Зошто постоењето на Господ не е очигледно?

D

Daedalus

Гостин
Ја уште немам расчистено со тоа дали знам или не, и правилно би било да се декларирам како агностик?
Да де. И атеистите и теистите се агностици, тоа ти кажуем.
Ако си агностик и истовремено нема некое божество/ва у кое/и веруваш, исто така си и атеист.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Да де. И атеистите и теистите се агностици, тоа ти кажуем.
Ако си агностик и истовремено нема некоја форма на божество у кое веруваш, исто така си и атеист.
Телемитите гностици ли се ?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ја уште немам расчистено со тоа дали знам или не, и правилно би било да се декларирам како агностик?
Не, не е правилно. Нема ништо измеѓу атеист и теист. Или си едното или другото, нема трето. Ај запрашај се во кој тоа бог ти веруваш. Зевс? Один, Сварог? Јахве?.....
 
D

Daedalus

Гостин
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
И атеистите и теистите се агностици.
Агностицизам се бави со прашањето, „Можеме ли да знаеме со сигурност, дали постои Бог?“, на што одговорот е, „не“.
Откако некој ќе расчисти со тоа дека не може да „знае“, потоа одлучува дали „верува“ (теист) или „не верува“ (атеист), во постоењето на Бог.
И откако ќе одлучи дали верува или не, му останува да реши (главно географијата и предците се грижат за овој дел, со незанемарливи исклучоци) на кое божество ќе му укаже доверба. И ако докажувањето на постоењето на Бог како таков оди тешко, уште потешко е докажувањето дека постои конкретен Бог. Од друга страна, додека верата е тоа што треба да биде - вера, тогаш секој со своето и никој не би требало да си има проблем. Освен ако од некоја конфесија ептен не ја зезнат работата.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Не, не е правилно. Нема ништо измеѓу атеист и теист. Или си едното или другото, нема трето. Ај запрашај се во кој тоа бог ти веруваш. Зевс? Один, Сварог? Јахве?.....
Тоа е игра на зборови. Што ако некој има некоја лична претстава за Бог и верува дека постои Бог, он атеист ли е?
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
И чисто пошто многу ја прават таа грешка...
Неверување во постоењето на Бог =/= Верување во непостоење на Бог.
Да ама ти велиш верување у непостоењето на божества е поправилно а вака ако го преведеш испаѓа поправилно неверување во постоењето на божества.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Тоа е игра на зборови. Што ако некој има некоја лична претстава за Бог и верува дека постои Бог, он атеист ли е?
Јас имам претстава дека универзумот е бог. И атеист сум. Се може да се нарече бог. Се додека не е претстава на бог кој е веќе “постои“ е атеист.
Гностицизмот (и агностицизмот како спротивност) е само дополнување на парот теизам-атеизам. Никако нешто трето.
Да ама ти велиш верување у непостоењето на божества е поправилно а вака ако го преведеш испаѓа поправилно неверување во постоењето на божества.
Погрешно си го разбрал Дедалус. Истото го зборувате.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Јас имам претстава дека универзумот е бог. И атеист сум. Се може да се нарече бог. Се додека не е претстава на бог кој е веќе “постои“ е атеист.
Гностицизмот (и агностицизмот како спротивност) е само дополнување на парот теизам-атеизам. Никако нешто трето.
Епа да ми извинеш, ама не си атеист. Но јас сум никој и ништо да ти го спорам правото да се декларираш како таков.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Епа да ми извинеш, ама не си атеист. Но јас сум никој и ништо да ти го спорам правото да се декларираш како таков.
Е па да ми извиниш, грешка си. Сакаш да кажеш дека универзумот не постои или не може да се види?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Настрана религииве, нешто кое што ме иритира е фактот што помодарство стана да се биде атеист, за една личност да се декларира како верник или атеист мислам дека треба да аргументира со што ќе го образложи (не)верувањето во натприродно.
А се повеќе се среќавам со личности кои се атеисти затоа што глупо им е у 21 век да се верува во нешто натприродно или верници кои што едино ја продужуваат традицијата и тука завршува дискусијата.
Реално потребно е знаење од неколку различни сфери за дискусија на тема теизам вс атеизам.

Лично ја оставам простор дека постои нешто натприродно и засега се вбројувам у агностици се додека не соберам доволно знаење и против аргументи дека ништо не постои или обратно.
Во секој период има работи што се модерни и што не се модерни. Едно време било прилично незгодно да тврдиш дека си атеист, агностик, незнам што. Па и сега имаш места каде што би било пожелно да се изјаснииш како верник. Денес, кај нас, можеби не е така атрактивно да се биде верник како порано, посебно не верник кој се крсти или скраја да е, се разнесува во автобус.

Во основа не се работи за знаење, се работи за верување или за неверување. За прифаќање или за неприфаќање.
 
D

Daedalus

Гостин
Да ама ти велиш верување у непостоењето на божества е поправилно а вака ако го преведеш испаѓа поправилно неверување во постоењето на божества.
Не си ме разбрала баш најдобро.
Јас пишав:
„Неверување во постоењето на божества =/= верување во непостоењето на божества.“
Тоа значи:
„Неверување во постоењето на божества“ не е исто со „верување во непостоењето на божества“. Првото е атеизам.
Од друга страна, додека верата е тоа што треба да биде - вера, тогаш секој со своето и никој не би требало да си има проблем. Освен ако од некоја конфесија ептен не ја зезнат работата.
За жал, де факто друга е причата. Тешко е исто да се постават нормативи за тоа што треба да биде верата, а што социјалното практикување на религијата. Религијата играла космолошка, етичка, политичка, психолошка и каква ти све не улога за нашите предци, служела како социјална кохезија. Денес би требало да се сведе на „вера“, али за жал, не работи така човечката психологија.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Е па да ми извиниш, грешка си. Сакаш да каѓеш дека универзумот не постои или не може да се види?
Не, сакам да кажам дека тоа е твој концепт на божество и поради тоа не можеш да бидеш атеист. Доколку утре одлучиш да ја шириш твојата религија каде Универзумот е Бог, ќе бидеш ли сеуште атеист заедно со твоите следбеници?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom