Зошто не ве сакам вас како неа?

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
55. Софија, која ја викаат нероткиња, мајка е на ангелот и дружба на Спасителот. Спасителот ја сакаше Марија Магдалена повеќе од сите ученици. И често ги бакнуваше усните нејзини. Останатите ученици беа љубоморни на неа. Го прашаа “Зошто ја сакаш неа повеќе од нас?“ Спасителот им одговори и рече “Зошто не ве сакам вас како неа ?“
Евангелие по Филип
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Тоа само докажува дека Исус има поколение. И Исус бил евреин а еврејската вера вели дека мора да се ожениш, што значи Исус бил оженет за неа. Сигурно си имале и бебе и на денот на распнувањето Магдалена со својот вујко побегнала во Франција каде што после основале династија (заборавив како се викаше)
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Мервиншка династија
Таја теорија крена прашина во 80 десетите (многу пред Да Винчиевиот код), за разлика од Да винчи кој е пишан во некој крими трилер стил (со примеси на Ладдлам) книгата Света крв свети грал беше на ниво на истражување на екипа од ББЦ и работите ги прикажа на документарен начин. Но на страна од тие видувања, Исус за кој не знаеме ни по евангелијата каде бил и што правел 30 години пред да го полни делото, се опишува (или споменува) како рабин, спрема доста строгите еврејски закони во тоа време не можеше жена слободно да се движи во придружба на маж кој не и е сопруг или близок роднина (на страна што рабин се претпоставува да е оженет маж). Исус никаде (ако се суди према евангелијата) не го осудувал бракот ниту бил протиов брак, така да не е ништо чудно да имал жена (почудно би било во тоа време на тие години и како рабин да немал)
Но прикаските за Исусовото семејство некако фалат во евангелијата (освен неколку напомени дека имал браќа и сестри). Дури и ликот на мајката Марија е до максимум маргинализирана во пишувањата, а да не зборуваме за Јосиф - таткото. Судбината на тие двајца е мистерија.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Исус не бил женет.

Четирите канонски евангелија (по Матеј, Марко, Лука и Јован) се единствените евангелија напишани во 1от век (додека сеуште имало очевидци кои можеле да се спротистават на нив и да речат "Чекај малку, ние видовме, не беше така"). Знаејќи го овој факт, нивната веродостојност е далеку неспоредлива со апокрифните евангелија од 2век, 3век, 4век, или што е најсмешно, со новокомпонираните "евангелија" од 21век, кои за чудо или не, публиката најмногу ги прифаќа иако и самите нивни автори велат дека напишале роман и нивната цел била чисто комерцијална.


Значи, во 4те канонски евангелија не пишува дека Исус бил женет. Прашање до ситекои сметаат дека Исус бил женет:
Ако е навистина така, одговорете ми тогаш зошто тоа би го криеле евангелистите? Зарем бракот е грев? Зарем Исус, хипотетички гледано, направил некое срамно дело со тоа што се "оженил" со Марија Магдалена па сега евангелистите треба да го кријат тоа во своите сведоштва?
Зошто евангелистите не спомнале никаква "жена на Исус" во евангелијата?

Хинт: Затоа што не постоела таква ;)
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Ти фали уште да го споменеш ова:
Некои говореа: "Марија затрудни од Светиот Дух". Се лажат! Не знаат што зборуваат! Дали некогаш жена од жена затруднела? (II 55)
Да ја спомнеш двополовоста на Јахве ..(онаа во Битие) и јас да бидам среќен како куче во лифт.
Премногу е глупо да би било вистинито..посебно ако датира од 3 век од некој си WANNA BE.. апостол.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
евангелијата (оние кои се влезени во Новиот завет) се настанати во период 70-120 година НЕ и немаа назив
Прв пат како ЕВАНГЕЛИЈА се споменуваат во150 сетата година
Имињата Матеј Марко Лука и Јован го добиваат во 4ти век.
Тие не се напишани од некој кој го видел и слушнал Исус пошто кога би ги споиле во едно дело би виделе дека Исус физички не би можел да биде на толку разни места во толку разни моменти, дека неговите постапки, зборови та дури и историјат се разликува еден од друг.
Во самиот почеток и првите децении на христијанството не постоеа светите книги ниту цркви. вернбиците се собираа по куќи или на ливади и таму разговараа раскажуваа и се молеа. Во првите векови пак настанаа (покрај евангелијата кои се влезени во Новиот Завет) и мнооогу други евангелија и пишувања кои разни цркви ги користеа во своите служби. Ова денес што го имаме се компилации и одбрани книги од страна на луѓе кои имаа мнозинство по соборите црковни

Ти фали уште да го споменеш ова:
Некои говореа: "Марија затрудни од Светиот Дух". Се лажат! Не знаат што зборуваат! Дали некогаш жена од жена затруднела? (II 55)
Да ја спомнеш двополовоста на Јахве ..(онаа во Битие) и јас да бидам среќен како куче во лифт.
Со што ја отворив темата “Мојот Татко и мојот татко кој е на небото“?
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
55. Софија, која ја викаат нероткиња, мајка е на ангелот и дружба на Спасителот. Спасителот ја сакаше Марија Магдалена повеќе од сите ученици. И често ги бакнуваше усните нејзини. Останатите ученици беа љубоморни на неа. Го прашаа “Зошто ја сакаш неа повеќе од нас?“ Спасителот им одговори и рече “Зошто не ве сакам вас како неа ?“
Евангелие по Филип
па како можеш да пишуваш вакви глупости?од каде ти вакви информации?кај го најде во Библијата евангелиото по Филип?
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Глупости???

хахаха дете палаво...

Новиот завет не постоеше се до 4ти век, значи 4 века христијаните за Исуса, за неговото учење, читале и узнавале од бројни евангелија, посланија, пишувања. Евангелие по Тома, Евангелие по Марија, Евангелие по Јакова.... Посланиата на Петар, Откровение на Јаков.... имаше преку 30 евангелија и купови други посланија, откровениа, расправи, пишувања.....

После тоа во 4ти век седнале едни чичковци и се договориле кои книги да влезат а кои да не влезат во Новиот завет. Али ни тоа не било дефинитивно пошто одпрвин Откровението на Јован било отфрлено, па после уфрлено, па послението на Петар беше во Новиот завет па после и него го отфрлија. Овие пишувања за кои мислиш дека се “глупост“ се записи на раните христијани, на луѓе верници, кои се најдени во остатоците на древни манастири и храмови христијански. Историјата на христијанството, не само е Библијата, има мноооогу тука што ние озбилните чичковци го изучуваме и проучуваме, не е историја филмот “Гладијатор“ ниту верата филмот со Чарлтон Хестон кој за велигден се дава на МТВ.
Има тука многу повеќе.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
члену!те сметав за поозбилна личност,што знае што пишува на форумов!но изгледа сум грешел!молимте не се срами!
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Како бе поинаку да ти објаснам, пиле малечко, Како да ти објаснам работи за кои се потребни години и децении истражувања, читања, размислувања?? Што аргументи и факти изнесе ти на дискусијата?!?!?!? Празен (чамче) муабет на тема за која очигледно не ја познаваш, сакам да ти помогнам да сфатиш, та затоа си зедов слобода, да прочитам некои твои дискусии низ форумот.. што си рекол, кои се твоите размислувања... сфаќања... тежнеења, да ја оценам тежината на моите зборови, да проценам дијапазонот на познавања кои ги поседуваш за да не те збунам со непотребно, за да не те навредам со основно..... и искрено да ти кажам, не знам што и како да ти кажам. Треба да почнам од прапочетоци и полека трпеливо да го градиме зданието на познавањето, па да можеме да дискутираме на ова тема издржано.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
не сакам никакви дискусии на оваа тема!јас не можам да поверувам во тоа што го кажуваш ти!јас и ти имаме очигледно имаме различни сваќања поврзани за темава!тоа што ти цело време го докажуваш е за мене глупост!нема потреба да ми правиш никаква анализа за да дознаеш со кои зборови да ми се обратиш,мислам дека сум доволно начитан и образован за да можам да те разберам што сакаш да ми кажеш!мислам дека сум доволно паметен за не поверувам во тоа што го кажуваш.
што значи дека-јас и ти ќе дискутираме,но не на оваа тема!ок?
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Ti be clen ke pocnes da stavas razdel da ne me bolat ochi mene ?

Inache normalno deka imal Isus zena zar pa toa e grev ?

Grev ne e da imash sex i da sakas grev e da lazesh deka imash sex a nemash :)

Inace nekoj cital toa izgubenite evangelija izgleda mi a pravo Vi kazam imaat logika ama i pred toa ima uste nesto pa pred toa uste nesto i na kraj ja sum najpameten i na ovaa tematika zakljucok :)
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
не сакам никакви дискусии на оваа тема!јас не можам да поверувам во тоа што го кажуваш ти!јас и ти имаме очигледно имаме различни сваќања поврзани за темава!тоа што ти цело време го докажуваш е за мене глупост!нема потреба да ми правиш никаква анализа за да дознаеш со кои зборови да ми се обратиш,мислам дека сум доволно начитан и образован за да можам да те разберам што сакаш да ми кажеш!мислам дека сум доволно паметен за не поверувам во тоа што го кажуваш.
што значи дека-јас и ти ќе дискутираме,но не на оваа тема!ок?

Не сакаш дикусии а пишуваш постови и дискутираш со мене !?!!? Форум е ДИСКУСИЈА, значи јас ставам некое мое мислење ти одговараш со свое..... доа е ДИСКУСИЈА. Ти ДИСКУТИРАШ ДЕКА НЕ САКАШ ДА ДИСКУТИРАШ. Парадокс. Дали си начитан? не велам дека си начитан но не и за темите кои ги пишувам, можеби си читал некои други области, некои други книги, можеби си го читал Кнут Хамсун, или Достоевски, или Конрад, можеби Голдсвин, или можеби поезијата ти лежи повеќе, но за историја на христијанство, за библистика, не си запознат но сепак тоа не ти смета да идиш и фрлаш длабоко продуховени, виспрени мисли со недокучива логика во стил “ова се глупости...“ Поенатата ми е дека сакаш да кажиш свое мислење за нешто што не ти е познато, не си го прочитал ниту слушнал за евангелието по Тома ниту за било кој мануспкрипт од Наг Хамади а пишиш свое миселње за тоа??? тебе како ти изгледа тоа??? Не се слагаш со нешто што не си го прочитал ?!?!?!

Ti be clen ke pocnes da stavas razdel da ne me bolat ochi mene ?

Inache normalno deka imal Isus zena zar pa toa e grev ?

Grev ne e da imash sex i da sakas grev e da lazesh deka imash sex a nemash :)

Inace nekoj cital toa izgubenite evangelija izgleda mi a pravo Vi kazam imaat logika ama i pred toa ima uste nesto pa pred toa uste nesto i na kraj ja sum najpameten i na ovaa tematika zakljucok :)


Шведо, како бе да ставам размаци во текстови, па на што ќе личи тоа бе пак ќе ти биди нечитко само дупло поголемо.
Инаку Исус по сите тогашни норми, традиции, обичаи, сфаќања ... би било невообичаено да НЕ беше оженет. 30 годишен маж, рабин неоженет би бил предмет не на почитување туку на подсмев и отфрлање во тогашното општество. А жени кои не се во брак или блиски роднини да шетаат наоколу низ земјата со мажи !?!? тоа веќе би бил озбилен престап во тоа време, така да нелкои сцени во евангелијата не би биле можни во тоа време. Значи дали исус бил оженет - не знаеме а евангелијата не велат дека НЕ БИЛ или дека бил ПРОТИВ брак, свадбата во Кана ги има сите елементи на традиции и обичаи кои упатуваат на тоа дека Исус бил младоженецот, но експлицитно нигде не е наведено дека БИЛ но ни дека НЕ БИЛ оженет. Али поверојатно, поприродно, и поочекувано за тоа време е дека бил.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom