Зошто и како се станува зависен од дрога

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Каков коментар очекуваш? Да си ги цитирам самиот претходните мислења?! o_O
Го кажав мојот став. Само тебе и Неса не можам да ве разберам цело време со изговориве... Жал ви е за наркоманите? Ги оправдувате? Самите сте наркомани, па сочувствувате?!
Која е причинава што упорно се трудите некое оправдание во сета нивна мизерија да најдите?
Јас не реков како некои дечиња претходно, тоа треба да се убие. Секој нека си се дрогира и нека се убива себеси... мене нека не ме загрозува на никој начин. Сум бил директен сведок на многу лајна поврзани со оваа тема и кажав. Не ме интересира дали „ти“ си одлучил да се убиеш себеси на подолг рок. Се’ додека не ме нападниш физички, не ми причиниш материјална штета и слично.
Да зборувавме за нечие страдање поради индиректен фактор, ќе разберам оправдување и сожалување. Пример некој останал инвалид, кола го удрила на пешачки, не е по негова вина итн итн итн. Ама зошто да го сожалувам и да барам оправдување за некого кој самиот е виновен за ситуацијата во која се најдува.
 
Член од
18 јули 2011
Мислења
33
Поени од реакции
15
викате зависи од друштво дали ке пробаш зависи и тоа како. Една вечер бевме на диско 4 другари дрво пијани и еден вика ае да излеземе земаа они тројцата да дуваат, на мене викат земи и ти, јас земам извадам си едно родео запалам молија ме да земам не бре ем бев дрво пијан едноставно не сакам.Еднаш ако пробам, ќе требе да станам тешок наркоман, пошто јас ако пробам нешто зимам повторно пак.Не дека цигарето е пдобро али шо го ебам.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.662
Поени од реакции
8.682
А сепак, најголемите уметници и писатели се уживатели на дрога... :)
big picture кажав, не picture од пред маало...
А колку голем дел од тие "уметници" колапсирале премлади? Дали вреди да платиш со твојот живот за да ја видиш големата слика?
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
А сепак, најголемите уметници и писатели се уживатели на дрога... :)
big picture кажав, не picture од пред маало...
Оставете ги тие приказни за уметници и писатели. Најверојатно во најголем дел се само измислици. Плус да се биде уметник или писател и не е баш за гордеење.

Онтопик. Дрогите се многу многу лоша и опасна работа за тој што ги зема. Најпаметно е ниту да не се пробува никогаш.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.662
Поени од реакции
8.682
Оставете ги тие приказни за уметници и писатели. Најверојатно во најголем дел се само измислици. Плус да се биде уметник или писател и не е баш за гордеење.

Онтопик. Дрогите се многу многу лоша и опасна работа за тој што ги зема. Најпаметно е ниту да не се пробува никогаш.

Џабе ја цитираш не е тука, моментално гледа во големата слика. На цел форум му отиде контра дека немале избор. :rolleyes:
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Оставете ги тие приказни за уметници и писатели. Најверојатно во најголем дел се само измислици. Плус да се биде уметник или писател и не е баш за гордеење.

Онтопик. Дрогите се многу многу лоша и опасна работа за тој што ги зема. Најпаметно е ниту да не се пробува никогаш.
Паметњаковичи.... Паметњаковичи насекаде (ми фали само мемето за да ја доловам поентата)
Моментално го навреди се тоа на кое се основа културолошкиот развој на човекот. Браво! (y)

Неса аут... Не знам и зошто се трудам да објаснувам. Ограниченоста е страшна работа, а уште пострашно е што се пренесува од генерација на генерација, додека светот оди напред. (оваа реченица беше тотално не поврзана со дрогата и нејзините уживатели. Кој сфати, сфати...)
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Strider
Дали си бил некогаш зависен од нешто? Зборуваш како да не го разбираш концептот, како да не знаеш како е.
И јас не би имал жал ако некој сака да земе отров за глувци и да си го става во јадењето, ама ни цигарите, ни марихуаната, нити било која друга дрога не се исти, зашто од моментот кога си станал зависен веќе твојот живот не е во твои раце, немаш контрола врз себеси. (Во позадина Metallica - Master of Puppets.mp3 :D)

А ако кажеш иницијалниот избор е тој избор за кој треба да се бара одговорност: се што можам да кажам е секој жив човек во различни делови од својот живот паѓа во искушение, во криза, во депресија, поминува низ тешки моменти. Некои тоа го прават за да се вклопат, некои не се свесни за последиците и сакаат да пробаат нешто ново, некои едноставно бараат излез и бегство од ситуацијата во која им е животот.....
Се се тоа човечки слабости, а сите ги имаме тие. Јас и ти ако не сме пробале, мислиш дека тоа не прави подобри од овие другите? Јас ти гарантирам дека не е така. Кој знае како би реагирале ние ако сме се нашле во истите ситуации во кои тие се нашле? Кој знае како би реагирале ако сме пораснале во друга средина, со други родители и со друго друштво?

Зависниците се луѓе на кои им треба помош. Многу е нехумано да се постапува како што ти предлагаш - да се остават да умрат. По таа логика и сите болни треба да се остават да умрат. Ќе речеш: зашто се разболеле, зошто не се чувале повеќе, зошто не живееле здрав живот? Кој им е крви што коронерните артерии им се запушени? Самите тие, никој не ги тераше со сила да јадат храна полна со холестерол.

Бараш поента од Неса и од друите кои ти контрираа.... Еве ја поентата: Зависниците не се лоши луѓе, не се криминалци, не се расипани луѓе што по своја слободна волја се повредуваат себеси и другите околу нив. Тоа се луѓе чија волја не е нивна. Зависноста е двигател на нивните одлуки, не нивниот разум, не нивната совест....
Тоа се луѓе на кои им треба помош за да се вратат во состојбата во која биле: нормални луѓе.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
До кога? Може да се паметни сега засега али со дозата со која си на почеток тешко дека ќе одиш до крај. Јас да сум газда на фирма во иднина и ми дојде вработен надуван ако сака може да биде најпаметен на светот али ќе лета од работа или пак утрото да се успива поради што бил направен парче вечерта. Јас си знам по мене жив пример, еве не пушам, не пијам, не се дрогирам али земам суплементација за во теретана и тоа многу, на почеток ми беше страв да земам обичен протеин а сега работи кои се стварно јаки јас веќе ги сметам за гола вода и не му ставам многу на значење дека сум го испил, за скоро време планирам да земам уште појако бидејќи не сум стигнал до замислената цел со досегашните. Така ти е и таму, на почетокот можеби со неколку дима ќе се опушти и ќе го долови ефектот али понатаму тоа му станува секојдневие. Прва работа не може да оди вечно така поради што му бара се повеќе и повеќе а втора работа и поради финансиите бидејќи знаеме сите колку пари чини, а нашиве плати не се многу големи да може да си дозволи некој по 100евра месецот за трева и да гледа фамилија. Барем ова е од моја гледна точка.
Бато, проектантот на чипови за рутери на Cisco своите најдобри дела ги има направено под дејство на тревка. Што не го избркаат него од работа? Не само што не го бркаат него ради него ги укинаа и тестовите за дрога на работа. На газдата му е битно да праиш пари за него а со твојот приватен живот не се замара.
http://www.businessweek.com/articles/2013-02-28/silicon-valley-is-high-on-innovation-dot-and-pot
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Оставете ги тие приказни за уметници и писатели. Најверојатно во најголем дел се само измислици. Плус да се биде уметник или писател и не е баш за гордеење.
Не се тоа приказни и измислици.
Едгар Алан По, Џон Китс, Перси Шели, Елизабет Браунинг, Семјуел Колриџ, Шарл Бодлер, Артур Рембо, Оскар Вајлд, Оноре де Балзак, Александар Дима, Артур Конан Дојл, Виктор Иго, Кен Кизи, Џек Керуак, Вилијам Бероуз...сите тие експериментирале или редовно користеле наркотици, а дел од нив и пишувале под нивно дејство (Кoлриџ на пример ја има напишано Кубла Кан под дејство на опиум).

Не сакам да ја глорифицирам употребата на наркотични средства, муабетот ми е дека користењето на разни опијати, најчесто опиум и хашиш било прилично честа појава во книжевните и воопшто во уметничките кругови.
Мора да напоменам, дрогата сама по себе не може да ве направи писател или поет, да не помисли некој тинејџер дека ако почне да се џанка автоматски ќе стане Бодлер.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Не мора никој да ми објаснува “школски“ какви се последиците од дрогата. Доволно ми е да ги видам 99% од наркоманите каков кучешки живот живеат и колку семејства упропастиле покрај нив и се ми е јасно.

Уште погадно ми е кога ќе видам женско наркоман којашто ја прават ренде секаде по кревети за грам дрога. Од такви гадурии коса ми се крева. И, сите тие треба да имаат во предвид дека утре нив ниту едно обични и нормално машко нема да ги погледне или да сака да има нешто со нив. Тоа е реалноста.Грешките од минатото тешко се перат.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
23
Поени од реакции
39
Постои трева, дрога(амфетамини,екстази и др.) и отров(хероин), feel the difference, се знае кој се ебе за пари , аман! :D
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Не по врат, туку по шија ! Исти кур е ! Ни таква, а ниту другата сакам утре да биде мајка на моите деца и да создавам семејство со неа, па да ми се раѓаат фалични деца со гадурија мајка на чело .

Не е само тоа, туку доволно ми кажува и карактерот.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Како бе не е е избор, ти имаш сознание дека после првиот пат стануваш зависен и пак упорно инсистираш да го пробаш. Секогаш имаш избор, се е до психата.
По првиот пат пробување на било која дрога,па и на алкохоли цигари, не се станува зависник. Зависник се станува кога доволно често конзумираш нешто, па не можеш без него да функционираш нормално, имаш потреба од тоа. Само да расчистиме.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Не се тоа приказни и измислици.
Едгар Алан По, Џон Китс, Перси Шели, Елизабет Браунинг, Семјуел Колриџ, Шарл Бодлер, Артур Рембо, Оскар Вајлд, Оноре де Балзак, Александар Дима, Артур Конан Дојл, Виктор Иго, Кен Кизи, Џек Керуак, Вилијам Бероуз...сите тие експериментирале или редовно користеле наркотици, а дел од нив и пишувале под нивно дејство (Кoлриџ на пример ја има напишано Кубла Кан под дејство на опиум).

Не сакам да ја глорифицирам употребата на наркотични средства, муабетот ми е дека користењето на разни опијати, најчесто опиум и хашиш било прилично честа појава во книжевните и воопшто во уметничките кругови.
Мора да напоменам, дрогата сама по себе не може да ве направи писател или поет, да не помисли некој тинејџер дека ако почне да се џанка автоматски ќе стане Бодлер.
Подвлеченово е најважно. И не само тоа, туку зависноста која знае да се појави дури и по првото земање е пекол кој ни на душман не би му го посакал. Последиците можат да се и прерана смрт, затвор, еден куп болести итн... Па после тоа ела биди поет да те видам.
Работите не се баш такви како што сака да ни ги сервира западната пропаганда во своите бајки, лаги, идеологии...

Инаку темава не е темава прикладна за мерење ташаци и знаења од областа уметност па затоа на тој дел во некој друга тема ќе ти реплицирам. (Инаку ги заборави Хесе, Хаксли и Булгаков)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom