Зелен чај за детоксикација
Кај здравите луѓе кои секојдневно земаат капсули екстракти од зелен чај без кофеин доаѓа до зголемување на ензимите задолжени за детоксикација кои имаат влијание во борбата против ракот, покажало истражување на американските научници.
- Екстрактот од зелен чај може да биде корисен кај оние луѓе со недостаток на ензими за детоксикација, а не би требало да им штети и на оние кои имаат доволна количина на тие ензими во својот организам, изјави шефот на истражувањето, доктор Шери Коу од Универзитетот Аризона.
Генетските и еколошките причинители предизвикуваат кај луѓето зголемување и намалување на нивото на ензимот глутатон С - трансфераза (GST), кои можат да ја имаат клучната улога во одбрана на телото од токсични и канцерогени состојки.
Предходните истражувања на животни покажаа дека состојките во зелениот чај, антиоксиданти наречени „катехини“ ги активираат GST ензимите. Доктор Коу истражувала какво влијание би имале состојките на зелениот чај на нивото на GST кај 42 здрави возрасни лица.
Во текот на четирите недели пред почетокот на истражувањето доброволците непушачи се воздржувале од конзумирање зелен чај и при тоа конзумирале храна за која се знае дека содржи епигалокатехин галат, антиоксидант кој може да придонесе во борбата против ракот.
Доброволците во текот на следните четири недели секое утро пред јадење земале по четири капсули од по 200 милиграми епигалокатехин галат кои обезбедувале иста количина на истиот антиоксиданс во замена за 16 шолји зелен чај дневно.
Откриено е дека нивото на ензимите GST за детоксикација кај учесниците во истражувањето е поголемо за 80 отсто. Кај учесниците со средно или високо ниво на GST или не е дојдено до зголемување, или е забележано само мало зголемување на нивото на GST.
Коу вели дека се во тек истражувања кои треба да го потврдат превентивното антиканцерогено делување на зелениот чај или екстрактите на зелениот чај.