Идентификација на повик?

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Имав повик на фиксен телефон ама не ми текна во моментот да прашам од кој број се јавува.

Дали има можност да ми кажат/нудат услуга од Телеком од кој број ме барале ако знам во колку часот се одвивал разговорот?

П.С Телефонот нема индентификатор
П.С2 Само ова го најдов
https://www.telekom.mk/dopolnitelni-uslugi.nspx
Ама не пишува подетално, а и не ми треба на крај на месец туку одма да се јавам и да дознаам.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.312
Поени од реакции
3.699
Преглед на реализирани телефонски повици

Ова е тоа што ти треба, појди во некој салон и побарај со наредната сметка да ти дадат преглед за овој месец, еднократно ако се плаќа плати си :)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Преглед на реализирани телефонски повици

Ова е тоа што ти треба, појди во некој салон и побарај со наредната сметка да ти дадат преглед за овој месец, еднократно ако се плаќа плати си :)
Пишува со кој број сум разговарал?
Пошто сега зборував со еден познаник од Телеком и као демек судски налог требало за такво нешто.

Прашувам за човек што ме барал мене, а не броеви каде што сум вртел јас.

Малце нелогично ми беше ова пошто буквално на сите мобилни има идентификатор, а сигурно и на повеќето фиксни.

П.С Логично е на прегледов да пишува со кои броеви сум разговарал инаку може да ми пишат колку сакаат минути.
 
Последно уредено:
P

psychostasia

Гостин
Ако линијата ти е поставена преку рутер, зависно кој модел мислам дека можеш да видиш дојдовни и појдовни повици. Со оние speedport што ги имаа порано имаше таква можност, сега има кај мене zte некој и исто има табела со сите повици.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Ако линијата ти е поставена преку рутер, зависно кој модел мислам дека можеш да видиш дојдовни и појдовни повици. Со оние speedport што ги имаа порано имаше таква можност, сега има кај мене zte некој и исто има табела со сите повици.
Мислам дека преку рутер иде. Магента 1 ако не се лажам се вика. Фала за информацијата ќе проверам на сабајле.

П.С Ако не ти е тешко кажи ми под кој таб би спаѓало ова
 
Последно уредено:
P

psychostasia

Гостин
Мислам дека преку рутер иде. Магента 1 ако не се лажам се вика. Фала за информацијата ќе проверам на сабајле.

П.С Ако не ти е тешко кажи ми под кој таб би спаѓало ова
VOIP (voice over IP), во тој дел побарај.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
VOIP (voice over IP), во тој дел побарај.
Speedport 2. Има VOIP ама само бројот е впишан не гледам опција за прегледување на телефонски повици.

Благодарам во секој случај.
 
P

psychostasia

Гостин
Speedport 2. Има VOIP ама само бројот е впишан не гледам опција за прегледување на телефонски повици.

Благодарам во секој случај.
Можеш ли да направиш скриншот од табот од рутерот кај што ти покажува voip? (само сокриј телефонскиот број)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.626
Поени од реакции
6.433
Има ли начин да се открие кој е бројот на телефонски повик примен на фиксен телефон?

Се работи за вознемирување на стари лица, пријавено е во полиција а таму рекле да се оди до оператор и да се побара листа со повици за тој ден. Од операторот не е дадена листа со изговор дека не смеат по закон.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.938
Поени од реакции
4.436
Има ли начин да се открие кој е бројот на телефонски повик примен на фиксен телефон?

Се работи за вознемирување на стари лица, пријавено е во полиција а таму рекле да се оди до оператор и да се побара листа со повици за тој ден. Од операторот не е дадена листа со изговор дека не смеат по закон.
Ako si na A1 ,mozi se doplajka 250mkd, i site sto zvonat so #31# brojot go pokazuva.!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom