Иднината на Фиат Валутите

Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
Биткоин 15к, have fun staying poor што да ви кажам друго. Незнам кој ми го постираше Професорот Нуредини што беше најголем хејтер на Биткоин еве сега вика дека е store of value. https://twitter.com/BitcoinMemeHub/status/1325642290312974337?s=20
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512

Истиов муабет беше и пред 2 години, другар кога беше 18к ме убедуваше дека ќе оди чудото и до 30к и се фрли all in, арно ама за неколку месеци сиба векот на пола.
За долг период уште помалку би се истрчал да инвестирам во биткоин, а богами дури ни во фиат валути со кризава.
 
Член од
27 октомври 2020
Мислења
81
Поени од реакции
118

Штета што немаше некој другар да ти каже дела чудото ќе оди до 19900 долари кога истото се продаваше за центи.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.466
Поени од реакции
24.687
Штета што немаше некој другар да ти каже дела чудото ќе оди до 19900 долари кога истото се продаваше за центи.
ni centi ne bi dal... koga togas ke dojde na 0 a toj sto ke ostane so kostenite u race ke naebe
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Штета што немаше некој другар да ти каже дела чудото ќе оди до 19900 долари кога истото се продаваше за центи.
Друже јас прв пат го сретнав ова кога продавав херои и ајтеми на Conquer Online и WOW, наместо пари уште 2010та година за дел од ајтемите имаше странци што нудеа биткоин, само тогаш не се ни замарав со ова.
Си поиграв јас со етериумот малку, за влакно избегнав да сум во минимален плус и веќе не би ни допирал воопшто тука.
Мое мислење е дека ова може да рокне пак под 10к и тоа преку ноќ, е сеа ако ти си во состојба да изгубиш неколку илјади евра во краток период и да не ги жалиш може да си играш, повеќе би го класифицирал во „Игри на среќа“ отколку во инвестиција.
 
Член од
27 октомври 2020
Мислења
81
Поени од реакции
118
ni centi ne bi dal... koga togas ke dojde na 0 a toj sto ke ostane so kostenite u race ke naebe
Тоа можеби ќе биде, можеби не. Она што е несомнен ФАКТ е дека биткоинот е комодитет со најголем раст на вредноста во историјата на економијата. Ако не број еден (ме мрзи сега да проверувам) согурно во топ 5. Тоа е факт, сето друго се приказни.
Автоматски споено мислење:

Друже јас прв пат го сретнав ова кога продавав херои и ајтеми на Conquer Online и WOW, наместо пари уште 2010та година за дел од ајтемите имаше странци што нудеа биткоин, само тогаш не се ни замарав со ова.
Да се замараше тогаш повеќе, сега ќе можеше да ни пишуваш од некоја егзотична плажа. Мене ми доаѓа клоца да си удрам што не инвестирав прв пат кога дознав за биткоинот. Тогаш малку потешко се доаѓаше до него, па едноставно баталив. Генијална одлука, морам да кажам. На ниво на Портланд кога го зеде Боуви наместо Џордан на драфтот.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
310
Поени од реакции
490
ni centi ne bi dal... koga togas ke dojde na 0 a toj sto ke ostane so kostenite u race ke naebe
Другар дали ти ќе дадеш центи или не исто му се фаќа на BTC.
Него што праиме со комапнииве и институцииве што се утепаа од купување во последните месеци.
И тие ли се наивни и тие ли незнаат и сакаат да си ги изгубат парите.
Да мислиш дека дигиталните валути ќе го заменат Bitcoin е елементарно непознавање на првичната цел зашто е создаден BTC.
Можам само да ја повторам онаа старата: Ignorance is a bliss.

Еве да видиш кој се купува BTC за да не збориме на празно:
saupload_KUgJ4L_hbbnqiV-2nuh1gWloZNZubFhGHmGRGgA4Z_mnzVvPItr3n-6rYSjH1T38LtU-DOIgc-OxrSKRVwAGz...png
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Тоа можеби ќе биде, можеби не. Она што е несомнен ФАКТ е дека биткоинот е комодитет со најголем раст на вредноста во историјата на економијата. Ако не број еден (ме мрзи сега да проверувам) согурно во топ 5. Тоа е факт, сето друго се приказни.
Автоматски споено мислење:

Да се замараше тогаш повеќе, сега ќе можеше да ни пишуваш од некоја егзотична плажа. Мене ми доаѓа клоца да си удрам што не инвестирав прв пат кога дознав за биткоинот. Тогаш малку потешко се доаѓаше до него, па едноставно баталив. Генијална одлука, морам да кажам. На ниво на Портланд кога го зеде Боуви наместо Џордан на драфтот.
Да инвестирав во се што излезе во последните 10 години, сега ќе бев седнат на улица и ќе барав милостина.
Каирос Планет, Оне Коин,Битконект, еден куп различни крипто кои демек беа „новиот биткоин“, Хербајалф, Орифлем, СЦ Нет, Лајонес, Лајконет...

Еве лани пробуваа да ме убедат да влезам во SKY WAY CAPITAL, имам другар што нон стоп е во овие бизниси и во ова влезе со неколку илјади евра, демек ќе било невиден бум :D
 
Член од
27 октомври 2020
Мислења
81
Поени од реакции
118
Да инвестирав во се што излезе во последните 10 години, сега ќе бев седнат на улица и ќе барав милостина.
Каирос Планет, Оне Коин,Битконект, еден куп различни крипто кои демек беа „новиот биткоин“, Хербајалф, Орифлем, СЦ Нет, Лајонес, Лајконет...

Еве лани пробуваа да ме убедат да влезам во SKY WAY CAPITAL, имам другар што нон стоп е во овие бизниси и во ова влезе со неколку илјади евра, демек ќе било невиден бум :D
Па веројатно тоа ги дели глупавите луѓе од паметните, способноста да препознаат паметна инвестиција. А инвестирањето или НЕинвестирањето во ништо ги дели храбрите од страшливите. За секого по нешто.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Па веројатно тоа ги дели глупавите луѓе од паметните, способноста да препознаат паметна инвестиција. А инвестирањето или НЕинвестирањето во ништо ги дели храбрите од страшливите. За секого по нешто.
Ај да заклучиме, ти сметаш дека биткоин во моментот со моменталната цена е паметна инвестиција?
 
Член од
27 октомври 2020
Мислења
81
Поени од реакции
118
Ај да заклучиме, ти сметаш дека биткоин во моментот со моменталната цена е паметна инвестиција?
Сега е по свадба тапани. Има еден куп потполно спротивставени прогнози од многу паметни луѓе, така да е скоро невозможно да се заклучи што ќе следува наредно со вредноста на биткоинот. Верувам дека ќе флуктуира помеѓу 10 000 и 20 000 долари, но не би ме изнандил ни да скокне до 100 000 долари.

Но дури и со таков скок, кој изгледа малку возможен, тоа би бил раст од само пет пати. Ќе ме фркни главата ако пресметам колку пати пораснал од моментот кога се појавил.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
310
Поени од реакции
490
Ај да заклучиме, ти сметаш дека биткоин во моментот со моменталната цена е паметна инвестиција?
Минимум 50 000$ до Декември 2021 година - моја прогноза.
Еве нека стои тука и нека трепка, за да може да провериме наредна година.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Сега е по свадба тапани. Има еден куп потполно спротивставени прогнози од многу паметни луѓе, така да е скоро невозможно да се заклучи што ќе следува наредно со вредноста на биткоинот. Верувам дека ќе флуктуира помеѓу 10 000 и 20 000 долари, но не би ме изнандил ни да скокне до 100 000 долари, не би ме изненадил и да падне под 5000 долари.

Но дури и со таков скок, кој изгледа малку возможен, тоа би бил раст од само пет пати. Ќе ме фркни главата ако пресметам колку пати пораснал од моментот кога се појавил.
те дополнив уште нешто во првиот ред, што значи со оваа веројатност поарно оди стави ги на спортска :D

Минимум 50 000$ до Декември 2021 година - моја прогноза.
Еве нека стои тука и нека трепка, за да може да провериме наредна година.
Мислам дека поголеми се шансите до тогаш да заврши на таква бројка, само со нула помалку на крајот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom