Зошто Исус ја проколна смоквата?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ако ги разгледаме споредбите и илустрациите што ги користел Христос во своето поучување, ќе забележиме дека повеќето од нив се засновани на градинарските плодови и растенија. Христос не проповедал на научници, инжинери, теолози, филозофи и сл. туку на обични и секојдневни луѓе, рибари, сточари, земјоделци итн. Затоа во Своите проповеди Тој не се служел со некој висок речник и тешки филозофии, туку користел едноставни илустрации од секојдневието на луѓето, од сточарството и земјдолеството, доближувајќи им ја притоа пораката на луѓето на најдобар, наједноставен, најасен и најпрактичен можен начин.
Затоа во Неговите споредби често се среќаваат зборовите: дрво, гранки, вода, вино, пченица, какол, смоква, грозд, семе, сејач итн. Зборови кои биле во секојдневниот речник, живот и пракса на луѓето кои Тој ги поучувал.


Честопати, еден ист збор означувал една иста работа во повеќето споредби. Така на пример, зборовите "лош плод", "какол", "лоша смоква", "безплодно дрво", "трње" и сл. означувале лоши плодови на човековиот карактер и однесување, лоши плодови на нечие учење, лоши плодови на нашето срце, на нашите дела... лажење, крадење, лицемерие, блудства, богохулење, гордост, себичност, омраза и сл.
Додека пак зборовите "добар плод", "пченица", "смоква", "грозд" и сл. ги означувале добрите плодови кај човекот, добрите мотиви преточени во добри дела, искрената и вистинска побожност, добрите плодови на нашето срце.. љубовта, дарежливоста, скромноста, љубезноста, солидарноста, помагањето, непристрасноста, себежртвувањето и сл.


Додека Христос поучувал, два типа на луѓе ја примале пораката на два различни начини.
Едните го слушале со насмеани лица, трепкајќи со очите и климајќи со главите, но за жал примајќи ја пораката од десното, а испуштајќи ја од левото уво. Нивните срца не биле плодна почва за Христовото семе. Пораката не можела да фати корен во нив и затоа не можела да даде и соодветен плод кој надворешно би се истакнал подоцна и во нивните животи. Тие ги слушале Христовите зборови, но не ги извршувале во пракса. Христос ги нарекува овие "немудри" луѓе, луѓе кои градат нестабилни куќи врз песок, разлистени, но бесплодни смокви.

Вториот тип на луѓе, би рекол малцинството, сериозно се задлабочувале во Христовата порака, притоа самоанализирајќи се себеси, со самокритичен став и будно око за промени во сопствениот карактер и однесување, со восхит примајќи го секој Христов збор и применувајќи го послушно во својот живот. Искрените, отворените и добромотивираните срца на овие луѓе биле плодна почва за Христовото семе. Пораката фаќала корен во нив и го давала и соодветниот плод - видлив во нивните животи. Тоа биле плодоносните смокви на Божјото слово.

Зборот "смоква", или плод на дрвото, речиси и да нема друго значење во Христовите споредби. Еве неколку примери:

"Чувајте се од лажните пророци кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се ненаситни волци. Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? Па така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови. Не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво ако не раѓа добри плодови се сече и се фрла в оган. Значи, ќе ги препознаете по нивните плодови."
(Матеј 7:15-20)


"Или направете го дрвото добро и неговиот плод добар; или направете го дрвото расипано, и неговиот плод расипан; зашто дрвото се познава по плодот. Змиска породо! Како можете да зборувате добро кога сте зли? Зашто од изобилството на срцето зборува устата. Добриот човек, од добрата ризница изнесува добри нешта; а злиот човек од злата ризница изнесува зли нешта.
(Матеј 12:33-35)


"Јас Сум лозата, а вие сте лозинките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо. Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како лозинката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат. Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде. Мојот Татко се прославува со тоа, што ќе давате многу плод и ќе бидете Мои ученици."
(Матеј 15:5-8)


"Секирата веќе лежи при коренот на дрвјата; затоа секое дрво што не дава добар плод, се сече и се фрла в оган."
(Матеј 3:10)


Споредбата за неплодната смоква:
"Ја кажа и оваа споредба: "Некој човек беше насадил смоква во своето лозје, па дојде да побара плод на неа, но не најде. Тогаш му рече на лозарот: "Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто и натаму да ја испостува земјата?"
Но тој му одговори, велејќи: "Господине, остави ја уште оваа година, додека раскопам околу неа и ја наѓубрам, па можеби ќе роди идната година, ако не пресечи ја."
(Лука 13:6-9)


И најпосле, Исус и неплодната смоква:
Утредента кога се враќаше во градот огладне. И кога виде смоква крај патот, отиде до неа, но не најде ништо на неа, освен лисјата, и и рече: "Отсега да немаш плод довека!" И смоквата веднаш се исуши.
А кога учениците го видоа тоа, се зачудија и рекоа: "Како се исуши смоквата веднаш?"
Исус одговори, велејќи: "Вистина ви велам, ако имате вера и не се посомневате, ќе го правите не само тоа што и се случи на смоквата, туку ако и речете на оваа гора: 'Дигни се оттука и фрли се во морето!' ќе стане така, и се што ќе побарате во молитва, со вера, ќе добиете."
(Матеј 21:18-22)

Истата парабола ја имаме и во евангелието по Марко:

"А утреден, кога излегоа од Витанија, Тој огладне. И оддалеку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви. Тогаш проговори и и рече: „Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!” "
(Марко 11:12-14)


Потоа следат споредбата со сеачот и семето, каколот и пченицата, синаповото зрно итн. Но ние сега ќе посветиме посебно внимание на случката со Исус и неплодната смоква, поточно каква поука можеме да извлечеме од овој настан, секако верувајќи дека Бог промислено благоволил овој детал да биде забележан од евангелистите при запишувањето на Новиот Завет.
Имајќи ја предвид длабочината на Божјото Слово, многу теолози, библичари и христијани, имајќи го предвид горекажаното црпат разни интересни поуки од оваа случка, притоа користејќи ја симболиката на зборот "неплодна смоква" во Христовите споредби.
Првата поука е сосема очигледна. Христос не поучува силно да веруваме во услишувањето на нашите молитви колку и да изгледа тоа невозможно од наша и сегашна перспектива.

Следната поука не е баш очигледна како првата и бара малку повеќе внимание. Доколку го земеме предвид предходно кажаното околу значењето на "смоквата" и "плодот на смоквата" во Христовите поуки, сосема е оправдана и следнава поука:
Христос не поучува дека секој од нас кој нема да го даде добриот плод, во моментот кога Бог ќе го побара од нас (а не кога ние ќе мислиме дека е "времето за плодот") Бог ќе го исуши неговиот корен.


Исус, откако ја започнал својата проповедничка служба, 3 години проповедал во Израел, но Израелците не давале плод. Затоа Христос решава да им даде уште една шанса на Израелците.
Имајќи го ова предвид, сакам да ја прочитате уште еднаш следнава парабола...

"Ја кажа и оваа споредба: "Некој човек беше насадил смоква во своето лозје, па дојде да побара плод на неа, но не најде. Тогаш му рече на лозарот: "Еве, веќе три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Пресечи ја! Зошто и натаму да ја испостува земјата?"
Но тој му одговори, велејќи: "Господине, остави ја уште оваа година, додека раскопам околу неа и ја наѓубрам, па можеби ќе роди идната година, ако не пресечи ја."
(Лука 13:6-9)


Исус и дава уште една шанса на "смоквата" (Израел), но Израел не го дава очекуваниот плод. Исус на Цветници влегува во Ерусалим, го бара плодот на Израелците, но него го нема. Потоа излегувајќи од градот, ја наоѓа оваа неплодна смоква и ја проколнува. Потоа повторно влегува во Ерусалим, во Божјиот Храм и...

"И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува сите, кои купуваа и продаваа во Храмот. И им ги преврте масите на менувачите на сребрениците, и столиците на продавачите на гулаби. И не дозволуваше некој да пренесе каков и да било сад низ Храмот. И ги поучуваше, велејќи им: „Не е ли напишано: ‘Мојот Дом ќе се нарече Дом на молитва за сите народи,’ а вие направивте од него разбојничко дувло"
(Марко 11:15-17)


По овој настан, светениците и книжниците се решаваат да Го погубат и бараат соодветен начин како да го сторат тоа.
Верувам дека сега на сите ви е јасно зошто Христос ја проколна смоквата. Ова е барем моето мислење. Се надевам дека ќе прочитам уште некое мислење од вас.
Поздрав!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
А смоквата остана исушена ?
Или ја вратил во живот откако ја кажал поентата?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Исушувањето на смоквата, има повеќеслојно значење:
- Христос ја покажува својата Божествена моќ, при што Неговито збор преоѓа во дело (без физичко учество од страна на Христа)
- Христос, преносно, преку исушувањето на смоквата која не раѓа плодови, ја покажува и состојбата со човекот, кој живее „рамен„, бесплоден живот, кој не дава/раѓа добри дела
- Христос, со исушувањето на смоквата, според Светителските толкувања, го укинува јудејското свешптенство, како лицемерно, празно и бесплодно, засниовано само на формално, рутинско, надворешно и ритуално практикување на јудаизмот.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
И кога оддалеку виде една смоква,
покриена со лисја, се приближи,
не би ли нашол нешто на неа,
но, кога се доближи до неа,
не најде ништо освен лисја,
оти не беше уште времето за смокви.

Каква поука може да дае некој земајќи за пример смоква - дрво, кое нема плодови затоа што не е сезоната за смокви??
И при тоа да ја проколне оти немала плод кога и така смоквите не раѓале.
Нешто друго е тука во прашање. Има некоја подлабока порака овде.....
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Да, смоката остана исушена.
Не, Исус не ја вратил во живот.
Јас никогаш не би проколнал смоква која нема плод вон сезона за смокви. То не е убаво. Можел некое друго дрво да одбере за таа цел... јаболко, портокал, киви, ананас... али да проколнеш смоква која нема плод во време кога смоквите не раѓаат е сумњиво.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Прочитај го целиот текст и ќе видиш зошто Исус ја проколнал во времето кога не и било сезоната.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Прочитај го целиот текст и ќе видиш зошто Исус ја проколнал во времето кога не и било сезоната.
Јас читам Библија што кажува.
Пошол Исус до смоквата да види дали има плод и од ко не нашол ја проколнал.
Толку
А не му беше време на смоквите.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
976
Let 3, кога би морал да се решиш помеѓу сознание и љубов, за што би се решил?

Замисли го светов кога ние сите би го граделе врз темелот на БОЖЈАТА Љубов а не врз празното (безплодно) сознание.

Не е ли баш тоа сознание причината поради која ...?

позрав
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Let 3, кога би морал да се решиш помеѓу сознание и љубов, за што би се решил?

Замисли го светов кога ние сите би го граделе врз темелот на БОЖЈАТА Љубов а не врз празното (безплодно) сознание.

Не е ли баш тоа сознание причината поради која ...?

позрав
Јас никогаш не би го проколнал моето дете и осудил на вечни страданија поради негов личен избор.
То е вистинска љубов.
Нас Бог ќе не осуди на вечни маки страдања оган и патњи ако не го сакаме?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
На Судот, Христос нема да не суди, туку од нас , од душите човекови, ќе ги бара добрите дела, оти секој од нас, чинејчи го личниот избор за начинот на кој ќе живее, сам себе веќе се осудил, уште во овој живот и уште во овој Свет. Христовиот Суд, така, ќе биде само конечно расчистување на работите, на делење на лужето на оние кои се десно и лево од Него.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
На страшниот суд ќе има спектакли со земјотреси отварање на печати огномети ... како олимписки игри. И после ќе се извади ковчегот на заветот ќе се отвори и по заповедите божји кои се внатре ќе му се суди и на живите и на мртвите.
Тој што живееше према нив ќе оди во рајот тој што грешеше ќе оди во пеколот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Нема ни ковчег, ни бутур.
Христос дојде за да ги запише Божјите заповеди во срцата, значи ВО самите луѓе, а не заповедите да бидат запишано НАДВОР од луѓето, на камени плочи.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Нема ни ковчег, ни бутур.
Христос дојде за да ги запише Божјите заповеди во срцата, значи ВО самите луѓе, а не заповедите да бидат запишано НАДВОР од луѓето, на камени плочи.
Значи не важат појќе камените плочи со заповедите?
Му помина рокот?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Може и така за се каже, дека им „помина рокот„ на заповедите кои беа запишани на камени плочи, но истите важат и денес, но запишани ВО срцата и умовите од луѓето. Затоа, за православната Црква, ковчегот со двете камени плочи е небитен, иако е веќе изгубен. Христос не ги укина Заповедите, туку ги подигна на духовно ниво. Во Стариот Завет, грев е само она кое се чини со дело, а во Новиот, грев се чини со помисла, со збор и со дело.
Нема бегање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom