ИДНИНА ?

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Не помага со нив таков протест
Нашиве политичари велат, јас го победив Гранко или Гомко или некој друг го*но јадец и сега четири години ќе правам што сакам.
И тој ни вели: Каков закон ...Каков устав... Јас сум и устав и закон.
Проблемот со нашите (моментални и бивши) политичари е дека не завршиле како Борис Трајковски или барем како Киро Глигоров.И не од странци.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Зависи колку луѓе протестираат. Јас се изначитав постови од исфрустрирани луѓе на форумов, а кога иде време за протест(партиски необоен!), едвај се собираат 20-30 души. И уште не ми е јасно уште колку им треба... Што уште треба да се случи за народот да почне да се бунтува?

Инаку помагаат протестите, доколку луѓето не дозволат да се замешаат партии, бидат упорни, пружат масовен отпор и граѓанска непослушност.
Кога ќе видат поголема група од гневен народ, да видиш како ќе им спрпа и ќе почнат да ги менуваат работите. Се додека има послушни и потчинети пиунчиња, ќе играат така.

Да бидам искрена, толку сум гневна и разочарана, што за секоја извршена масовна неправда мене ми станува мило, затоа што сѐ е по заслуга. Жал ми е само што покрај толку многу имбецили, страда и оној мал процент од свесни луѓе, кои се премалку за да направат радикални промени.
Големите студентски протести 1968 година добро ги протресоа властодршците во Франција, Германија и САД
Тие беа една од причините за повлекувањето на Де Гол, Војната во Виетнам наскоро заврши, и многу други работи
Но властодршците научија лекција како да спречуваат вакви протести и денес се многу поподготвени.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881

Кај македонецот генетски е всадено дека друг ќе му ги реши проблемите и друг ќе се избори во негово име, како и се друго што добивал на тацна до сега и сега чека некој друг да дојде и да му ги реши проблемите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.513
Поени од реакции
11.579
Сите кои размислуваат за протести, треба да земат во предвид дека живееме во Вајмарската Република, но истовремено транзитираме кон Нацистичка Германија, со разликата што фирерот сеуште не се самопрогласил за извршител и уживател на претседателските и премиерските права и обврски истовремено, а денешните нацисти барем засега не етикетираат жртвени јагниња како што германските нацисти ги етикетирале Евреите како нелуѓе.

Или како што кажал германскиот лутерански пастир Мартин Ниемолер:

Прво дојдоа по комунистите,
а јас молчев бидејќи не бев комунист;

Потоа дојдоа по социјалистите,
а јас молчев бидејќи не бев социјалист;

Потоа дојдоа по синдикалците,
а јас молчев бидејќи не бев синдикалец;

Потоа дојдоа по мене,
а немаше кој да се побуни во мое име.

На овие строфи може да се додадат и строфите:

Потоа дојдоа по болните и инвалидизираните,
а јас молчев бидејќи не бев ниту болен ниту инвалидизиран;

Потоа дојдоа по Евреите,
а јас молчев бидејќи не бев Евреин;

и ред други.

Во јуни 2011 беше извршено убиство врз млад дечко на плоштад Македонија, на истата вечер кога политичката коалиција која победи на тогашните вонредни парламентарни избори во Република Македонија, славеше на истиот плоштад. Следуваа протести против полициското насилство, но истите беа забрзано и лесно прекинати поради внатрешна поделеност и етикетирање на припадници на едни и на други политички партии и невладини организации.

Кристално истото се случува постојано кога се организираат протести поради било што, спротивната страна веднаш ги бара виновниците во организаторите и во учесниците во протестите, наместо во самите проблеми поради кои се организирани протестите и вистинските виновници за истите тие проблеми.

Ова е исто како во Руската Империја, селаните се потчинети, работниците можат да бираат помеѓу некаква заработувачка, па макар и во нечовечки услови, или потчинетост исто како селаните, а буржоазијата и црквата се придружници на царот.

Февруарската буржоаско-демократска револуција во Русија во 1917 година ставила крај на царизмот и на Руската Империја, но дури откако војската, која се сочинувала претежно од селани, наместо да ја задушува револуцијата, застанала на страната на незадоволните работници и селаните, а на буржоазијата и станало јасно дека мора да бира - или ќе пропадне заедно со царот, или ќе мора да му го сврти грбот и нормално, за да си ги спасат сопствените задници, богаташите му го свртиле грбот на царот.

Кристално истото важи и денес, од една страна лесно може да се поделуваат луѓето на патриоти и предавници, а од друга страна многу е тешко да се убедат луѓето од сите слоеви на општеството да ги остават своите хирови, својата горделивост и своите политички убедувања настрана и да се обединат за заедничка цел - поголемо добро за сите граѓани.

Кристално истата љубов која ориѓани и битолчани ја имаат за скопјанчишчата, е еднаква со непостоечката обединетост помеѓу граѓаните кога треба да излезат и да протестираат против нешто.
 
A

AnFem

Гостин
Големите студентски протести 1968 година добро ги протресоа властодршците во Франција, Германија и САД
Тие беа една од причините за повлекувањето на Де Гол, Војната во Виетнам наскоро заврши, и многу други работи
Но властодршците научија лекција како да спречуваат вакви протести и денес се многу поподготвени.
Да. Затоа и народот мора да менува тактики.

Кај македонецот генетски е всадено дека друг ќе му ги реши проблемите и друг ќе се избори во негово име, како и се друго што добивал на тацна до сега и сега чека некој друг да дојде и да му ги реши проблемите.
За жал.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве нешто за „наша душа“
Во Швајцарија на 24 ноември ќе се одржи референдум за ограничување на платите во однос 1 : 12, јави Макфакс
http://makfax.com.mk/323289/vo_shvajcarija_referendum_za_ogranichuvanje_na_platite
А не кај нас, стотици илјади, млади школовани, бес работа и без денар а „ менаџерите“ 30 или 50 илјади евра месечна плата. Каква е логика натоа? Истовремено го*но јадците ми кажуваат приказна дека многу ја сакале Македонија
Оваа вест и ни покажува дека и рефередумот е начин да се бориме за ИДНИНАТА
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
Како прво на сите ни е јасно дека дискусијава оди во празно, ниту една ствар нема да се реализира како што ние сакаме (како што треба), затоа и јас ќе продолжам во таа насока и ќе кажам нешто што според мене е класична утопија.

Ќе зборувам општо за цел народ, не само за студентите. Читам тука нешто протести мотести, па какви протести бе луѓе, па дали знаете во каква ситуација сме кога протестираме, односно која е симболиката на протестот според мене? Тоа ти е "подигање раце" во смисла на самоодрана од камшикувањето од страна на оние на кои сме им го дале тој "камшик".

Треба добро да размислиме пред да го дадеме камшикот, поготово на оние на кои им го даваме по втор пат, тогаш се претестира според мене, а знаеме ли кога и зошто се дава камшикот, или тогаш ни е битно само да го нацртаме тоа крукче и не мислиме на ништо друго освен на ветените зборови, а да, во последно време и на оние зборови на закана, за жал. Не мислиме барем еднаш да употребиме едно вакво "X" и да си побараме тоа што ни треба.

Па немаме менталитет бе, немаме храброст, не знаеме дека ние народот сме државата, ние избираме кој ќе ни ги претставува интересите и дека можиме да казниме доколку се работи спротивно на нашите интереси.
Не знаеме дека гласаме во наша корист а не во нивна, тоа е проблемот, а кога ќе се соочиме со повредени права тогаш реагираме со протест. Можеби протестот успева негаде, тоа е the land of the moral, но тоа не сме ние.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
75
Поени од реакции
104
Да. Затоа и народот мора да менува тактики.

За жал.
Анфем дај објасни им напредни герила тактики: Како со сукало до тофу, или субверзивни колачиња со чоколаден прелив.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве нешто за „наша душа“
Во Швајцарија на 24 ноември ќе се одржи референдум за ограничување на платите во однос 1 : 12, јави Макфакс
http://makfax.com.mk/323289/vo_shvajcarija_referendum_za_ogranichuvanje_na_platite
А не кај нас, стотици илјади, млади школовани, бес работа и без денар а „ менаџерите“ 30 или 50 илјади евра месечна плата. Каква е логика натоа? Истовремено го*но јадците ми кажуваат приказна дека многу ја сакале Македонија
Оваа вест и ни покажува дека и рефередумот е начин да се бориме за ИДНИНАТА
На овој референдум 2/3 од Швајцарците гласале против
Имало голема предреферендумска кампања дека ако ги ограничат платите на директорите капиталистите ќе ги преселат компаниите во други земји
http://dnevnik.mk/?ItemID=C5A836DE9F8AC345A5DD6B2B23613DE4
 
Kajgana Shop

На врв Bottom