Зарем по 18 години спор со името, ние уште се прашуваме што сака Грција? Зарем досега не ви е јасно.
Зарем укинувањето на Охридската Архиепископија, систематското уништување на словенските ракописи низ Македонија и низ Балканот, андартските чети, протерувањето на Бежанците во 1912, граѓанската војна, децата бегалци, забраната на македонското име во Грција за време на Метаксас, непризнавањето на македонскиот народ, санкциите од 90-тите, пеењето дека Македонија е грчка во Солун НЕ Е ДОВОЛНО ДА ЗНАЕМЕ ШТО САКААТ ГРЦИТЕ?
И повторно добивам инспирација да ја цитирам 1762 лето
Ќе прати владици Грци
лицем светци срцем в'лци
ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв.
Еј! Ќе молзат до крв.
Меѓу народа ќе сејат
несогласје и раздори,
да се мразат син со татка и со брата брат.
Еј! И со брата брат.