Зошто фрлате пари во приватните факултети?

Зошто фрлате пари за приватни факултети?

  • Не знаев дека мојот приватен факултет не е акредитиран

    Гласови: 1 3,4%
  • Ме излажаа дека е акредитиран и дека дипломата ми се признава

    Гласови: 7 24,1%
  • Не ми е гајле каков е таков е

    Гласови: 21 72,4%

  • Вкупно гласачи
    29
P

physician

Гостин
Не можам да сватам зошто има ученици коишто се запишуваат во приватните факултети?

Само овие се акредитирани од Министерството за образование:

II. ПРИВАТНИ ВИСОКООБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ: (акредитирани)
1. Приватен Факултет “ Бизнис Школа - Скопје”, Крушево.
2. Универзитет за Туризам и Менаџмент, Скопје.



Листата е земена од веб страната на МОН
Овде најдолу можете да видите http://www.mon.gov.mk/mk/obrazovanie/visoko/pvinstitucii

Па неможам да сватам зошто има уште толку загубени ученици и се запишуваат на приватните "факултети" а дипломите не и важат??
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Зошто факултетите го тврдат спротивното... :tapp:
Јас не би се запишал на ниту еден приватен факултет...
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Се запишав заради подобри услови за студирање, а не за да не учам.
Така што јас лично знам колку труд вложувам во моето образование и мене не ме интересира што некои даваат општо мислење за студентите на приватните универзитети дека не се квалитетни. Тврдам дека постојат одлични студенти и на приватните факултети.

А и тврдам дека дипломите се признаени, зашто голем број од дипломираните студенти од приватните универзитети се вработени.


И едно нешто запиша погоре само 2 факултети акредитирани.
Намерно не ги ископира овие подоле што ќе ги ставам?

I. ПРИВАТНИ ВИСОКООБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ: (имаат дозвола за започнување со работа)
1. Југо-Источен Европски Универзитет, Тетово:

  • Правен Факултет;
  • Економски Факултет;
  • Природно-Математички Факултет;
  • Факултет за Хуманистички Науки и Уметности;
  • Факултет за Прехрамбени Технологии;
  • Факултет за Деловна Администрација;
  • Факултет за Јавна Администрација и Политички Науки;
  • Факултет за Применети Науки;
  • Центар за Политехнички Студии;
  • Филизофски Факултет.
2. Прв Приватен Европски Универзитет: “Република Македонија”, Скопје:

  • Економски Факултет;
  • Факултет за Правни Науки;
  • Факултет за Политички Науки;
  • Факултет за Информатика;
  • Факултет за Уметност и Дизајн.
3. Прв Приватен Универзитет - ФОН, Скопје:

  • Факултет за Правни Науки;
  • Факултет за Економски науки;
  • Факултет за Политички Науки и Мегународни Односи;
  • Факултет за Спорт и Спортски Менаџмент;
  • Факултет за Информациски и Комуникациски Технологии;
  • Факултет за Детективи и Безбедност;
  • Факултет за Менаџмент со Животна Средина;
  • Факултет за Применети Странски Јазици;
  • Факултет за Дизајн и Мултимедија.
4. Универзитет “Њу Јорк”, Скопје:

  • Факултет за Бизнис Администрација;
  • Факултет за Информатика;
  • Факултет за Комуникации;
  • Факултет за Мегународни Односи;
  • Факултет за Англиски Јазик.
5. Универзитет “Американ Колеџ”, Скопје:

  • Факултет за Деловна Економија и Организациони Науки;
  • Факултет за Политички Науки;
  • Факултет за Правни Науки;
  • Факултет за Компјутерски Технологии и Информатика;
  • Факултет за Архитектура и Дизајн;
  • Факултет за Странски Јазици.
6. Универзитет за Аудио Визуелни Уметности – Европска Филмска Академија ЕСРА Парис – Скопје – Њу Јорк во Скопје:

  • Факултет за Театарски Уметности;
  • Факултет за Филмски Уметности;
  • Факултет за Сценски Дизајн;
  • Факултет за Применета Музика;
  • Факултет за Тонска Продукција.
7. Приватна Високообразовна Институција: Факултет за Бизнис Економија, Скопје.
8. Приватна Високообразовна Институција: Факултет за Туризам, Скопје.

9. Приватна Висока Стручна Школа Академија Италиана, Скопје.
10. Нов Балкански Факултет за Технологија, Скопје.
11. Нов Балкански Факултет во Скопје.
12. МИТ Универзитет, Скопје:

  • Факултет за Информатички Технологии, Скопје;
  • Факултет за Менаџмент, Скопје;
  • Архитектонски Факултет с.Локвица, Македонски Брод;
  • Факултет за Управување со Ресурсите во Животната Средина;
  • Академија по Гастрономија;
  • Факултет за Управување со ресурсите на Животната Средина и Рурална Средина.
13. Висока Професионална Институција за Бизнис Студии “Еуро Колеџ”, Куманово.
14. Висока Стручна Школа: “Бизнис Академија - Смилески – БАС, Скопје.
15. Меѓународен факултет за политички науки, Струга.
16. Меѓународен факултет за правни науки, Струга.
17. Меѓународен факултет за економски науки, Струга.
18. Висока Школа за Новинарство и Односи со Јавност, Скопје.
19. Мегународен Балкански универзитет, Скопје.


Сигурно и овие факултети се акредитирани зашто прво дел од нашата партиципација се плаќа за буџетот на државата и плус добиваме стипендии, ваучери од државата ...
И дел од студентите кои се дипломирани се вработени во државни институции.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
I. ПРИВАТНИ ВИСОКООБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ: (имаат дозвола за започнување со работа)

Не е исто со акредитирани :)
Со тоа што - би било жално ако сето ова се акредитира!
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.163
Поени од реакции
6.040
Не можам да сватам зошто има ученици коишто се запишуваат во приватните факултети?

Само овие се акредитирани од Министерството за образование:

II. ПРИВАТНИ ВИСОКООБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ: (акредитирани)
1. Приватен Факултет “ Бизнис Школа - Скопје”, Крушево.
2. Универзитет за Туризам и Менаџмент, Скопје.



Листата е земена од веб страната на МОН
Овде најдолу можете да видите http://www.mon.gov.mk/mk/obrazovanie/visoko/pvinstitucii

Па неможам да сватам зошто има уште толку загубени ученици и се запишуваат на приватните "факултети" а дипломите не и важат??

Листата што ја има на сајтот на МОН е застарена. Можете да го видите датумот - 08.08.2007. А, се прашувам кој е овој Приватен Факултет “ Бизнис Школа - Скопје”, Крушево и зошто баш тој би имал акредитација. Го барав на интернет и не можев да го најдам. Којзнае дали постои уште. Како што веќе реков, листата е застарена.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Zamisli se ova da se akreditira....Skopje ke stane najgolem studentski centar na balkanot. A koga zboruvame za privatni fakulteti ne mislime samo na EURM i FON pa ako zememe vo globala...malku kvalitetni studenti ima po privatnite fakulteti.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
I. ПРИВАТНИ ВИСОКООБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ: (имаат дозвола за започнување со работа)

Не е исто со акредитирани :)
Со тоа што - би било жално ако сето ова се акредитира!
Па Фон, Штул, Европски, Американ, Њу Јорк и академија Италијана се 100% акредитирани а ете академија Италијана не е дел од списоков.
Не ни приметив дека стара е листава веќе година дена.

Лично го имам видено документот од мојот факултет дека е акредитиран и го имам прочитано. Зборам за фон.
Значи кажав добиваме бенефиции од државата и воедно признаени ни се дипломите од државните институции кои вработуваат студенти од приватните.
 
P

physician

Гостин
Луѓе, листата на МОН беше ажурирана денес. Датата горе нема врска се пишува од човек, не е автоматска.

Вчера имаше 5 акредитирани факултети, а денес има само 2, затоа што веќе 3 не се акредитирани.

Немам ништо против приватните, во америка сите се такви, НО МНОГУ ВНИМАВАЈТЕ да не ве лажат!!!!!

Ако сакате квалитет и ако имате финансии подобро одете во странство, ако немат можност учете на државните.

Ова е страшно што мамат приватните, ова да беше во странство досега глави ќе летаа!

rosonerka: Факултетите од таа листа имаат дозвола за вршење работа, а после таа листа има листа кој факултети се акредитирани.

Можеш да најдеш работа со таква диплома само во твојата фирма, но не и во државните институции и сериозните компании, затоа што ќе треба во бирото за вработување да те запишат како со средно образование (затоа што дипломата не ти се признава - акредитирана)
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.163
Поени од реакции
6.040
Луѓе, листата на МОН беше ажурирана денес. Датата горе нема врска се пишува од човек, не е автоматска.

Вчера имаше 5 акредитирани факултети, а денес има само 2, затоа што веќе 3 не се акредитирани.
Е како може така вчера да биле акредитирани, а денес не?
 
P

physician

Гостин
Така просто, тоа се случува секој ден во странство и е нормално.

Акредитацијата има рок на траење обично 1, 5 или 10 години. Просто другите 3 ги загубиле условите за акредитација (на пример) и повеќе не се акредитирани.

Иначе меѓу тие 3 не беа ниту ФОН ниту Европски, туку помали факултети
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.496
Поени од реакции
8.017
Обично не мрчам, ама овојпат сум иритиран.

Средношколец ќе кажува кои факултети биле акредитирани кои не, каде вреди да се студира е каде не.
На крај и еден ГАФ!!!
Луѓе, листата на МОН беше ажурирана денес. Датата горе нема врска се пишува од човек, не е автоматска.
Јас би ти препорачал да го аднеш KaiTekk на MSN и да си правите на раат муабет за таа тема. И тој е матурант исто како и ти.
п.с. ќе ти каже како се прави сајт (ова ти е бонус).
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.163
Поени од реакции
6.040
Иначе меѓу тие 3 не беа ниту ФОН ниту Европски, туку помали факултети
Претпоставувам некои како овој Приватен Факултет “ Бизнис Школа - Скопје”-Крушево, за кои никој не слушнал.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
овде студирам јас
18. Висока Школа за Новинарство и Односи со Јавност, Скопје.
и знам дека е акдредитиран.

Луѓе, листата на МОН беше ажурирана денес. Датата горе нема врска се пишува од човек, не е автоматска.
да, да... ти си админ во мон :back:
 
P

physician

Гостин
Tonchie, имам 3 дипломи за високо образование од 2 странски држави. Долго време сум бил и во МК, и во САД и во Англија.

Со магистерска степен сум а сега аплицирам во UK за друга магистерска степен.

И на крај краева не е важно кој колку учел туку колку му се познати работите.

Веб страната вчера имаше 5 факултети, денес 2. Ако не ти се верува дека е листата точна јави се утре во министерството нека ти кажат.

Немам јас полза од тоа, туку новите студенти што аспирират и бараат информации во моментот, на нив им се крои иднината а не на мене.

Поздрав
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Луѓе, листата на МОН беше ажурирана денес. Датата горе нема врска се пишува од човек, не е автоматска.

Вчера имаше 5 акредитирани факултети, а денес има само 2, затоа што веќе 3 не се акредитирани.

Немам ништо против приватните, во америка сите се такви, НО МНОГУ ВНИМАВАЈТЕ да не ве лажат!!!!!

Ако сакате квалитет и ако имате финансии подобро одете во странство, ако немат можност учете на државните.

Ова е страшно што мамат приватните, ова да беше во странство досега глави ќе летаа!

rosonerka: Факултетите од таа листа имаат дозвола за вршење работа, а после таа листа има листа кој факултети се акредитирани.

Можеш да најдеш работа со таква диплома само во твојата фирма, но не и во државните институции и сериозните компании, затоа што ќе треба во бирото за вработување да те запишат како со средно образование (затоа што дипломата не ти се признава - акредитирана)
Јас потполно се сложувам со тебе дека треба да се внимава на кој факултет да се запише.

Иако двата факултети кои се запишани за комплетно акредитирани јас поима немам кои се.

Треба да се внимава кај човек се запишува и да си бара документ за акредитација. Со тоа што јас за мојот факултет го прочитав документот стои на огласна на универзитетот и си пишува кои се акредитирани факултети т.е кои насоки во тие факултети.

А за вработивање не може да ми кажеш дека државните институции не вработуваат лица од приватните факултети кои мои познаници се вработиле во влада, министерства и сл.
Исто е и со одлучни компании. Познавам многу лица кои се вработиле од приватните факултети.
Си се пријавиле на конкурс и биле избрани.

Мојот факултет барем зборам за ФОН соработува со голем број компании и даваа истите стипендии годинава за најдобрите средношколци и знам дека истите даваа пракса за студентите и некои од нив вработија.

И признати се дипломите затоа што се од акредитирани факултети.
Не дека го бранам факултетот ама кажувам од искуство и информирана сум за тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom