http://www.miniclip.com/games/weirdville/en/
Играва е живо срање али ептен ми створи зависност.

Финтата е дека во секое ниво треба да скокате со човечето за да ги собере сите пари (за повеќе поени) и да отиде до стрелката која означува крај на нивото.
Кога ја играв првиот пат ми беше ултра доста (чинам зимоска беше тоа), потоа негде во април-мај ме фати таква Weirdville манија што не можев да ја оставам играта никако

, а сега од пред некој ден пак станав зависен од истата.
Имам стигнато до последното 10-то ниво, но никако не можам да го завршам.
Конкретно пред малце, во рок од 3 песни со вкупно траење од 10-11 минути, стигнав до последното ниво (со тоа што во првите 4 минути веќе бев на 5то ниво).
На ЈуТуб има видео прикази за тоа како да се поминат сите нивоа, тоа доста ми помогна за тие повисоките.

И да, моментално сум на 36-то место на ранг листата за денес на Миниклип за Weirdville.
