузни и скапи возила, па сега најнормално е дека има што да покажат.

И тие што немаа возила, имаат регулирано со закон увоз на олдтајмери. Ние ни тоа го немаме.

А за шампионите кои исекоа одлични возила (имав таков пример во јуни кога требаше да купам Опел Рекорд во Прилеп, за инат го исекоа), или пак гнијат, немам зборови...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom