Иако познати, сепак несредени!

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Познатите ѕвезди поради глумењето на различни улоги, така го менуваат и својот изглед.

Ако не се килограмите, тогаш е промената на бојата на косата, очите, пуштаат брада и сл. Секако овие промени добро и ги наплатуваат, бидејќи никој од нив не сака да изгледа толку лошо како на пример Шерлиз Терон во филмот "Monster", или Рене Зелвингер како Бриџит Џонс.

Но кога таквите улоги ќе донесат "златно човече", и куп пари, секако дека се исплати. Тоа не значи дека секоја промена е лоша. Секако, доколку не се претера.

Иако не ги избравне оние најлошите видете како Холивудските глумци или манекенки изгледаат која ќе го променат својот изглед.

1. Brittany Murphy - Слатката Британи се прослави со улогата во филмот "8 миљи", каде придружник и беше најпознатиот бел рапер, Еминем. Иако природната бринета, сметала дека промената на бојата на косата би ја направила помлада. Како што знаеме, таа на сите вака ни изгледа послатка.

2. Alicia Silverstone - Девојката која во 90-тите ги красеше спотовите на групата Аеросмит заедно со Лив Тејлор, ќерката на фронтменот на оваа група, притоа остварила и неколку (не)значајни улоги на приглупа плавуша. Иако во последните неколку години од неа нема ни трага ни глас, Алисија поработела бааги на нејзиниот изглед. Како сега изгледа проценете сами.

3. Naomi Campbell - Црниот пантер и понатаму изгледа совршено. Дури и кога ќе ја претепа својата помошничка, по кој знае пат, сепак Наоми е на врвот. Трендовската девојка позната по лудите забави во друштво на познати креатори и по заведувањето на богати луѓе, овој пат би можела да заврши во затвор, и тоа на осум години. А таму ваквиот изглед сигурно нема да и помогне.

4. Kelly Osbourne - Целата позната фамилија Озборн обожаваат да го менуваат својот изглед. Со оглед на тоа од каква фамилија доаѓа, црната боја е неизбежна во секоја нејзина колекција. Чудниот татко, мајката која сите ги држи под строј, братот бараба....па ни Кели не е нешто поарна. Борбата со килограмите, продолжува но овој пат со специјални таблети. Таа за себе вели дека изгледа совршено.

5. Alanis Morisette - Канадската пејачка која ја здрма музичката индустрија со појавувањето на сцената не покажала некој посебен успех. Изгледот не и е потребен бидејќи уште првиот албум испадна квалитетен и ја бутна до патот на успехот. Нејзините песни и ден денеска сите ги знаат, а таа сепак ужива на стара слава. Црната Аланис не се снајде баш најдобро во улога на плавуша. Изгледа дека плавата коса не ја подмлади.

6. Brad Pitt - Блажен помеѓу жените, Бред Пит растргнат помеѓу деца и трудната девојка Џоли, и понатаму останува предмет на обожување кај жените. Но сето тоа се одрази многу на неговиот изглед. Изглед како средновековен американец во потполност го уби неговиот сексипил. Затоа Анџелина ги доби сите епитети како најсекси мајка, најубава жена во светот и мајка на најслаткото дете во Холивуд. А Бред стана "очајна домаќинка".​


Brittany Murphy



Alicia Silverstone



Naomi Campbell



Kelly Osbourne



Alanis Morisette


 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Абе Бред Пит и несреден и небричан и немиен и валкан и клошар, ТОЈ ПАК Е НАЈУБАВ И НАЈПОСАКУВАН!!!
Така да тој што си е убав секогаш е убав!:pipi:
 
Член од
22 август 2007
Мислења
550
Поени од реакции
16
Разликите се огромни, дури да се зачудиш дали е возможно шминката толку да менува. И кога на крајот, ќе видиш дека ниедна од нив не е подобра од нас останатите...

20060110-britney-spears.jpg

eva_without_makeup.jpg

jesseatsalad2.jpg
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.113
Поени од реакции
824
Боже како изгледа Ева Лонгорија не претходниов пост... Овие од Бритни и Џесика Симпсон ги имам видено претходно ама од Лонгорија ме запрепасти! Колку сме само навикнати секогаш да ја гледаме дотерана и нашминкана!
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Не сакам да гледам вакви слики дека ме трескаат од земја, ама па не можам ни да им одолеам од друга страна ... еве уште нешто од нашите прекрасни дами од соништата ...

Џесика Симпсон


Кортни Кокс


Ана Курникова


Бијонс


Лив Тајлер


Хилари Даф


:nemoguce:
 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175




Абе Лив Тајлер и Хилари се добри.. пак личат на луѓе, и не се грди.. ама другивеееееееееее !! Хорор
 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
Абе оваа не е убава секако, не ја знам без шминката на очи, може и убава би била шо знам.. ама забитееееееее !!! ВТФ ?
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Абе дечки темава ипак е за промени било на позитивно, било на негативно кај познатите како што разбрав јас.. Не познатите без/со вишак шминка :/
 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
Е да, имаш право, малце забегавме.. еве


Ама не ми е јасен насловов
 

E_L_E_N_A

Битола,мој роден крај
Член од
27 декември 2007
Мислења
479
Поени од реакции
16
Ц ц ц ц .... ех таја шминката ... чуда прај ....добро,и фризурата,не само шминката....
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Затоа имаат стилисти и стилисти покрај нив и изгледаат така woow а тие катастрофаа. Таа шминка колку покрива јадна кожа нивна колку само ставаат ццц
 

Kajgana Shop

На врв Bottom