L
Löwe
Гостин
Игор Џамбазов со свое шоу на Македонската радио телевизија. Шоуто ќе се вика ЏИШ (Џамбазов Игор шоу), а актерот и водител на шала вели дека тоа значи дека „Леси се враќа дома“.
Во интервју за минатонеделниот број на Република, Џамбазов ги открива деталите за шоуто.
- ЏИШ не е класично шоу со гости. ЏИШ всушност, не е ни шоу со гости. ЏИШ е телевизиско шоу слично на „Седуммина млади“, најгледаното ТВ шоу. Има малку од „Седуммина млади“, малку од „Бени Хил“, малку од „Мистер Бин“...Однапред смислени точки кои се монтираат со метрика, динамика, не траат многу, не го заморуваат гледачот и ќе бидат духовити. Ќе има музички точки, скечови, римејк на познати филмски сцени. Познати личности од Македонија ќе глумат со мене. Најважниот, односно најсериозниот дел од ЏИШ е антологијата на македонската поезија, вели Џамбазов.
За Република тој открива дека во шоуто ќе се појавуваат ликовите Александар Антички, Кирил Македонски и Дејан Европски.
ЏИШ ќе се спротивстави на турските серии. Иако го советувале неговото шоу да не се емитува во терминот со турски и индиски серии, Џамбазов одлучил да го направи токму тоа.
Извор: Курир