Зошто постоењето на Господ не е очигледно?

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Не, сакам да кажам дека тоа е твој концепт на божество и поради тоа не можеш да бидеш атеист. Доколку утре одлучиш да ја шириш твојата религија каде Универзумот е Бог, ќе бидеш ли сеуште атеист заедно со твоите следбеници?
Правиш разлика? Јас велам “бог“ ти велиш “Бог“. Немам намера ништо да ширам ниту па е тоа некаква си религија. А боговите и религиите се па сосем 2 различни работи, но тоа е веќе друга лекција.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Не си ме разбрала баш најдобро.
Јас пишав:
„Неверување во постоењето на божества =/= верување во непостоењето на божества.“
Тоа значи:
Неверување во постоењето на божества не е исто со верување во непостоењето на божества. Првото е атеизам.

За жал, де факто, друга е причата. Тешко е исто да се постават нормативи за тоа што треба да биде верата, а што социјалното практикување на религијата. Религијата играла космолошка, етичка, политичка, психолошка и каква ти све не улога за нашите предци, служела како социјална кохезија. Денес би требало да се сведе на „вера“, али за жал, не работи така човечката психологија.
Е да, не работи. Сепак е тешко да се ослободиме од извесни товари и покрај тоа што околу нас се одвиваат процеси (и космолошки и етички, политички и психолошки) кои „верата“ не ги предвидела, а други пак, кои биле присутни кога верниците жареле и палеле одамна се застарени.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.090
Поени од реакции
15.952
Правиш разлика? Јас велам “бог“ ти велиш “Бог“. Немам намера ништо да ширам ниту па е тоа некаква си религија. А боговите и религиите се па сосем 2 различни работи, но тоа е веќе друга лекција.
Која е разликата?

Јас кога пишувам за Бог, мислам на некој или нешто ( сепак не би го персонифицирал или објективизирал, но нема друг начин ) што е извор на се што постои и креатор на животот / Животот ( вака поубаво делува).

Што е тогаш бог?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Која е разликата?

Јас кога пишувам за Бог, мислам на некој или нешто ( сепак не би го персонифицирал или објективизирал, но нема друг начин ) што е извор на се што постои и креатор на животот / Животот ( вака поубаво делува).

Што е тогаш бог?
Знаеш кога се пишува голема буква нели? Граматика нема потреба да те учам. А бог може да е се. И камен и вода, и сонце и небо и што год ми текне на памет. Збор како и секој друг.

П.С. Потпрашање, кој (или што) е бог во будизмот, џаинизмот, конфучијанизмот.
 
D

Daedalus

Гостин
Не, не е правилно. Нема ништо измеѓу атеист и теист. Или си едното или другото, нема трето. Ај запрашај се во кој тоа бог ти веруваш. Зевс? Один, Сварог? Јахве?.....
Правилно е, бидејќи станува збор за различни прашања. Агностицизмот се бави со „знаење/незнаење“, а теизмот/атеизмот, се бават со верување/неверување.
Ако некој „знае“, ондак нема потреба да се декларира ко атеист или теист, бидејќи више знае.
Откако некој ќе воочи дека „не знае“, после тоа следува дали ќе верува или нема да верува. Агностицизмот не е средна варијанта измеѓу теизмот и атеизмот, туку нужно филозофско стојалиште кое некој мора да го има, ако сака да се декларира како „атеист“ или „теист“. Многу луѓе кои се декларираат како „теисти“ и „атеисти“, се однесуваат како да знаат дека Бог постои или не постои, ама тоа е резултат на нивно неразбирање што овие термини значат.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.090
Поени од реакции
15.952
Знаеш кога се пишува голема буква нели? Граматика нема потреба да те учам. А бог може да е се. И камен и вода, и сонце и небо и што год ми текне на памет. Збор како и секој друг.

П.С. Потпрашање, кој (или што) е бог во будизмот, џаинизмот, конфучијанизмот.
Аха, те капирам. Ако некој одлучил да верува во каменот, он верува во бог. Или пак грешам?

Сепак јас не се согласувам со ова.

П. С. Не знам кој е / што е бог во будизмот, џаинизмот, но сепак тие како филозофии / религии или што и да се, пропагираат одредени законитости, правила, би ги нарекол природни или космички, кои науката никогаш не ги утврдила ( не се ни занимавала со нив) и немаат место во научниот свет. Сепак тоа има врска со духовноста, не со науката.

На крајот, како можеш да проучуваш, испитуваш и мериш метафизички концепти?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Правилно е, бидејќи станува збор за различни прашања. Агностицизмот се бави со „знаење/незнаење“, а теизмот/атеизмот, се бават со верување/неверување.
Ако некој „знае“, ондак нема потреба да се декларира ко атеист или теист, бидејќи више знае.
Откако некој ќе воочи дека „не знае“, после тоа следува дали ќе верува или нема да верува. Агностицизмот не е средна варијанта измеѓу теизмот и атеизмот, туку нужно филозофско стојалиште кое некој мора да го има, ако сака да се декларира како „атеист“ или „теист“. Многу луѓе кои се декларираат како „теисти“ и „атеисти“, се однесуваат како да знаат дека Бог постои или не постои, ама тоа е резултат на нивно неразбирање што овие термини значат.
Така де сосем си во право. Тоа и јас го реков. Недоразбирањето е поради тоа што тој/таа го гледа агностицизмот како нешто измеѓу.
Аха, те капирам. Ако некој одлучил да верува во каменот, он верува во бог. Или пак грешам?

Сепак јас не се согласувам со ова.

П. С. Не знам кој е / што е бог во будизмот, џаинизмот, но сепак тие како филозофии / религии или што и да се, пропагираат одредени законитости, правила, би ги нарекол природни или космички, кои науката никогаш не ги утврдила ( не се ни занимавала со нив) и немаат место во научниот свет. Сепак тоа има врска со духовноста, не со науката.

На крајот, како можеш да проучуваш, испитуваш и мериш метафизички концепти?
Ништо не разбираш. Друга е поентата. Во што сака нека верува, ако не верува во богови е атеист.
Во религиите што ги спомнав нема богови. Затоа ја зедов паралелата за да видиш дека религија и богови не одат секогаш заедно.
 

VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Како ќе биде очигледно нешто што не постои?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Како ќе биде очигледно нешто што не постои?
А кој вели дека Он не постои?
Ти велиш дека не постои и твојот збор стануе несоборлива вистина?

И, ако Бог не постои, од каде толку Негови следбеници и поклоници?
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Значи постојат само видливи и очигледни работи? Некоја далечна ѕвеазда што неможе да ce види значи не постои? Работата е во тоа може ли разумот/психата/душата, да влезе во синергија со духот, или телото и страстите надвладеале над неа.При таа синергија верата е природна.Совеста е еден од методите за постигнување на таа синергија, да ја слушаме совеста и кога не ни одговара(не му одговара на егото).
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.239
Поени од реакции
78.860
Значи постојат само видливи и очигледни работи? Некоја далечна ѕвеазда што неможе да ce види значи не постои? Работата е во тоа може ли разумот/психата/душата, да влезе во синергија со духот, или телото и страстите надвладеале над неа.При таа синергија верата е природна.Совеста е еден од методите за постигнување на таа синергија, да ја слушаме совеста и кога не ни одговара(не му одговара на егото).
и ти мислиш дека во насловот на темава, зборот очигледно има буквално значење - да се види со очи?
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
и ти мислиш дека во насловот на темава, зборот очигледно има буквално значење - да се види со очи?
Не сум го толкувал насловот, но и да го нема значењето за осознаемост преку видот, пак пишав во таа насока, дека човечките телесно-психични спознавачки можности не се апсолут.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
383
Поени од реакции
210
А кој вели дека Он не постои?
Ти велиш дека не постои и твојот збор стануе несоборлива вистина?

И, ако Бог не постои, од каде толку Негови следбеници и поклоници?
И шива и алах имаат многу следбеници, дали значи дека постојат?
Според тебе секако не заради тоа што за тебе постои само христијанскиот бог.
Кога се поставува ова прашање треба да се наведе кој бог, пошо има многу религии и многу богови.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VMP

Kajgana Shop

На врв Bottom