Ги испусти интернетот деците особено во последно време, на интернет на секој чекор веќе тревата ја декларираат демек не зема ништо, нема завист, добра е да се зема и незнам што. ВО студентскиве е жално ова што се случува, преку 50 % дуваат на велико, ги гледаш дека кризираат и на секој можен начин доаѓаат до неа. Има батки кои живеат во студентски само да продаваат, никој не ги чепка а сите ги познаваат. Особено оние кои идат прва година тука, дома колку толку биле контролирани и му било брането, идат ваму, а батките кои се главни во ширење на срањево се населени на спратовите за бруцоши во глобала и тогаш почнува се, прво да тргнат на гаге, после тоа си оди така секој ден и тоа се појако и појако. Лани имав девојка која се обидов да ја советувам да се тргне од ова срање али НЕ! и ако ми каже некој дека нема зависност од тревата абе ајде, девојчето последните 200 денари наместо за јадење за трева ги даде, а гладуваше два дена но битно трева зеде. Не пробувајте ништо, ако имате проблеми ниту дрога, ниту цигари, ниту алкохол ги решава, знам дека 90% ќе одговорат дека треба да се проба се додека си млад, ОК добро е и јас сум пробал се али ниту се дрогирам ниту пушам, ниту пијам. Се опивам еднаш во 10 месеци, и 90 % кога сум излезен сум или со едно сокче или со вода обична. Имам другар кој вика дека ако не пивнел некоја чашка или ако не дува демек не може да и се пушти на некоја девојка
, се е до психата и размислувањето, ако решиш ќе и се пуштиш и капка алкохол во тебе да нема и ќе си бидиш спремен за било каков исход.