Зоолошката градина прва донира за малечката Мила Адам

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Зоолошката градина прва донира за малечката Мила Адам



Откако Фондот за здравство се прогласи за ненадлежен, Зоолошката градина од Скопје се понуди за помош на малата Мила Адам.

Сите пари кои ќе бидат собрани од продадените влезници претстојниот викенд ќе бидат донирани за нов пејсмејкер на седумгодишното дете.
- Ова нека биде апел сите граѓани од Скопје, но и од целата република да дојдат што помасовно во Зоолошката градина и да помогната малата Мила да биде спасена и да добие нов пејсмејкер, и нашиот пример нека го следат сите фирми кои може да помогнат, вели Дане Кузмановски, директор на Зоолошката градина Скопје.
Седумгодишното дете е родено со срцева мана и на 8 месечна и е вграден пејсмејкер кој сега работи со намалена функција, при најмал напор Мила бргу се заморува.
Итно треба да и се вгради нов апарат кој ја подобрува работата на срцето, за да може девојчето да продолжи да живее нормално.
Интервенцијата треба да се направи во Белград и чини 8000 евра, но скромното семејство нема толку средства, живеат само од пензијата на бабата. Апелираат за помош до сите хумани луѓе.



http://www.time.mk/read/9609b42ec2/08b54a63c7/index.html


Sekoja cest za inicijativata , eve motiv poveke naredniot vikend site koi se vo moznost da ja posetat zooloskata, koja i bez ovaa humanitarna akcija navistina vredi da se poseti a ova e motiv plus...

http://www.zooskopje.com.mk/
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Браво за Зоо-Скопје.
Инаку бевме, супер е и вреди да се отиде пак! И браво за иницијативата!
Ако Фондот "не може" да и помогне на Мила, можеме ние, нашите дечиња и мајмунчињата! Наредниов викенд во ЗОО!
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ах бе, што држава ќе бевме да се нема 8.000 евра да се спаси еден човечки живот :(
Па пичка им матер, поише пари потрошија да стават жардињери на сред булевар и бетонски пиони, апаши невидени. Тие ли се поприоритетни од човечки живот? :nerv:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Браво за надлежните на зоолошката, вакви вести даваат надеж дека не е се и секој отидено на дното...има луѓе и во Македонија

Вчера ја гледав на канал 5 директорката на ФЗО...ми се згади..и од оној на бирото за лекови Захариев...безвредни безлични бездушни маткачи

Уште еднаш браво за раководството на зоолошка. Еве и некои други хумани акции кои ги презема таа институција (некои за животни, некои за луѓе, но во целина хумани)...испаднаа други институции многу похумани од оние кои треба-здравствените

Хуманитарен концерт - 11/16/2010
Зоолошката градина од Скопје зеде учество на хуманатираниот концерт одржан со цел да се помогне на луѓето со посебни потреби преку кување на влезници за вработените од Зоолошката градина Скопје ...

Проект за заштита на Балканскиот рис - 11/16/2010
Во рамките на проектот Заштита на Балканскиот рис спроведен од Македонското Еколошко Друштво од Скопје во Зоолошката градина Скопје на ден 13.11.2010 се одржа презентација во едукативниот центар со цел запознавање на младите со целите задачите о значењето на проектот . Овие презентации и предавања ќе продолжатѕ и во иднина за што ќе бидете благовремено известени ...
 
Z

Zoza

Гостин
во вакви моменти толку си ја мразам државава тоа е чудо еј 8000 евра да се нема....абе ајде глупост невидена...преку моб донирав и пак ке донирам ајде луге да помогнеме за државава не е битен тој живот како ши гледаме ама за нас е....кој може нека иде во ЗОО кој неможе преку моб...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Пари во Буџетот за фондот нема али затоа има за споменици и може да се дигаат кредити од ммф
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Оваа стратегија ја користат многу слични институции во светот, а последно време и кај нас гледам ја има, значи на еден начин од ова има корист и зоолошката затоа што посителите кои ќе купат карти во текот на викендот, ќе ја посетат и зоолошката ќе видат како е реновирана и подобрена, целта на менаџерите им е да го зголемат интересот за зоолошката за понатаму истите посетители да ја посетат повторно но тогаш парите одат во буџетот на зоолишката, значи со ова сите имаат корист, малата Мила, посетителите кои ќе поминат прекрасни 2,3 часа во зоолошката градина и на крајот самата зоолошка градина затоа што заинтересираноста ќе се зголеми и тоа ќе се одрази на посетеноста во текот на викендите кои следуваат.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Видов и на тв за ова,браво секоја чест...Ајде сеа и ние како народ да помогнеме што е можно повеќе и што повеќе пари да се соберат..Јас ќе отидам..
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Малата Мила Адам веќе заминала на операција во Белград.
Со среќа нека и е, да се врати жива и здрава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom