Зошто левицата никогаш не може да биде патриотска?

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Каков патриотизам кога имаш класни разлики и тоа драстични, на една страна ултра богаташи лопови екс комуњари а на друга страна сиротиња.
 
Член од
20 мај 2009
Мислења
344
Поени од реакции
11
Каков патриотизам кога имаш класни разлики и тоа драстични, на една страна ултра богаташи лопови екс комуњари а на друга страна сиротиња.
Tocno taka se e vo parite i vo vlasta.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
RAYTHEON23,
Со почит, би сакал да те прашам на што ти личи ова:
„патриотизмот е вроден кај секоја индивидуа нема левичар или десничар...

а ако десничарите СЕ ПАТРИОТИ зошто коалицираа со ДУИ а велеа дека нема?????????????????????????????????????????????? ?

Патем, тоа што го напишав најмалку се однесуваше на твоето. Зошто и како се најде себеси во текстот е прашање кое само ти можеш да си одговориш.

Инаку патриотизмот не е вродена особина и ДА е десно однесување бидејки левичарите не признаваат народи и држави туку пролетери (овци за стрижење) на кого тие се единствените повикани да им помагаат во нивните зли судбини наметнати од лошите чичковци кои ги експлоатираат.
Исто така, твоето непознавање на енормната разлика помеѓу десно ориентиран и десничар е мошне видлива секому освен на тебе ама не е по твоја вина.
Сакам правилно да ме разбереш. Читајки те насетувам добрини. Само што тие добрини сметаш дека ти произлегуваат од левицата ама грешка правиш.
Над 70% од тие кои пишуваат на форумов за политика се десно ориентирани но се под влијание на левичарска политичка пропаганда која го крие својот плагијат како змијата ноѕете. Патем, плагијатот го користат исклучиво во манипулативни цели. Никако немаат намера да ги спроведуваат.
Политички идеологии и филозофии не се учат од пишувањата на политиколози. Тоа ти е како да учиш за секс ама учител да ти е воајер-пазач.
Ако навистина сакаш да знаеш тогаш треба да ги читаш филозофите на соодветната идеологија или филозофија и да споредуваш. Ти препорачувам сам да си побараш низ нашите книжари книга за десната филозофија ама напишана од филозоф на десната ориентираност. Кога ќе се увериш дека нема тогаш можеби ќе сфатиш нешто.

Инаку ист е процентот на десно ориентирани под влијание на левичарска политичка пропаганда и во реалниот ни свет, да знаеш. Ама таа пуста левичарска пропаганда... Левичарите се махери за општествена манипулација.
Македонскиот поединец, односно огромниот процент од нас во општеството е родено десно. Сака да живее десно, му сметаат истите работи кои му сметаат на десните ама е производ на левичарска пропаганда која му ги толчи духот и слободата и како производ на пропаганда не му е дозоволено да размислува поинаку од тоа што му се сервира. Доколку сме биле леви како општество тогаш немаше да постоиме како македонци. Веднаш ќе не лапнеле соседите.

Поздрав:helou:

П.С.
Навистина обиди се да најдеш литература во наши книжари од филозофи на десната ориентираност.
ке ти одговорам со почит...точно е дека левицата форсира СИСТЕМ кој ни во најмала рака не е национален...поентата ми беше дека ако некој човек е определен левичарски не значи дека не е родољуб.

не се добрините од левичарски идеи....туку алтруистички.

дијагнозата за скриените левичари е точна....патем од тоа и патиме и ден денес се уништува иницијативата на човекот како креативно суштество заради партиско профитни цели ама:toe:

поздрав.:helou:

Каков патриотизам кога имаш класни разлики и тоа драстични, на една страна ултра богаташи лопови екс комуњари а на друга страна сиротиња.
македонецот од бтурско имал класни разлики па пак имало патриотизам малце ли имаме литература
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
ке ти одговорам со почит...точно е дека левицата форсира СИСТЕМ кој ни во најмала рака не е национален...поентата ми беше дека ако некој човек е определен левичарски не значи дека не е родољуб.
Левичарството го подржуваат два вида на пореметени:
Тие што бараат доминација врз останатите
и
Тие кои бараат (дозволуваат) да бидат доминирани заради лагоден живот без вложен труд (на туѓа сметка).
Во двата случаи јасно се гледа дека левицата не се занимава со повисоките човекови карактеристики.

За жал, мора да ти одговорам дека човек кој е определен левичарски значи дека не е родољуб.
За да биде некој родољуб тој треба да биде позитивно свесен за себеси и за својата припадност и придобивките од тоа, можностите за развој на тие придобивки и развојот на поединците кои ги овозможуваат тие придобивки (пластично објаснето).
Левичар и левичарски определени не се во никој случај родољуби освен ако станува збор за успешна индоктринација или пак од незнаење.
Двата спомнати случаја се во оптек во нашето општество.
Успешната индоктринација од страна на левичарството е што, како махери за пропаганда, успеале да испласираат дека се` што е напредно е левичарско (глобално, не само кај нас). Овој успех го должат преку паразитирање врз основните начела на десната мисла.
Вториот случај се постигнува посебно лесно во неолевичарски средини како нашата. Во Македонија сеуште нема литература од филозофи на десната мисла (освен мојата:icon_lol:). Во високите образовни центри сеуште се подучуваат (индоктринираат) нашите студенти според левичарските концепти (шеми) за поглед на политиката и општеството и во оптек е исклучиво критизирање на десната мисла преку нејзиното наводно изучување.
Можеш ли да замислиш дека кај нас сеуште ги учат младите дека Хобс е најпознат по изреката дека човекот на човек е волк која е патем римска, не негова.
Никако не ги учат за неговата Хобсова џунгла на борба на секој против секого која е негова, а камоли да прават споредба со Џон Лок и неговото гледање на општеството и политиката, а за Едмунд Бурк...:uvo:

не се добрините од левичарски идеи....туку алтруистички.
Ако си ти спремен да се ослабиш себеси за да зајакнеш друг или да станеш жртва и алат на некого тогаш, ОК. Ако си спремен да помогнеш некому затоа што можеш, а најбитно затоа што сакаш... Е тогаш не станува збор за Алтруизам туку за Доблест.
Алтруизмот е концепт создаден од човекот за да објасни и тоа слабо, некои начини на однесувања кај човекот кои се во спротивност на дарвиновата теорија.
Бидејки алтруизмот на повеќе начини го потврдува дарвиновото тој концепт станува популарен од доблеста. И самиот знаеш дека ако нема начини како да се потврдува дарвиновата теорија тогаш другиот поглед на светот е неговиот спротивставен поглед.
За жал, мора да се констатира дека алтруизмот од личноста бара/ прави жртва или алат во полза на друг. Ја осудува сопствената благосостојба и интерес за подобар, односно побогат и поимотен живот бидејки е сконцентриран исклучиво врз туѓиот интерес.
Дали можеш да забележиш разлика помеѓу левичарската пропаганда и алтруизмот?
Инаку, еден од основните алати на левичарите во индоктринација на поединци и општество е токму алтруизмот. За левичарските манипуалции да успеат не е дозволено да постојат свесно добри (доблесни) личности, индивидуи. Тие мора да бидат осудени како алчни и зли само затоа што несакаат себеси да се стават во позиција да бидат нечија жртва, посебно да бидат жртва на левичарите и нивните манипулативни шеми.
Уште една глупост со која настапуваат левичарите, а сепак им поминува е тоа што тврдат дека човекот се раѓа како граблив, алчен и зол, а тие се тие повикани кои ќе го научат да биде добар.
За разлика од таа глупост, десната мисли тврди и докажува дека човекот се раѓа како морално суштество (добар), но учи како да се снаоѓа според неговите околности.

дијагнозата за скриените левичари е точна....патем од тоа и патиме и ден денес се уништува иницијативата на човекот како креативно суштество заради партиско профитни цели ама:toe:
НЕ:toe: туку да му изразиш искрена желба за извршување на чин на човекова репродукција со сите членови на неговото семејство од женски род како опомена да престане. Доколку продолжи со обидите да те манипулира пристапи кон агресивно исполнување на тие изразени желби.
Некој ќе ти ја уништува иницијативноста и креативноста за да изврши доминација врз тебе, а ти ќе му велиш благодарам бидејки само тој мисли за тебе? НЕ! Туку ќе му ја ....:duel:
Патем, левичарите секогаш одат на уништување на моралниот вредносен систем и креираат релативен морален систем за да не се соочат со моралниот суд за нивните „активности“.
Ај, толку за сега.

поздрав.:helou:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
јас сметам дека ако можам да помогнам без притоа да наштетам никому не правам ништо лошо.......исклучок е секако паразитизмот кој се ствара(тоа е приметено)

некои така се учат за жал и да можеби алтруизмот е спротивен на дарвиновата теорија,но не е контра фактот дека човекот е општествено суштество

:helou:
 
Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
од моето искуство досега левичарите се кул луѓе а десничарите се исфрустрирани, затоа и ги избегавам и не сакам да влегувам во дискусија со нив, така од време на време ја посетувам темава ама не ми се губи време со нив.
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
од моето искуство досега левичарите се кул луѓе а десничарите се исфрустрирани, затоа и ги избегавам и не сакам да влегувам во дискусија со нив, така од време на време ја посетувам темава ама не ми се губи време со нив.
Нека дојде некој кул човек да ти ограби огромен имот во име на комунизам и да ти се прави газда после со твојот имот, па не биди исфрустриран ти после.
 
Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Нека дојде некој кул човек да ти ограби огромен имот во име на комунизам и да ти се прави газда после со твојот имот, па не биди исфрустриран ти после.
мислев на модерна левица, тие не крадат имот, овие другиве десниве ми се напорни, се треба да им докажувам нешто, не остават простор за слобода на личност туку имат некои пишани правила и се треба да им докажувам нешто
 
R

RAYTHEON23

Гостин
од моето искуство досега левичарите се кул луѓе а десничарите се исфрустрирани, затоа и ги избегавам и не сакам да влегувам во дискусија со нив, така од време на време ја посетувам темава ама не ми се губи време со нив.

обрни внимание овде.......

Левичарството го подржуваат два вида на пореметени:
Тие што бараат доминација врз останатите
и
Тие кои бараат (дозволуваат) да бидат доминирани заради лагоден живот без вложен труд (на туѓа сметка).
Во двата случаи јасно се гледа дека левицата не се занимава со повисоките човекови карактеристики.

За жал, мора да ти одговорам дека човек кој е определен левичарски значи дека не е родољуб.
За да биде некој родољуб тој треба да биде позитивно свесен за себеси и за својата припадност и придобивките од тоа, можностите за развој на тие придобивки и развојот на поединците кои ги овозможуваат тие придобивки (пластично објаснето).
Левичар и левичарски определени не се во никој случај родољуби освен ако станува збор за успешна индоктринација или пак од незнаење.
Двата спомнати случаја се во оптек во нашето општество.
Успешната индоктринација од страна на левичарството е што, како махери за пропаганда, успеале да испласираат дека се` што е напредно е левичарско (глобално, не само кај нас). Овој успех го должат преку паразитирање врз основните начела на десната мисла.
Вториот случај се постигнува посебно лесно во неолевичарски средини како нашата. Во Македонија сеуште нема литература од филозофи на десната мисла (освен мојата:icon_lol:). Во високите образовни центри сеуште се подучуваат (индоктринираат) нашите студенти според левичарските концепти (шеми) за поглед на политиката и општеството и во оптек е исклучиво критизирање на десната мисла преку нејзиното наводно изучување.
Можеш ли да замислиш дека кај нас сеуште ги учат младите дека Хобс е најпознат по изреката дека човекот на човек е волк која е патем римска, не негова.
Никако не ги учат за неговата Хобсова џунгла на борба на секој против секого која е негова, а камоли да прават споредба со Џон Лок и неговото гледање на општеството и политиката, а за Едмунд Бурк...:uvo:

Ако си ти спремен да се ослабиш себеси за да зајакнеш друг или да станеш жртва и алат на некого тогаш, ОК. Ако си спремен да помогнеш некому затоа што можеш, а најбитно затоа што сакаш... Е тогаш не станува збор за Алтруизам туку за Доблест.
Алтруизмот е концепт создаден од човекот за да објасни и тоа слабо, некои начини на однесувања кај човекот кои се во спротивност на дарвиновата теорија.
Бидејки алтруизмот на повеќе начини го потврдува дарвиновото тој концепт станува популарен од доблеста. И самиот знаеш дека ако нема начини како да се потврдува дарвиновата теорија тогаш другиот поглед на светот е неговиот спротивставен поглед.
За жал, мора да се констатира дека алтруизмот од личноста бара/ прави жртва или алат во полза на друг. Ја осудува сопствената благосостојба и интерес за подобар, односно побогат и поимотен живот бидејки е сконцентриран исклучиво врз туѓиот интерес.
Дали можеш да забележиш разлика помеѓу левичарската пропаганда и алтруизмот?
Инаку, еден од основните алати на левичарите во индоктринација на поединци и општество е токму алтруизмот. За левичарските манипуалции да успеат не е дозволено да постојат свесно добри (доблесни) личности, индивидуи. Тие мора да бидат осудени како алчни и зли само затоа што несакаат себеси да се стават во позиција да бидат нечија жртва, посебно да бидат жртва на левичарите и нивните манипулативни шеми.
Уште една глупост со која настапуваат левичарите, а сепак им поминува е тоа што тврдат дека човекот се раѓа како граблив, алчен и зол, а тие се тие повикани кои ќе го научат да биде добар.
За разлика од таа глупост, десната мисли тврди и докажува дека човекот се раѓа како морално суштество (добар), но учи како да се снаоѓа според неговите околности.

НЕ:toe: туку да му изразиш искрена желба за извршување на чин на човекова репродукција со сите членови на неговото семејство од женски род како опомена да престане. Доколку продолжи со обидите да те манипулира пристапи кон агресивно исполнување на тие изразени желби.
Некој ќе ти ја уништува иницијативноста и креативноста за да изврши доминација врз тебе, а ти ќе му велиш благодарам бидејки само тој мисли за тебе? НЕ! Туку ќе му ја ....:duel:
Патем, левичарите секогаш одат на уништување на моралниот вредносен систем и креираат релативен морален систем за да не се соочат со моралниот суд за нивните „активности“.
Ај, толку за сега.

поздрав.:helou:
болдот со 5 големина
 
Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
обрни внимание овде.......

болдот со 5 големина
фала ти за ова, како што реков не сакам да си губам време со нив заради лична ментална хигиена
 
R

RAYTHEON23

Гостин
мислев на модерна левица, тие не крадат имот, овие другиве десниве ми се напорни, се треба да им докажувам нешто, не остават простор за слобода на личност туку имат некои пишани правила и се треба да им докажувам нешто
нема модерна левица еве гледај власта спроведува левичарска политика на пример а е десно ориентирана(барем така се декларира):toe:

сега секој спроведува политика како му одговара....

а десните ако мислиш на екстремните и арогантни да ги има...но има и луге спремни да прифатат туга идеја бидејки е подобра од нивната-за жал кај нас малкумина се такви:helou:

фала ти за ова, како што реков не сакам да си губам време со нив заради лична ментална хигиена

да ама болдот колку е точен толку и е контрадикторен(може од пропагандата) ако на микро ниво човекот е добар тогаш следува дека тоа треба да се одрази и на макро ниво....но како што рекол адам смит месарот не ти дава месо за убави очи...туку за пари....од аспект на адамовата економска мисла егоизмот е двигател на развојот..........

а мое лично убедување...па верувам во теоријата на иновации на јозеф шумпетер како и на кејнзијанската политика(која оправдува државна интервенција на пазарот и тврди дека има пазарен неуспех-за мене тоа е факт):toe:
 
Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
нема модерна левица еве гледај власта спроведува левичарска политика на пример а е десно ориентирана(барем така се декларира):toe:
остај ја власта, збориме за во светот, десничарите ги неќам зашто треба да имаш плава крв за да успееш во животот додека ЛЕВИЧАРИТЕ ДАВААТ ШАНСА СЕКОМУ без разлика од каде и кого потекнуваш. Овие другиве “ексклузивциве“ се плашат од интелигенција и промовираат некои свои чисти вредности
да не збориме сега за стереотипите кои ги наметнуват десничарите, ако не им се вклопуваш во нивните догми си наебал
 
епа во светот...ако не беше бил гејтс може ке комунициравме со телеграф....господата хјулит и пакард кои од песок направија чип....луис шевролет.........и други иноватори кои ни го подобрија животот....секако системот ги награди но не за џабе....додека кај левичарите мотивот изостанува или во крајна мерка е минимизиран:toe:
 
Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
епа во светот...ако не беше бил гејтс може ке комунициравме со телеграф....господата хјулит и пакард кои од песок направија чип....луис шевролет.........и други иноватори кои ни го подобрија животот....секако системот ги награди но не за џабе....додека кај левичарите мотивот изостанува или во крајна мерка е минимизиран:toe:
мотивот е присутен секаде. кај едните мотивот е лично богатство, кај другите е доброто на човештвото
 
R

RAYTHEON23

Гостин
каде има најмногу иновации?????????????????????????????
 
Kajgana Shop

На врв Bottom