Изглед на буквите во македонската кирилица

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Здраво.

Читав еден текст, во кој се кажуваше зошто буквите изгледаат такви какви што се... Па си помислив д се обидеме да дадеме објаснување на што личат македонските кирилични букви.

П - асоцира на порта
Д - асоцира на дом, куќа
О - асоцира на огледало... како човекот да се гледа смиот себе
Х - асоцира на крст
...

Не ми текнува на друго.

Па повелете, ако имате други идеи.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Регуларен, да. мхм. А пак, А асоцира на кунинлингус, или пак можеби...мисионерска поза.:toe:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
На сеир да ја тераме а? Ајде... нека биде... :toe:

Ќ - ептен ми личи како гладен тип кој фрла ќебапче во уста.

А има ли некој нешто сериозно да каже на темава?
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Инаку, оригиналниот текст што го најдов велеше дека секоја буква, значи збориме од кирилица до јапонска хирагана, се пишува во најмногу до 3 потези, зашто човечкиот мозок можел да складира најмногу до 3 поими/идеи/термини/концепти, без да мора да се потпре на броење и организирање, значи свесен напор.

Колку е точно, не знам.

Сепак, бидејќи беше на латиница, таму А - изгледаше како планина.

Па затоа ми падна идејата да се обидеме да најдеме на што нè асоцираат и кириличните букви.

Ако асоцираат на секс, одлично. ;)))

Ако не, пак добро - што и да е, да видиме да најдеме некоја симболика, ако ја има. Сепак, буквите *се* симболи, па да пробаме да откриеме што значат (освен, нели, гласови).
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Инаку, оригиналниот текст што го најдов велеше дека секоја буква, значи збориме од кирилица до јапонска хирагана, се пишува во најмногу до 3 потези, зашто човечкиот мозок можел да складира најмногу до 3 поими/идеи/термини/концепти, без да мора да се потпре на броење и организирање, значи свесен напор.
Нели беа 7 поими?
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Нели беа 7 поими?

Овој текст што јас го прочитав велеше 3.

Не мора да е точен, туку само мислење на еден човек. Во секој случај го наведувам како мотивација за започнување на темава.

Ако имате дополнителни информации, повелете.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
S асоцира на латинично С
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ш - како трозабец
E - како оние ѕидовите со шилци по филмовите
Т - човек со чадор
А - стеснување
Ј - закривена алатка, нешто како оние металните куки кај заболекарите
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Ф - дебел човек
Б - дебел човек, од профил, кој седи
Р - лице кое е свртено надесно и внимателно гледа
З - лице кое е свртено налево и прашува „зошто“ или слично
И - игра, игривост, веселост
У - убавина, стил, висока класа
А - авторитет, став, насмевка но со сигурност
 

Kajgana Shop

На врв Bottom