Идеален социопат или емпатичен и харизматичен карактер

D

Daedalus

Гостин
Пред недела дена, во Чек дис аут започнав тема за шест моќи од кои би можеле да изберете една. Овој пат размислував за можност да изберете помеѓу две карактерни особини кои се спротивни и имаат свои доблести и недостатоци.
Ја започнав темава во Психологија и Философија затоа што особините кои ќе ги наведам се архетипи на веќе познати темпераментни особини само во малку поидеална форма. Ако модераторите сметаат дека темава не е соодветна за потфорумот нека ја преместат во Чек Дис Аут или нека ја избришат.

Имате можност да бирате помеѓу две особини. Морате да изберете една од овие.

ИДЕАЛЕН СОЦИОПАТ

Едната особина е чист и идеален социопат. Ќе ги изгубите сите емоции како љубов/тага/страв.
Сеуште ќе можете да чувствувате задоволство и среќа со активностите кои ги правите во животот.
Ќе имате огромна интелигенција и никогаш нема да бидете повредени од ништо. Како сметка на тоа, нема да можете да се поврзете со луѓето и нема да можете да чувствувате љубов, емпатија и разбирање. Сепак, вашата огромна интелигенција ќе ви овозможи контрола и манипулација со луѓето и околината воопшто. Брзо ќе учите нови работи и ќе можете да бидете идеален научник, еконимист итн...

ЕМПАТИЧЕН И ХАРИЗМАТИЧЕН ЛИДЕР

Втората особина е особината на емпатичен и харизматичен карактер. Вашата интелигенција ќе биде нормална но емотивната интелигенција ќе биде екстремно висока. Лесно ќе се поврзувате со луѓето, ќе можете да ја пренесете вашата емоција на љубов/страв/тага на останатите луѓе многу лесно што може да доведе до многу позитивни/негативни ефекти зависно од вашата самоконтрола и стабилност. Сите ваши емоции ќе бидат амплифицирани што значи дека бенефитот и загубата која ќе ја имате од вашите позитивни/негативни емоции ќе бидат зголемени исто така. Со вашите лидерски способности ќе можете да донесете огромни промени во општеството и ќе имате голем број на следбеници. Со овие особини ќе бидете врвен лидер, психолог и се што бара огромна емотивност и емпатичност.

Јасно ми е дека во реални услови овие особини не можат да постојат затоа што луѓето се комплексни и не функционираат на ваков начин. Но во замислена ситуација, доколку би имале избор помеѓу овие две карактерни особни, но морате да изберете една од нив, кој би бил вашиот избор?
 
Член од
26 август 2013
Мислења
213
Поени од реакции
245
добро бе братче, од дека ги вадеш тоа твоите идеи?? Ја би за социопат... па шо ке биде нека биде...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Емпатичен и харизматичен карактер. Сакам да се поврзувам со луѓето, да ги разберам нивните емоции, да можам да го разберам нивниот начин на донесување одлуки, работите што ги направиле да станат она што се. Не само што би го избрала, туку мислам дека сум и баш ваков карактер. Заедно со позитивните и негативните страни кои со себе ја носи зголемената емпатија како таква.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Кога веќе мора да се избере една од овие крајности , сакам да ја изберам првата да видам како изгледа да сум на тој екстрем т.е да сум " опериран" од чувства.
 
D

Daedalus

Гостин
Јас го бирам човечното.
И двете се човечни. Само што прикажуваат различни аспекти од човечноста... :)
И двата аспекта се важни и позитивни. Доколку ги споиш во едно, најверојатно ќе го имаш според некои дефиниции "идеалниот" човек. Поентата е кој од овие два аспекта е поважен за себе и општеството, пошто и двата можат да допридонесат со огромни позитивности на глобален план.
Иначе Роџер, морам да констатирам дека имаш вишок време во твојот живот. :)
Иам за полемизирање сам со себеси, посебно дур се бањам или сум у автобус. :P
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Па не знам баш дали социопатското однесување е човечно. Барем за мене. :) Емоционалната поврзаност е каде каде почовечна од ладнокрвноста и несочуствителностa кон другите луѓе.

И двете се човечни. Само што прикажуваат различни аспекти од човечноста... :)
И двата аспекта се важни и позитивни. Доколку ги споиш во едно, најверојатно ќе го имаш според некои дефиниции "идеалниот" човек. Поентата е кој од овие два аспекта е поважен за себе и општеството, пошто и двата можат да допридонесат со огромни позитивности на глобален план.

Иам за полемизирање сам со себеси, посебно дур се бањам или сум у автобус. :P
 
D

Daedalus

Гостин
Па не знам баш дали социопатското однесување е човечно. Барем за мене. :) Емоционалната поврзаност е каде каде почовечна од ладнокрвноста и несочуствителностa кон другите луѓе.
Социопатското однесување (реалното) е неспособност за поврзување и емпатија што воедно воведува до некои дисфункционалности во секојдневниот живот, не дека немаат емоции, имаат, само што поинаку се манифестираат тие емоции. Посложен феномен е како и да е. Не може кратко да се опише.

Идеалниот социопат, како што е опишан погоре не поседува емоции што му помага да донесе правилни одлуки на огромен план. Притоа емоциите не му пречат при критичкото размислување и донесување на објективни одлуки. Нашите емоции и емпатија честопати може да ни бидат огромна пречка за разумно евалуирање на некоја ситуација. Ги имаме, носат свој бенефит но воедно можат да бидат пречка. Религиозните фанатици, еротоманите и многу други луѓе чувствуваат интензивни емоции, пропратени со нивните верувања. Истите емоции ги спречуваат да бидат разумни исто како што интензивните емоции кај луѓето кои имаат borderline personality disorder можат да бидат голема пречка за нив и нивната околина.

Само затоа што нешто е емоција и емпатија, тоа не значи дека причините позади истото се валидни. Цели култови вршат самоубиства кадешто останатите го прават тоа што го прават другите поради тоа што се емпатични со нив и сакаат заедно да го направат тоа иако премисите позади нивните верувања се погрешни.

Нашиот идеален социопат ќе може да биде разумниот дел од човекот, делот кој ќе успее да донесе прогрес во научните полиња, економијата и слично. Неговата друга половина ќе биде емотивниот дел од нас кој не поврзува и ни помага да опстанеме како човечки вид. Делот од нас кој ни е потребен за да бидеме мотивирани, да напредуваме, да си помагаме и да ги искористиме бенефитите од разумот за заеднички живот.

Овие два карактера повеќе би ги гледал како посебни делови од едно цело. Го двоиш целото и бираш кој од тие два дела сакаш да бидеш.:P
 

laceso

Zoomj †
Член од
17 мај 2011
Мислења
422
Поени од реакции
318
Спок > Кирк

вториот збир е племенит и прифатлив на локално ниво , додека првиот се однесува на грандиозно космичко поле.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Во ред е, се разбираме и се согласувам со тебе за горе наведеното. Сепак мене, во мојот живот, ми е многу важна емоционалната поврзаност со другите луѓе. Значи второто го бирам. :)

Не реков дека немаат емоции социопатите. Само не можат да ја доживеат таа емоционална поврзаност со другите.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.614
Го одбирам идеалниот социопат чисто ради радозналост а воедно и одмор т.е. стрес рилиф, оти од вториот избор веќе преку кур.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Под идеален социопат зошто не пиша Шелдон Купер едноставно?:icon_lol:

Иначе број два, јебем ти живот без емоции:)
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Ако треба да сум практична во изборов - тогаш првата особина. Делува како easy way out - немаш никакви загуби - само чиста добивка.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ако треба да сум практична во изборов - тогаш првата особина. Делува како easy way out - немаш никакви загуби - само чиста добивка.
А љубовта? Тоа нели е ооооогромна загуба? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom