ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 61
Ако не се килограмите, тогаш е промената на бојата на косата, очите, пуштаат брада и сл. Секако овие промени добро и ги наплатуваат, бидејќи никој од нив не сака да изгледа толку лошо како на пример Шерлиз Терон во филмот "Monster", или Рене Зелвингер како Бриџит Џонс.
Но кога таквите улоги ќе донесат "златно човече", и куп пари, секако дека се исплати. Тоа не значи дека секоја промена е лоша. Секако, доколку не се претера.
Иако не ги избравне оние најлошите видете како Холивудските глумци или манекенки изгледаат која ќе го променат својот изглед.
1. Brittany Murphy - Слатката Британи се прослави со улогата во филмот "8 миљи", каде придружник и беше најпознатиот бел рапер, Еминем. Иако природната бринета, сметала дека промената на бојата на косата би ја направила помлада. Како што знаеме, таа на сите вака ни изгледа послатка.
2. Alicia Silverstone - Девојката која во 90-тите ги красеше спотовите на групата Аеросмит заедно со Лив Тејлор, ќерката на фронтменот на оваа група, притоа остварила и неколку (не)значајни улоги на приглупа плавуша. Иако во последните неколку години од неа нема ни трага ни глас, Алисија поработела бааги на нејзиниот изглед. Како сега изгледа проценете сами.
3. Naomi Campbell - Црниот пантер и понатаму изгледа совршено. Дури и кога ќе ја претепа својата помошничка, по кој знае пат, сепак Наоми е на врвот. Трендовската девојка позната по лудите забави во друштво на познати креатори и по заведувањето на богати луѓе, овој пат би можела да заврши во затвор, и тоа на осум години. А таму ваквиот изглед сигурно нема да и помогне.
4. Kelly Osbourne - Целата позната фамилија Озборн обожаваат да го менуваат својот изглед. Со оглед на тоа од каква фамилија доаѓа, црната боја е неизбежна во секоја нејзина колекција. Чудниот татко, мајката која сите ги држи под строј, братот бараба....па ни Кели не е нешто поарна. Борбата со килограмите, продолжува но овој пат со специјални таблети. Таа за себе вели дека изгледа совршено.
5. Alanis Morisette - Канадската пејачка која ја здрма музичката индустрија со појавувањето на сцената не покажала некој посебен успех. Изгледот не и е потребен бидејќи уште првиот албум испадна квалитетен и ја бутна до патот на успехот. Нејзините песни и ден денеска сите ги знаат, а таа сепак ужива на стара слава. Црната Аланис не се снајде баш најдобро во улога на плавуша. Изгледа дека плавата коса не ја подмлади.
6. Brad Pitt - Блажен помеѓу жените, Бред Пит растргнат помеѓу деца и трудната девојка Џоли, и понатаму останува предмет на обожување кај жените. Но сето тоа се одрази многу на неговиот изглед. Изглед како средновековен американец во потполност го уби неговиот сексипил. Затоа Анџелина ги доби сите епитети како најсекси мајка, најубава жена во светот и мајка на најслаткото дете во Холивуд. А Бред стана "очајна домаќинка".
Brittany Murphy
Alicia Silverstone
Naomi Campbell
Kelly Osbourne
Alanis Morisette