jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.519
- Поени од реакции
- 27.335
Како оглас за вработување си го напишала ова. Следно очекувај со CV-ја у ППШто е тоа што го прави еден маж привлечен?
Привлечен, атрактивен маж не е клучно да биде убав физички, туку треба да поседува други квалитети кои ќе го прават интересен, впечатлив, забележителен за женскиот сектор.
Самодоверба и страст се едни од најзначајните особини кои го прават еден маж привлечен. Тоа се мажи кои имаат цел, мажи кои не подлегнуваат на притисоците и никогаш не бегаат првата прилика кога ќе зачкрипи. Мажи кои што многу пати паднале во животот, но кои ќе се борат додека не ја постигнат посакуваната цел. Тоа што го замислиле да го остварат. Маж со самодоверба и страст е маж ентузијаст, маж кој верува во себе си. Страст во тоа што го прави, страст во тоа што го сака, страст кон личноста што ја посакува. Маж со харизма и шарм.
Цврстиот и сигурен став ги тера жените да стекнат доверба кон тој маж.
Да имаш покрај себе маж со самодоверба и страст, не ти треба ништо друго, освен да го фатиш за рака и да го оставиш да те води. Затоа што таков маж ЗНАЕ.
Маж со самодоверба и страст е магнет за секоја жена.
Интелектуалност и почит. Тука не мислам на дипломата од Финки, мастер, докторат на Харвард . Веќе рековме дипломите ќе го направат мажот експерт во својата област, но дипломите не се доволни сами по себе за врска/брак.
Маж со свој став и размислување, паметен и способен. Не постои нешто попривлечно од меѓусебен добар разговор, издржан разговор кој ќе ти држи внимание. Маж кој ќе ти влева доза на сигурност и желба да бидеш со него. Маж што знае дека секој нов ден носи еден нов предизвик е спремен да се соочи со предизвикот. Без паники и хистерии, туку цврсто и одлучно.
Маж кој е кадарен и способен од ништо да направи нешто, а не маж кој за спојување на 2 жички треба да бара мајстор. Маж кому му работи кликерот за многу работи.
Маж со манири и однесување, кој ќе те почитува како личност, како соговорник, кој ќе те цени и слуша што му зборуваш (слуша не се мисли на проблем со слухот ). Маж кој што поседува љубезност, тој ќе биде доживеан како стабилен и доверлив маж.
Ваков маж се посакува во секоја смисла на зборот.
Смисла за хумор и глас дефинитивно универзални атрактивно привлечни особини.
Секоја жена посакува маж кој што знае како да ја насмее, да ја расположи. Маж со насмевка на лице, маж кој знае да се шегува, маж кој е способен да ти украде насмевка дури и кога ти се плаче. Смуртен маж без мисла за хумор не е маж.
Глас со доза на рапавост (не пискотлив), благопријатен, длабочина, умереност, смирен и пријатен звук, ги прави мажите неверојатно секси, па таков глас со сигурност една жена ќе го запомни. Крајно неодоливо
Истово го мислам и за жените, што ја прави една жена привлечна. (од женска гледна точка)
Последно уредено: