Зошто прво пари па потоа операција, а се работи за живот?

Член од
30 ноември 2012
Мислења
96
Поени од реакции
90
Прочитав една статија во еден хрватски медиум која што страшно многу ме погоди ..
http://www.24sata.hr/komentari/dirljivo-pismo-majke-vratimo-osmijeh-na-lice-nase-nore-fore-300129

Ако читате во коментари долу ќе видите всушност што значи поимот ЧОВЕК ... тие луѓе споделуваат и донираат колку што можат, некои од нив дури се во страшни минуси но сепак донираат...

Но прашањето во темава ми беше друго... Зошто болниците насекаде низ светот, па и кај нас , бараат прво да се исплати целосно сумата за операцијата па да ја извршат операцијата... Зошто не може да се уплати дел па потоа да се исплаќа останатото?
Па тие се сите доктори, образовани луѓе кои што се колнат дека ќе направат се за да спасат нечиј живот. А замислете во случајот погоре се работи за девојче од 5 години кое што уште ништо не видело од животот , а видете какви проблеми има... Уште поболно е за родителите што знаат дека лек постои а немаат ПРОКЛЕТИ ПАРИ за да платат операција... замислете колку блиску до излезот, а толку далеку ...
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.406
Поени од реакции
7.623
Ниеден производител на лекови, медицински апарати и медицински потрошен материјал, не дава од своите производи бесплатно...
 
Член од
30 ноември 2012
Мислења
96
Поени од реакции
90
Ниеден производител на лекови, медицински апарати и медицински потрошен материјал, не дава од своите производи бесплатно...
Не реков бесплатно... туку да се уплати колку што има а потоа да плаќаат како што собираат пари ... сигурно во овај случај еве, ако се направи операцијата овие родители дека ќе платат , ако треба 10 години потоа мизерно ќе живеат ама ќе исплатат... тие луѓе му го спасиле чедото...
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.077
Поени од реакции
6.699
СЕ си има цена на светот,за екипирање,опремување и одржување на таква установа,како и доопремување со најнова технологија и знаење треба многу да се вложи

нешто за да опстои треба успешно да се менаџира,па ниту болниците не се премостени од тој проблем

ете на пример државата може да спроведи посебен данок кој ќе полни еден буџет со кој сите би се лекувале по потреба,арно ама нема заинтересирани тоа да го спроведат

се работи за голем бизнис,ако немаш пари веќе никој не те прашува или го интересира дали можеш или не да платиш за да можеш успешно да се излекуваш
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.406
Поени од реакции
7.623
Не реков бесплатно... туку да се уплати колку што има а потоа да плаќаат како што собираат пари ... сигурно во овај случај еве, ако се направи операцијата овие родители дека ќе платат , ако треба 10 години потоа мизерно ќе живеат ама ќе исплатат... тие луѓе му го спасиле чедото...
Болниците не се банки.

Тоа е суровата реалност...
 
Член од
30 ноември 2012
Мислења
96
Поени од реакции
90
Болниците не се банки...
Ако не се банки зошто собираат пари ? ... Тие се задолжени да спасуваат нечии животи а не да профитираат од болестите на другите...
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.406
Поени од реакции
7.623

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.821
Ниеден производител на лекови, медицински апарати и медицински потрошен материјал, не дава од своите производи бесплатно...
Ниеден од тие производители на лекови, медицински апарати и медицински потрошен материјал, не дава од своите производи за онолкава сума која одговара на нивната реална вредност. Секогаш се тука да те прегорат. Бизнис е во прашање или мафија како и да е. Тука е би рекол повеќе болката....
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.406
Поени од реакции
7.623
Здравствените системи се најболната точка дури и во најразвиените западноевропски земји кои се познати по својата добра социјална политика.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.564
Поени од реакции
34.944
За жал, суровата реалност е таа.
Како БИ требало да биде е друга работа.
Има една поговорка која вели ‘‘парите на рака, Мара за рака‘‘ или‘‘ Плати, па клати‘‘- исто е и со болниците.
Секоја фирма производител на лекови, медицинска опрема (која чини многу), стручен кадар, одржување на самите болници, се се тоа пари во прашање.
Приватните клиники никнуваат како печурки, се е тоа чист профит за газдите, фирмите произведувачи и сл.
Човечкиот живот веќе одамна се гледа само преку призмата на парите.
И се сложувам, здравствените системи дури и во најразвиените земји се една од најболните точки.

Со новите измени во Македонија пациентите кои ќе имаат потреба за лекување во странство, тоа ќе можат да го направат со плаќање на најмногу 200 евра или 12,000 денари, а остатокот од износот колкав и да, ќе го плаќа државата.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.406
Поени од реакции
7.623
Со новите измени во Македонија пациентите кои ќе имаат потреба за лекување во странство, тоа ќе можат да го направат со плаќање на најмногу 200 евра или 12,000 денари, а остатокот од износот колкав и да, ќе го плаќа државата.
Звучи прекрасно, се надевам дека во практика ќе функционира како што треба.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Затоа што на светот му се потребни пари, не му е гајле за тебе или за мене, гајле му е за парите, не за џабе појаките опстануваат.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.613
Поени од реакции
31.821
http://www.imdb.com/title/tt0386032/
Документаркава ако ја нема некој гледано за парите и здравството. Поголемо задржување за состојбата во Америка, која нели треба да биде некаков си пример, но тука нешт не е ко шо треба.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.921
Поени од реакции
1.440
Прочитав една статија во еден хрватски медиум која што страшно многу ме погоди ..
http://www.24sata.hr/komentari/dirljivo-pismo-majke-vratimo-osmijeh-na-lice-nase-nore-fore-300129

Ако читате во коментари долу ќе видите всушност што значи поимот ЧОВЕК ... тие луѓе споделуваат и донираат колку што можат, некои од нив дури се во страшни минуси но сепак донираат...

Но прашањето во темава ми беше друго... Зошто болниците насекаде низ светот, па и кај нас , бараат прво да се исплати целосно сумата за операцијата па да ја извршат операцијата... Зошто не може да се уплати дел па потоа да се исплаќа останатото?
Па тие се сите доктори, образовани луѓе кои што се колнат дека ќе направат се за да спасат нечиј живот. А замислете во случајот погоре се работи за девојче од 5 години кое што уште ништо не видело од животот , а видете какви проблеми има... Уште поболно е за родителите што знаат дека лек постои а немаат ПРОКЛЕТИ ПАРИ за да платат операција... замислете колку блиску до излезот, а толку далеку ...
За плаќање на рати со камата има банки, (скраја да е) ќе земе некој кредит за да си го спаси живот, и ќе го отплаќа 3 генерации понатаму. Се на се, на еволуциско ниво во поголеми временски рамки со контролирана камата доколку пациентот преживее се исплати. Сепак ова е само теорија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom