Изгореници од сонце

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Иако лицата со светол тен најбрзо горат на сонце, затоа што не се во состојба да произведат поголема количина на заштитен пигмент меланин, изгореници од сонце можат да се јават кај секој оној кој подолго време бил изложен на сончевите ултравиолетови зраци.
Прекумерното изложување на ултравиолетовите зраци А (УВА) предизвикува предвремено старење на кожата, но го зголемува и ризикот од рак на кожа. Исто така, изложувањето на ултравиолетовите зраци Б (УВБ) предизвикува изгореници. Црвенилото и болката се јавуваат после неколку часа по изложеноста на сонце и траат до недела дена. Често пати може да бидат пропратени и со болни пликови на кожата.По 4 до 7 дена од изгорувањето на сонце, кожата се смирува и почнува да се лупи. Тоа е природен начин на кој телото се ослободува од мртвите клетки, кои можат да станат канцерогени.Изгорениците може да предизвикаат и оштетувања во клетките на кожата, кои неможат да се поправат.

Понекогаш претераното сончање може да предизвика зголемена температура, изгореници од втор степен, дехидратација, пореметена равнотежа на електролитите, инфекција и шок.

Зошто гориме на сонце?

Кожата гори кога подолго ќе останеме на сонце. Научниците веруваат дека изгорениците во детството можат значително да го зголемат ризикот за малиген меланом, најопасен и најсмртоносен рак на кожа. Црвенилото и појавата на изгореници е хемиски одговор на телото на претераното изложување на сончевите ултравиолетови зраци. Без заштита, УВ зраци, кои неможат да се видат на кожата, можат да продрат длабоко во слоевите на кожата, оштетувајќи ги клетките. Сончевите зраци го оштетуваат јадрото на клетките, кое го носи генетскиот код на ДНК.

Изгорениците од сонце не се како изгорениците од топлина. Кога ќе добиете изгореници од сонце, надворешниот слој на кожата ослободува хемикалии од кои крвните садови отекуваат и пропуштаат течност. Ова доведува до воспаление, јадеж, црвенило, дехидратација, болки, а во потешки случаи и појава на пликови.

Превенцијата е најважна

Иако многу пати е кажано, сепак не е лошо повторно да се потсетите – најдобра заштита е да го ограничите изложувањето на сонце, поточно да не се сончате во периодот помеѓу 10 и 17 часот. Многу е важно, пред да излезете на сонце или отидете на плажа, да нанесете крема со висок заштитен фактор, а таа постапка треба да ја повторувате секои 2 часа, како и после пливање.

Доколку сепак се најдете на јако сонце, пијте доста течности за да кожата и телото не ви дехидрира, а добро е и секојдневно да консумирате многу витамини и минерали, најдобро со исхраната, односно со консумирање на многу овошје и зеленчук. Од сонце штитат витамините Ц, Е и антиоксиданците, како што е бета-каротинот, кој уште го нарекуваат и „природен чадор за сонце“.

По изложувањето на сонце, намачкајте ја кожата со хидратантна крема, која ќе и даде влажност на кожата.

Зошто се лупи кожата?

Лупењето на кожата после сончевите изгореници е начин на кој кожата се ослободува од оштетените клетки. Ова е неопходно, бидејќи клетките оштетени од сончевите зраци можат да станат канцерогени. Иако кожата се лупи и се ствара нов слој, некои оштетувања од сончевите зраци можат да останат. Ова може да предизвика проблем подоцна во животот, па најважно е да пазите да не изгорите на сонце.

Симптоми кои укажуваат дека сте претерале со сончање
Првите симптоми дека сте претерале со сончање се: зацрвенување на кожата, силна топлина, чувство на пецкање и непријатна болка дури и при најнежен допир. Кога ќе ги забележите овие симптоми, веднаш изолирајте се од сонцето и започнете со соодветна нега на зацрвенетата кожа.

Домашни лекови за изгореници од сонце

- Кисело млеко
Ладното кисело млеко е популарен народен лек за изгореници од сонце. Намачкајте ја кожата и веднаш ќе го почувствувате ефектот на ладење и намалување на болката.

- Облоги со млеко
Во сад измешајте половина чаша млеко и 2 чаши вода, а додајте и неколку коцки мраз. Натопете една газа во течноста и поставете ја на изгорената кожа. Маснотијата од млекото ќе помогне за омекнување на кожата, мразот ќе помогне за ладење, а ваквите облоги ја намалуваат и болката и потребата за чешање. Не нанесувајте млеко ако имате меури по кожата.

- Јогурт и масло од лаванда
Во две чаши јогурт капнете 4-5 капки масло од лаванда. Со памучен тампон или со газа нанесете од смесата на сончаната кожа. Јогуртот моментално ќе ја излади, а лавандата ќе ги намали иритацијата и црвенилото.

- Овесна бања
Овесната каша има антивоспалително дејство. Легнете во када полна со млака вода и додајте овесни снегулки. Најдобро е да ги ставите овесните снегулки во блендер за да ги претворите во прав. Исто така, можете да направите паста од овесна каша и да ја нанесете врз кожата. Наједноставно ќе ви биде да завиткате овесна каша во газа. Така ќе го избегнете нередот.

- Јаболков оцет
Јаболковиот оцет помага затоа што делува како антисептик и ја лади кожата додека испарува.

- Ладни облоги и ладен туш
Натопете крпа или газа со ладна вода и ставете ја врз црвената кожа или често одете под туш со ладна вода.

- Домати
Направете смеса од домати и нанесете ја на изгорената кожа.

- Зелен чај или камилица
Сварете зелен чај или чај од камилица. Оставете го да олади и со нежна крпа мачкајте ги сончаните места по телото. Исто така, можете да ги ставите кесичките чај директно на кожата.

- Сода бикарбона
Направете раствор од лажичка сода бикарбона и мал филџан вода и со памучен тампон нанесете го на кожата. Овој раствор помага затоа што создава алкална средина, а има и антисептични својства.



Совет

Веднаш откако ќе забележите дека сте претерале со сончањето, напијте се аспирин. Колку порано, толку подобро. Аспиринот ја намалува болката, а може и да го намали воспалувањето на кожата. Не им давајте аспирин на мали деца или на тинејџери. Пијте многу вода бидејќи е важно да не дозволите телото да дехидрира.

Добро е да го погледнете и видеово, ќе ви биде од голема помош и корист.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
- Сода бикарбона
Направете раствор од сода бикарбона и вода и со памучен тампон нанесете го на кожата. Овој раствор помага затоа што создава алкална средина, а има и антисептични својства.
Олимпија темата ти е супер. Само за содава не е лошо да се напише точниот сооднос вода-сода бикарбона, оти ако сода бикарбоната ја има во поголема количина од колку што е потребно, ќе си направиш рани на кожата.

Он:
Јас сум со светол тен и нема одмор на кој до сега не сум изгорела од сонцето.
Мене ми помага киселото млеко, ама после 5 минути од негово нанесување се суши, па пак морам на ново на секои 5 минути да се мачкам. И ладен туш доста ми помага, како и некои мрсни креми, како павловичева за бебешки газиња што е. Ја ставам во поголема количина, посебно пред да спијам. НАПОМЕНА! Овие креми кога се ставаат никако на сонце да не се изложувате, оти уште поголем проблем ќе си створите.
Навечер за да спијам без проблем, облекувам некоја маица од убав и квалитетен памук, за да можам да спијам без проблем.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Олимпија темата ти е супер. Само за содава не е лошо да се напише точниот сооднос вода-сода бикарбона, оти ако сода бикарбоната ја има во поголема количина од колку што е потребно, ќе си направиш рани на кожата.

Он:
Јас сум со светол тен и нема одмор на кој до сега не сум изгорела од сонцето.
Мене ми помага киселото млеко, ама после 5 минути од негово нанесување се суши, па пак морам на ново на секои 5 минути да се мачкам. И ладен туш доста ми помага, како и некои мрсни креми, како павловичева за бебешки газиња што е. Ја ставам во поголема количина, посебно пред да спијам. НАПОМЕНА! Овие креми кога се ставаат никако на сонце да не се изложувате, оти уште поголем проблем ќе си створите.
Навечер за да спијам без проблем, облекувам некоја маица од убав и квалитетен памук, за да можам да спијам без проблем.
Лажичка сода бикарбона се раствара во мал филџан за кафе вода.

Инаку годинава прв пат ми се деси на еден предел - над коленото да изгорам. Ама такво пржење отпосле и топлина на изгореното место никогаш не сум почувствувала. Изгорев последен ден, а како појма немам. Ставив кисело млеко ама само на изгорениот предел и не помогна. Сеуште чувствував пржење. Па сакала нејќела ја намачкав цела нога со кисело млеко и ми беше веднаш подобро. Конзумирав и поголема количина вода и си преспав со кисело млеко на нога. Сабајлето кога станав се беше добро, ни пржење осетив ни ништо. Освен што исгореното место беше сеуште топло, ама за среќа не пржеше. така да ако се мачкате со кисело млеко не ставајте само на изгореното место туку на целиот предел.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Јас да се пофалам дека не горам... :D

Мислам дека најголемиот проблем е што луѓето предолго остануваат на сонце и тоа во покритичните периоди, демек на одмор сме неколку дена, па ќе бидеме по цел ден на плажа. Една од причините што не горам е што временски пократко се сончам додека фаќам подлога, па потоа кога ќе се формира е доста потешко да добиеш полоши изгореници. :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.349
Поени од реакции
29.823
Најважно: превенција, млеко за сончање со јак фактор за заштита, седење под сенка, а ако е UV факторот на сончевото зрачење навистина јак тогаш обавезно носење и маичка.
Важно: пар месеци пред одморот, поминување на редовни периоди на сонце. Не зборувам за сончање туку за обични активности надвор, ова е важно и за генеза на витамин Д.

Форсираното сончање за време на одморот е глупост, демек сега за десетина дена мора да се фати тен. Не само што ова е штетно за кожата и опасно по здравјето, туку и нема никаква полезност. Кој е паметен си седи под сенка со ладна пијачка и си кулира додека ајваните се печат (и потоа плачат). Тоа што е потребно и полезно се редовни периоди на надворешна активност во текот на целата година.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Od moe licno iskustvo,spas za izgorenici mi e soda bikarbona i vinski ocet.Merka nemam zatoa sto stavam odprilika i ocet i soda,i sekoe novo mackanje nov rastvor pravam.
Spas mie vo tie momenti koga imam crvenilo i koga goram...nikakvi preparati skapi evtini ne mi go menuvaat ova sredstvo;)
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
За недела дена поаѓам на одмор и страв ме фаќа. Не постои одмор на кој неам изгорено...
Никогаш не се сунчам, а секогаш горам и тоа најстрашно е што ми горат прво очните капаци. Сега се наоружав со две креми, една 50ка заштитен фактор, другата 30ка, па да се надевам дека во комбинација со шешири и светли бои ќе му се скријам на сонцето.

Кога имам изгореници првите денови најчесто со кисело млеко се мачкам, може и јогурт да послужи. Нанесувам повеќе пати зашто се суши брзо. Доста помагаат и ладни тушеви.
На капаците ставам само облоги од ладна вода, зашто друго не ни можам.
После продолжувам со мачкање на креми, најчесто или Јекодерм или павловиќева. Ми имаат кажано дека прв ден не треба да се мачкаат креми зашто тие ја задржуваат топлината и само уште повеќе боли изгореницата.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.390
Јас да се пофалам дека не горам... :D
Да бе, ти од незапалив материјал си направен/а... :pos:
Секој гори. Ако не си изгорел/а до сега, значи дека знаеш паметно да се сончаш :)

Не сум имал некои посериозно изгореници. Мало пецкање по сончање, да, ама страшни болки - никогаш.

Темен тен имам, ама секогаш почнувам со млеко со поголем фактор (20+), па го намалувам факторот (10-12), за на крај (последните денови) да финиширам со масло за сончање (2-6 фактор). :)
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
За недела дена поаѓам на одмор и страв ме фаќа. Не постои одмор на кој неам изгорено...
Никогаш не се сунчам, а секогаш горам и тоа најстрашно е што ми горат прво очните капаци. Сега се наоружав со две креми, една 50ка заштитен фактор, другата 30ка, па да се надевам дека во комбинација со шешири и светли бои ќе му се скријам на сонцето.

Кога имам изгореници првите денови најчесто со кисело млеко се мачкам, може и јогурт да послужи. Нанесувам повеќе пати зашто се суши брзо. Доста помагаат и ладни тушеви.
На капаците ставам само облоги од ладна вода, зашто друго не ни можам.
После продолжувам со мачкање на креми, најчесто или Јекодерм или павловиќева. Ми имаат кажано дека прв ден не треба да се мачкаат креми зашто тие ја задржуваат топлината и само уште повеќе боли изгореницата.
Ане на капаците можеш да ставаш чај од камилица.
Мрсните креми ја опуштаат исто кожата, која е доста затегната од сончањето. Мене лично ми пријат.
А за на плажа си носам секогаш парео, па се покривам со него за да не горам.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.629
Поени од реакции
14.407
До лани имаше еден афтер-сан cooling гел од Каротен... Ем ладеше, ем лекуваше, ем не лепеше толку, оваа година не го произведуваат више.
Немаше подобро од тоа
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тема како за мене ама последниве одмор два се научив веќе како да се сончам, потемнувам само нијанса две :pos: ама подобро тоа него да се лупам како јаболко. Многу помалку се сончам освен кога сум во вода + најдов едно супер млеко, од Докторс фактор 50 и супер ми е сега за сега.

Ама порано ми се плачеше секој можен одмор. Дете, поинтересно ти е да си играш во песок и во вода наместо под сенка малце да застанеш како што треба и четвртиот ден веќе грбот црвен ми беше. Од советиве од Олимпија го исклучувам тој за често одење под туш, зошто мене и ме болеше грбот кога се туширав од што бев изгорена. Камилицата најдобро ми дојде.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Бидејќи имам посветла ( бела ) кожа секогаш кога сум на сонце за 15 минути најмногу пола саат станувам црвен како рак. Затоа при секое изложување на сонце ставам млеко со највисок фактор ( мислам дека тоа бебешките 8 или 10 ). Од прилика пред 5-6 години на базент ми се случи најлошото искуство со изгореници од сонце што морав три дена да поминам во болница поради изгореници од втор степан и плускавици на грбот со големина на ореви. Толку мака и печење никогаш во животот немав осетено, среќа што не ми остави некои полоши последици. Сега секогаш се трудам да се заштитат колку што можам повеќе и доколку сум на плажа во најжешките часови се трудам да не поминувам многу долго време во вода бидејќи така уште повеќе горам. А доколку имате проблеми со изгореници најдобар домашен лек кој може да ви помогне е кисело млеко или онаа смесата која се користи за правење на сирење ( стварно заборавив како ја викаа ) а која потоа млекарите ја фрлаат, сум слушнал дека на многу луѓе им помогнала далеку повеќе од кисело млеко бидејќи била крајно мрсна бидејќи со неа се цедела мрснотијата од сирењето. И најдобар совет од мене бидејќи сум пател од вакви изгореници е обавезно, без разлика дали имате темна или светла кожа, дали горите лесно или не, секогаш кога се изложувате на сонце обавезно ставајте заштита од УВ зраци бидејќи недај боже може да ви се случат многу тешки последици.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Јас да се пофалам дека не горам... :D

Мислам дека најголемиот проблем е што луѓето предолго остануваат на сонце и тоа во покритичните периоди, демек на одмор сме неколку дена, па ќе бидеме по цел ден на плажа. Една од причините што не горам е што временски пократко се сончам додека фаќам подлога, па потоа кога ќе се формира е доста потешко да добиеш полоши изгореници. :)
Јас изгорев во период препорачан за сончање - 18:30 :place: И тоа последен ден со чоколадна подлога :(
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Јас изгорев во период препорачан за сончање - 18:30 :place: И тоа последен ден :(
Порано одев и на солариум пред да почнам со сончање за да го избегнам евентуално горењето и невоедначениот тен. :)

Иако имам потемен тен внимавам на тоа да ја добијам подлогата, се сончам пократко време на почеток и постепено зголемувам, ама плажата ми е на неполни 5 мин. па не ми е проблем. :)

И ова кај жените се гори со промена на костими за капење... :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom