Зошто толку му се “отвораме” на форумов?

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Веќе 2 години сум на форумов и сум поминал низ повеќе фази и сум изначитал илјадници постови каде што членовиве горе-долу си го имаат раскажано животот, врската, дури и сексуални тајни кои ич не ме ни интересирале. Не дека јас не сум се отворал на форум(низ тие форумски фази) со цел да ми биде на некој начин “полесно” и до некаде успевало. Сепак никогаш не сум оддавал битни информации со кои можам да станам главна тема на попладневната собиранка во парк. Прашањето ми е: Која е потребата да се кажува се` на форум до степен на откривање детали кои не би требало секој да ги знае? Пишувате со цел да ве прочита одредена личност? И не ми кажувајте дека не сте се отварале... не сум неписмен, читам.:)

Ајде, отворете се.:)
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.556
Интересна тема:)

Па не знам зашто,така доаѓа спонтано не сум ни приметил :)
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Па доволно е еден да почне за да другите видат од него :pos2: Едноставно луѓето темата ја замислат како простор за во кој можат да се опуштат и кажат интимни работи и воопшто некои необични работи... а и убаво е да се разменуваат мислења т.е да се учи од туѓи грешки. :smir:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
И не ми кажувајте дека не сте се отварале... не сум неписмен, читам.:)
Јас не сум се отворил на форумов. (A)

Шознам да ти кажам брат. Тие шо ме знает, знает и дека се шо пишам на форум е искрено и баш ко шо мислам, ама не се отворам скроз. Имат појќе друштва на форумов, кои не се одлогирвет дур не прочитет кој шо напрајл, шо поручал фараон или шо проблем во животот се јавил кај некој пошо не ги наранал гулабите. Одбегнувам да се отворам комплетно или на одредени теми, за да не сум тема на дискусија во парк како шо не сакаш ни ти, или да ме дискутирет во Бариста ко ќе се соберет деци-мали. Сепак, шо и да напишиш, ќе ти се најт замерка и ќе те оговарет.

All in all, отворањето на форум пред стотици членови е лоша заебанција.
 
А

Александра Д.

Гостин
Гледам да не биде нешто претарано.... Но сигурно се отвораме бидејки не е тука чувството дека те знаат кој си, дека може да те исмеваат...
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Па ваљда зошто секоја личност има потреба да си ги каже проблемите и маките многу чудно е тоа што кога ми било најубаво во животот не сум била член на форум, туку сум го живеела животот, сега во последно време(последниве месеци)сум во длабока криза и така си пишувам на форум, да не бидам сфатена погрешно:smir:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Иначе, што е до темава, се отварам колку што скам, не верувам дека некој ги разбира работите што ги пишувам зашто се двосмислени и најчесто пишувани да разберат мал број на луѓе.
А и кога веќе сум пуштила да влезат у мој живот толку виртуелни ликови значи не ми е проблем приватноста.
А да, ако некој не сака да чита, барем тоа е лесно, нека не клика на темата.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Си имам одредена граница за информации што можам да ги кажам на форумот за мене. Гледам дека некои членови ептен се отвараат за својот приватен живот посебно во Драга Кајгана.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Ха-Ха
Која контрадикторност, тоа чудо едно.
Да не те интересирале таквите муабети ич нема да ги отвараш двете главни теми каде што луѓето си ги кажуваат приватните работи.
Така да, јасно е зашто се читаат таквите теми и повеќе од сигурна сум дека и ти и фантом(што се изјасни после тебе) дека оговарате откога ќе се начитате, така да ве молам тргнете си ги ореолите што си ги самонаметнувате.
Ти па барем Фантом доволно се имаш отворено на форум и пола живот ти го знаеме, така да нема потреба од преправање.
Да си кажам само дека не е ова нешто на лично ниво, ама стварно сте си контрадикторни со постовиве и со форумското однесување.
И не мислете дека сте главна тема на муабет зашто навистина не сте, гладиус е далеку позабавен од вас...:)

Иначе, што е до темава, се отварам колку што скам, не верувам дека некој ги разбира работите што ги пишувам зашто се двосмислени и најчесто пишувани да разберат мал број на луѓе.
А и кога веќе сум пуштила да влезат у мој живот толку виртуелни ликови значи не ми е проблем приватноста.
А да, ако некој не сака да чита, барем тоа е лесно, нека не клика на темата.
Дали ми го знаете пола живот или не, малце и ќе се поразмислиш. :wink:
Фала Богу дека ко ќе излезам јас не прам муабет за то дали ти си се измувала со Јован и слични трачој - едноставно не сте ми битни во животов.
Сум слушнал за мене секакви муабети шо излегле од форум, така да, не си ласкам, туку кажвам дека во некои друштва, можда и сум предмет на дискусија.
На пример, ти, Ливерпул фан, BliND, DonJas, marsovka, reactive89, Јован и уште неколку фаци сте ми на игнор листа. Зошто? Пошо мразам луѓе без живот и мозок, на кои главна преокупација им е кој со кого се измувал и кој што направил, а не си гледаат во дворот свој. Ете ти потврда дека не ги читам постовите кои не сакам, затоа што едноставно не сте ми битни.

Еве ти се отворив. Задоволна?
Сега да си го симнам ореолот, па ќе му се јавам на џимеј да го прашам зошто DonJas личи на Зазу од Лајн Кинг или зошто ти не си задоволна од новото розево дилдо.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Точно е дека некој ептен сериозно го сфаќа форумот.
Пред се јас лично го користам само за дискусии а не да земам и да се отварам за тоа што сум правел денес додека сум серел со весник во рака. Сето тоа го сметам како давање премногу лични информации. Ете баш од тие информации произлегуваат караниците што тек сега ќе почнат помеѓу икс особи кои наводно ќе станат лични што воопшто не е c00l -.-
Ете ја после причината за препуцавање преку форуми и мсн и слично - ДОДАТНИ ИНФОРМАЦИИ, такви информации што ги имаме во секојдневието помеѓу луѓето кои комуницираме лично две во две очи, помеѓу тие кои ни се реални пријатели а не што ги имаме во мсн контакти а никогаш ги немаме видено.
Сеедно останете си кул во врска со форумот дека сепак е само МЕСТО ЗА ДИСКУСИИ а не место за откривање лични информации кои после може да ги злоупотреби некоја сосема трета особа против нас. Знам луѓе од кои форумов ептен им влегол во животот и има воедно и големо влијание врз нив што тоа не е во ред, почнува форумот да им станува еден вид замарање со особи кои воедно и не ги знаеме лично.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прашањето ми е: Која е потребата да се кажува се` на форум до степен на откривање детали кои не би требало секој да ги знае? Пишувате со цел да ве прочита одредена личност? И не ми кажувајте дека не сте се отварале... не сум неписмен, читам.
Одговорот е многу едноставен - издувен вентил. На секој му е потребен издувен вентил, секој има различен начин на издувување, некому тоа е спортот, на некој текстот што ќе го напише на форум. Едноставно е полесно, знаеш дека си под ник, дека не те знаат, можеш да си напишеш се да ти биде полесно, без непотребни муабети зашто, кога, ама како...едноставно можеш да си се отвориш, да ти биде полесно... Барем си кажувам од моја гледна точка, за некого можеби друга е причината.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Се отворив на моменти али очигледно е дека било тоа грешка. Форумов мислев само е место каде што можам да се исфурам и на никого да не му биде гајле со тоа што си мислев дека на никого не го интересира тоа што јас го мислам. Али со отварање на вакви теми очигледно дека не е така...
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.757
Поени од реакции
5.032
За мене све е забава .
Порано не се замаравте толку ,поопуштено беше , па и да ако се отворил некој член -сигурно знае дека сите може да прочитаат ...уживајте .сите сте топ овде на форумов ... порано не се замаравте толку ... мене ми е сеедно кој колку се отворил..
Лове ју алл :smir:
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Сега сериозно. Мене ми се занимливи туѓите животи и јас мојот живот го споредувам со другите и заклучувам дали сум нормален или не сум нормален. Значи мене форумот ми ги отвори очите и јас ги охрабрувам сите тие отворања, затворања и одново отворања се со цел да ми послужат како мерило за моите понатамошни постапки и сексуални акти.
POZDRAV :salut:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ајде малце смирете нервите, отидовте оф-топик.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom