Мислам дека си грешка. Она во 2009та година кога ја продаде куќата плаќањето рдт не беше задолжително, т.е. уште не беше донесен законот дека мора да се плаќа, затоа е и целата иронија во случајот. Незнам точно која година стапи на сила тој закон за морално плаќање, кога она немаше веќе никаква врска со таа куќа. Неможеше никако да ја одблокира пензијата, сестра ми трчаше со неа по банките и ујп, единствено беше само да си плати 4000 денари за да може да ја одблокираат, немаше начин женава до својата пензија да дојде. И кога ја одблокира мораше да го подмири долгот. А како да застарева за 12 месеци, ами женава без пензија ли требаше 12 мееци да седи, не те разбрав ?
сметка за струја, вода, телефон, телевизија, ѓубрарина... застареваат во рок од 12 месеци, така да ти мораш пример да ја платиш сметката од јули лани (2015) пошто се поминати од тогаш 11 месеци но не мораш да ја платиш сметката од мај пошто е повеќе од 12 месеци, така да законски ти си обврзан да ги плаќаш само сметките од последните 12 месеци, не од пред 2 или 3 или 4 или 5 години.
Има и тука некои цаки кога мора и тие стари сметки да ги плаќаш а то е:
- ако те тужеле за тие заостанати сметки на време (во рок)
- ако си потпишал договор со нив дека ќе ги плаќаш сметките на рати.
Народот обично не знае за застареноста и кока ќе му дојде дома писмо па со црвени букви па наброени сетки во последни 5 години па закани за присилна наплата и најдолу ќе напишат да се јави на шалтер да склучи договор и тој трча потпишува а не знае дека не мора......
Значи само последни 12 месеци сметки се плаќаат се пред то шо е стигнато - не.
е сега некој правник овде нека каже дали можете веќе на извршно решение да вложите приговор и да си барате да ви одбијат сметки од 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014 и дел од 2015 радизастареност.[DOUBLEPOST=1465287524][/DOUBLEPOST]
Па нормално е. Сите трошоци се и настаната заради должникот. Постапката чини пари и секогаш трошоците ги подмирува оној кој е „виновен“ во „делото“, како на суд.
Видете, лесно е да се плука по нотари... и јас би плукал, секако. Но, ајде да размислиме како поинаку? Да не се бараат долговите ли? Да се простуваат? Трошоците при постапките да не се наплатуваат ли? Па секој кој работи нешто (фотокопир, вадење на документи, асистенција...) наплаќа своја „тарифа“.
Јас би сакал да слушнам како поинаку да се решаваат работите.
И граѓанинот има трошоци, како на пример граѓанин со 4 члено семејство на кој му треба 30.000 плата да си помине месецот, а зема 15.000 плата да си го надокнади тие трошоци?
Ете државата му обезбеди на банки и фирми легално преку закон да си наплатат свои побарувања, граѓанин кој страда за јадење, за облека, за сметки... каде може да се обрати и некој да му префрли додатни пари на сметка за негови трошоци??
Ова држава во чиј интерес треба да работи?
Со закон веќе беше регулирано долгови како се наплаќаат и пред да постојат извршители си постоеше закон па блокада на сметка па блокада на плата. И во СФРЈ имаше таков закон.
Али ете некој рече, дај да им поделиме на стотина луѓе во Македонија, лиценца, да она шо до сега законски се правеше, го прават тие и ПЛУС да си зема награда за тоа.
само во 2015 година скоро 10 милиони евра поделија извршители за работа која и без нив и така се правеше али го правеа судии и адвокати и банки за плата а не за екстра награда.
тоа отприлике би било како закон за наплата на струја преку лиценциран наплатувач, па имаш сметка од 2000 денари али можеш да ја наплатиш само преку лиценциран наплатувач кој ќе земе:
240 денари награда за наплата
5 денари издадена потврда за наплата
3 денари обработка на податоци
2 денари губиток на топлотна енергија поради твоето влегвање в канцеларија и отварање врата
1 денар за ароматизирање на канцеларија со освежувач поради твоето влегување во канццеларија
2 денари трошок за чистење на канцеларијата поради твое влегување
вкупно - 250 денари + 5% ДДВ = 262,5 денари
и така од 2000 денари плаќаш 2262,5
по 100.000 евра бе зедоа секој за година дена за работа која и без нив се работеше. А тие 100.000 евра годишно не им ги дава државата. Им ги даваат и така веќе упропастени семејства во Македонија.