Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Телеграф МК е објавено дека за едно денонокие пајаците дигнале 79 возила
Јас не верувам дека е ева точна бројка. Веројатно се работи само за возилата дигнати од градските пајаци и тоа само во придружба на полиција. Но пајаците дигаат и ноќе и тоа тоа без полиција. А дигаат и општинскте пајаци. И веројатно точната бројка е двојно поголема
Но и самата бројка од 79 дигнати возила е страотна
79 * 365 дена = 28 835 возила годишно
Во Македонија има околу 250 илјади лесни возила, а од тоа во Скопје 120 илјади
Што значи секое четврто возилом годишно ќе биде подигнато за да зонашите земаат плата
http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/72812-vo-skopje-11-soobrajkajni-nezgodi-vo-izminatite-24-casa
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Oд Битола стигнаа првите вести за „резултатите“ од зонското
Наместо на паркинг сега се паркира по тесни улички - јави Тера Телевизија
http://www.tera.mk/2013120473407/aktuel/namesto-na-parking-se-parkira-po-tesni-ulichki
Очигледно се повторува сликата од Скопје и другите градови.
Но нема спас. И јас изгубив надеж дека ќе се спасиме. На општинските лешинари не им доаѓа памет
Мислам дека шанса за спас ни е да организираме референдум за забрана на зонско во Македонија
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Во Битола скоро никој не паркира во зоните каде што се плаќа..на некои места каде што не се плаќа е полно со возила и е хаос..не дека 30 денари се многу за сат или два туку проблемот е до инаетот што ги фати граѓаните и со овој преглуп и бесмислен закон што го донесоа...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Да не останат „ покусо “ и општинските лешинари од Струмица - подготвуваат зонско.
Повеќе медиуми известија: Од 2014 во Струмица ќе има зонско
http://www.press24.mk/strumica-od-narednata-godina-voveduva-zonsko-parkiranje
http://www.plusinfo.mk/vest/118231/Strumica-kje-vovede-zonsko-parkiranje
Главниот општински зонаш изјавил:
-Од почетокот на 2014 година, улиците и булеварите во централното градско подрачје ќе бидат опфатени со зонско паркирање чија цел е да се избегне сообраќајниот хаос во најфреквентните улици кој најчесто настанува поради непрописно паркираните возила – вели директорот на јавното претпријатие „Паркиралишта“ Струмица Љупчо Јанев, пренесе Фаланга.

И овде прикаските за „ правење ред и одстранување на хаосот “
Ви велам на овие ум не им доаѓа - Мораме да организираме референдум
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Да не останат „ покусо “ и општинските лешинари од Струмица - подготвуваат зонско.
Повеќе медиуми известија: Од 2014 во Струмица ќе има зонско
http://www.press24.mk/strumica-od-narednata-godina-voveduva-zonsko-parkiranje
http://www.plusinfo.mk/vest/118231/Strumica-kje-vovede-zonsko-parkiranje
Главниот општински зонаш изјавил:
-Од почетокот на 2014 година, улиците и булеварите во централното градско подрачје ќе бидат опфатени со зонско паркирање чија цел е да се избегне сообраќајниот хаос во најфреквентните улици кој најчесто настанува поради непрописно паркираните возила – вели директорот на јавното претпријатие „Паркиралишта“ Струмица Љупчо Јанев, пренесе Фаланга.

И овде прикаските за „ правење ред и одстранување на хаосот “
Ви велам на овие ум не им доаѓа - Мораме да организираме референдум
Еднаш пишував дека општинските лешинари од ЈП Паркиралишта се во многу добра координација со лешинарите од МВР и НЕЗАКОНСКИ блокираат возила насекаде, и опшптинските лешинари збираат 1000 ден. по возило, а МВР 1500 ден.
СЕга и зонско ќе воведат.
Нормално... ЈП Паркиралишта е зијан, за плата неможат да извадат па сега и паркирањето ќе го наплаќаат по улиците, па дури и посебна понуда ќе даваат за лица кои живеат во центарот...
Кои будали човече...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Нова Македонија известува дека во Битола се испразнија паркинзите а се наполнија сокаците
Никој не паркира кај зонашите
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121313846175&id=9&setIzdanie=23051
Веќе знаеме што ќе се случи.
Исто како во Скопје, зонашите ќе почнат да казнуваат со лисици и пајаци
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сител со „ жалење “ известува дека не работел пајакот во Куманово
И пренесува изјава на председателот на Советот кој вели:
Граѓаните заслужуваат стабилна пајак служба која ќе допринесе за воведување ред во сообраќајот, вели претседателот на советот на општина Куманово,Максим Димитриевски.
- Во конкретниов случај се работи исклучиво на примена на актите кои се во сила. Советот е во функција на граѓаните и како основач на јавните претпријатија. Доколку е потребно, ќе преземе дејства со актите кои ги носи, да ги ги надмине сите отворени проблеми во делот на техничкото функционирање и вршење на основната дејност, истакна Димитриевски.
http://sitel.com.mk/mk/vo-kumanovo-eden-mesec-ne-funkcionira-pajak-sluzhbata
Истиот Сител известува за „ успесите “ на скопските пајаци
http://www.sitel.com.mk/mk/foto-vest-vnimavajte-kade-parkirate-pajak-sluzhbata-pravi-chistka-niz-centar
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.582
Поени од реакции
35.382
Зонско паркирање во Капиштец, по улицата Народен Фронт, во сабота после 14ч. е бесплатно?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сношти поминав покрак Кафеаната Идадија и видов дека автоматот за наплата ( паркоматот ) е скршен. Не разбрав дали некоја кола го удрила или го ограбиле
Инаку пајаците „ работеа - стопанисуваа и поштено заработуваа “ турбо низ центарот на Скопје иако беше недела навечер и имаше густа магла.
Општинските лешинари , кои наводно ќе преземеле вакви-такви мерки против загадувањето на воздухот можеа барам да ги стопираат пајаците.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Секаде е истиот број за зонско, на секој паркинг и во секој град?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Зонско паркирање во Капиштец, по улицата Народен Фронт, во сабота после 14ч. е бесплатно?
Не е...
Дури денес поминав таму и видов на таблите пишува од понеделник до четврток се плаќа до 22 часот, а во петок и сабота до 24 часот
......
Инаку вечерва, во Капиштец, на улица Народен Фронт ми се случи нешто интересно што сакам да го споделам со вас.
Сите знаете дека општинските зонаши немаат лисици, туку под брисачите ставаат најлон кеси во кој се наоѓа уплатница.
Јас такви кеси штом ќе видам ги земам, ги ставам во џеп и потоа ги фрлам во ѓубре
Вечерва видов еден наш сограѓанин од Тетово, кому му ставиле кеса со уплатница како се обидува да ги добие по телефон за да им плати.
Прашувам: Што е работава? Тој ми раскажува дека И јас му реков дај ми ја кесата јас ќе ја фрлам во ѓубре, а ти оди си во Тетово и нека ти е среќен пат.
И тој за момент се замисли - и ми рече - можат да ме тужат.
Јас му реков, ако сака да плати имам уште такви кеси и сите ќе му ги дадам нека и нив ги плати и извадив и му покажав таква кеса која на пладне ја земав кај Буњаковец
Тоа го расположи, ми ја даде кесата, јас му посакав среќен пат и така се разделивме ( тоа се случи во 18,30 часот )
Ако е тој, или некој што го знае, сега на Кајгана, еве го поздравувам
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Него... чисто да прашам, тоа уплатница на 1200 денари ли е?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.582
Поени од реакции
35.382
Зонско паркирање во Капиштец, по улицата Народен Фронт, во сабота после 14ч. е бесплатно?
Не е...
Дури денес поминав таму и видов на таблите пишува од понеделник до четврток се плаќа до 22 часот, а во петок и сабота до 24 часот
Да дополнам и јас, во сабота после 14ч. паркирањето е бесплатно на паркинзите на ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ (освен во Аеродром каде паркирање се плаќа се до 23ч.).
Конкретно таму во Капиштец се паркинзите АМСМ, Народен Фронт (спроти АМСМ), и паркингот спроти Нова Македонија. Тие се пакринзи со рампа, издвоени простори. Паркирањето долж самата улица Народен фронт потпаѓа под општинските правила (наплаќаат до 24ч).

Ова е иначе по некое зимско сметање, какво е летното не знам.

- За време на зимскиот период работното време на А, Б и Ц јавни површини на кои се применува зонското паркирање ќе се промени и ќе се одвива од Понеделник до Петок од 07:00 до 21:00 часот, сабота од 07 :00 до 14:00 часот.

- Работното време на Д јавни површини на кои се применува зонско паркирање ке се примени и ке се одвива од понеделник до сабота од 07: 00 до 23: 00 часот.

Некои корисни линкови:
http://www.gradskiparking.com.mk/
http://www.gradskiparking.com.mk/default.asp?ItemID=17D6B54C389A264AB0ECE1C55EBBC043

ЈП Градски Паркинг-Скопје (јавни-затворени -паркиралишта)
https://maps.google.com/maps/ms?ie=UTF8&hl=en&msa=0&msid=114185743917481052806.00047818bb2d52ca50d47&ll=41.994521,21.431923&spn=0.025516,0.060081&z=14&source=embed
--- надополнето: 24 декември 2013 во 22:57 ---
Практично јас колку што разбирам, после 21ч на сите паркинзи на ЈП Градски Паркинг-Скопје, паркирањето е бесплатно. Ова е слично во повеќето европски градови во кои сум бил, навечер после 9-10 паркирањето е бесплатно до 7 наутро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom