Сите го живееме животот со причина. Се што се случува наоколу се случува со причина.
Детството, раниот развој, тинејџерските години, спиењето, јадењето, образованието, работата, староста, другарство, љубов. смеење...итн.
Сето ова се случува со некоја причина и со помош на нашите постапки се одвиваат работите и тераме низ годините. Сите зависиме еден од друг на некој начин.
Кога ќе ги согледате добро горенаведените работи, всушност треба да го имате одговорот на значењето на животот.
Има причина зошто се едуцираме, има причина зошто сакаме, има причина зошто спиеме, има причина зошто се смееме. Има причина за се што ни се случува. Тие причини ни пружаат задоволство, среќа и уживање во животот, а воедно и ни го даваат одговорот за вистинското значење на животот.
Според мене, причината е главната поента на животот.
Тоа што се случува по завршувањето на нашиот живот сеуште никој не го знае. Ама верувам и дека има причина зошто секој од нас еден ден ќе ја дочека смртта.
Сеуште никој не докажал всушност зошто постоиме (и тешко дека ќе докаже), ама се додека сум јас среќен и гледам задоволство во горенаведените работи, за мене причината на животот и нашето постоење е повеќе од јасна.