Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
Иако лицата со светол тен најбрзо горат на сонце, затоа што не се во состојба да произведат поголема количина на заштитен пигмент меланин, изгореници од сонце можат да се јават кај секој оној кој подолго време бил изложен на сончевите ултравиолетови зраци.
Прекумерното изложување на ултравиолетовите зраци А (УВА) предизвикува предвремено старење на кожата, но го зголемува и ризикот од рак на кожа. Исто така, изложувањето на ултравиолетовите зраци Б (УВБ) предизвикува изгореници. Црвенилото и болката се јавуваат после неколку часа по изложеноста на сонце и траат до недела дена. Често пати може да бидат пропратени и со болни пликови на кожата.По 4 до 7 дена од изгорувањето на сонце, кожата се смирува и почнува да се лупи. Тоа е природен начин на кој телото се ослободува од мртвите клетки, кои можат да станат канцерогени.Изгорениците може да предизвикаат и оштетувања во клетките на кожата, кои неможат да се поправат.
Понекогаш претераното сончање може да предизвика зголемена температура, изгореници од втор степен, дехидратација, пореметена равнотежа на електролитите, инфекција и шок.
Зошто гориме на сонце?
Кожата гори кога подолго ќе останеме на сонце. Научниците веруваат дека изгорениците во детството можат значително да го зголемат ризикот за малиген меланом, најопасен и најсмртоносен рак на кожа. Црвенилото и појавата на изгореници е хемиски одговор на телото на претераното изложување на сончевите ултравиолетови зраци. Без заштита, УВ зраци, кои неможат да се видат на кожата, можат да продрат длабоко во слоевите на кожата, оштетувајќи ги клетките. Сончевите зраци го оштетуваат јадрото на клетките, кое го носи генетскиот код на ДНК.
Изгорениците од сонце не се како изгорениците од топлина. Кога ќе добиете изгореници од сонце, надворешниот слој на кожата ослободува хемикалии од кои крвните садови отекуваат и пропуштаат течност. Ова доведува до воспаление, јадеж, црвенило, дехидратација, болки, а во потешки случаи и појава на пликови.
Превенцијата е најважна
Иако многу пати е кажано, сепак не е лошо повторно да се потсетите – најдобра заштита е да го ограничите изложувањето на сонце, поточно да не се сончате во периодот помеѓу 10 и 17 часот. Многу е важно, пред да излезете на сонце или отидете на плажа, да нанесете крема со висок заштитен фактор, а таа постапка треба да ја повторувате секои 2 часа, како и после пливање.
Доколку сепак се најдете на јако сонце, пијте доста течности за да кожата и телото не ви дехидрира, а добро е и секојдневно да консумирате многу витамини и минерали, најдобро со исхраната, односно со консумирање на многу овошје и зеленчук. Од сонце штитат витамините Ц, Е и антиоксиданците, како што е бета-каротинот, кој уште го нарекуваат и „природен чадор за сонце“.
По изложувањето на сонце, намачкајте ја кожата со хидратантна крема, која ќе и даде влажност на кожата.
Зошто се лупи кожата?
Лупењето на кожата после сончевите изгореници е начин на кој кожата се ослободува од оштетените клетки. Ова е неопходно, бидејќи клетките оштетени од сончевите зраци можат да станат канцерогени. Иако кожата се лупи и се ствара нов слој, некои оштетувања од сончевите зраци можат да останат. Ова може да предизвика проблем подоцна во животот, па најважно е да пазите да не изгорите на сонце.
Симптоми кои укажуваат дека сте претерале со сончање
Првите симптоми дека сте претерале со сончање се: зацрвенување на кожата, силна топлина, чувство на пецкање и непријатна болка дури и при најнежен допир. Кога ќе ги забележите овие симптоми, веднаш изолирајте се од сонцето и започнете со соодветна нега на зацрвенетата кожа.
Домашни лекови за изгореници од сонце
- Кисело млеко
Ладното кисело млеко е популарен народен лек за изгореници од сонце. Намачкајте ја кожата и веднаш ќе го почувствувате ефектот на ладење и намалување на болката.
- Облоги со млеко
Во сад измешајте половина чаша млеко и 2 чаши вода, а додајте и неколку коцки мраз. Натопете една газа во течноста и поставете ја на изгорената кожа. Маснотијата од млекото ќе помогне за омекнување на кожата, мразот ќе помогне за ладење, а ваквите облоги ја намалуваат и болката и потребата за чешање. Не нанесувајте млеко ако имате меури по кожата.
- Јогурт и масло од лаванда
Во две чаши јогурт капнете 4-5 капки масло од лаванда. Со памучен тампон или со газа нанесете од смесата на сончаната кожа. Јогуртот моментално ќе ја излади, а лавандата ќе ги намали иритацијата и црвенилото.
- Овесна бања
Овесната каша има антивоспалително дејство. Легнете во када полна со млака вода и додајте овесни снегулки. Најдобро е да ги ставите овесните снегулки во блендер за да ги претворите во прав. Исто така, можете да направите паста од овесна каша и да ја нанесете врз кожата. Наједноставно ќе ви биде да завиткате овесна каша во газа. Така ќе го избегнете нередот.
- Јаболков оцет
Јаболковиот оцет помага затоа што делува како антисептик и ја лади кожата додека испарува.
- Ладни облоги и ладен туш
Натопете крпа или газа со ладна вода и ставете ја врз црвената кожа или често одете под туш со ладна вода.
- Домати
Направете смеса од домати и нанесете ја на изгорената кожа.
- Зелен чај или камилица
Сварете зелен чај или чај од камилица. Оставете го да олади и со нежна крпа мачкајте ги сончаните места по телото. Исто така, можете да ги ставите кесичките чај директно на кожата.
- Сода бикарбона
Направете раствор од лажичка сода бикарбона и мал филџан вода и со памучен тампон нанесете го на кожата. Овој раствор помага затоа што создава алкална средина, а има и антисептични својства.
Совет
Веднаш откако ќе забележите дека сте претерале со сончањето, напијте се аспирин. Колку порано, толку подобро. Аспиринот ја намалува болката, а може и да го намали воспалувањето на кожата. Не им давајте аспирин на мали деца или на тинејџери. Пијте многу вода бидејќи е важно да не дозволите телото да дехидрира.
Добро е да го погледнете и видеово, ќе ви биде од голема помош и корист.