Очигледно е дека кај мене делува се обратно....толку ми е грозен тој зелен чај и ме тера на повраќање....се обидов, демек ајде морам, здрав е и дрн дрн, но никако не ми иде.
Бљак.
...таман си, не ти делува обратно, туку нормално реагираш на концентрацијата на кофеин и танини во зелениот чај!
.... за да се види дали хербалниот напиток е добар треба да се види што содржи и дали тоа би одговарало индивидуално, зашто за некого е корисен со придонеси во неговото здравје, ама кај некого можеби негова честа примена напротив не би било прифатливо токму од здравствен аспект.
... главните хемиски соединенија во зелениот чај се епигалокатехин галат (EGCG), л-теанин, калиум, железо, калциум и кофеин, содржината на кофеин во зелениот чај е околу 35 милиграми за секоја чаша, содржи витамини од групата Б, како и танини и фолна киселина.
... особи кои реагираат на кофеин, со редовно пиење на зелениот чај што всушност преставува неферментиран индиски чај кој како пијалок може да го замени утринското кафе, може да имаат несоница, анксиозност, раздразливост, гадење стомачна иритација како и покачување на крвниот притисок и срцебиење,
...кај тие особи кои не реагираат на кофеин или им делува спротивно од другите (парасимпатикус), особи кои се мрзоволни, поспани, со низок притисок и не реагираат на кафе (кофеин) зелениот чај би им дошло како освежување со негови бенифити, но внимание кај другите особи со покачен крвен притисок, тахикардии, нервозни иритабилни особи треба да се размисли колку е паметно навиката на секојдневно пиење по неколку пати на ден зелен чај, па дури секојдневно конзумирање со висока концентрација на екстракт од зелен чај може негативно да влијае на црниот дроб поради содржина на супстанца која во големи количини може да го оштети црниот дроб,
...(ФДА) не ги регулира додатоците на зелениот чај ниту како суплементи, екстракт, хербален напиток,така да овие додатоци може да содржат други супстанции кои се небезбедни за здравјето или имаат недокажани здравствени придобивки, така да еден зелен чај напиток секој трет ден или еднаш неделно не би било некој проблем, но секојдневно, па дури неколку пати на ден не би било баш паметно посебно за особи со покачен крвен притисок!
...лично веќе не го применувам зелениот чај, па ниту ферментираната форма како индиски чај, исто како што го избегнувам кафето, кофеинот делува на мене повеќе од што ми треба како особа која нема проблем со психолошко функционирање, па дури и хиперактивна која нема потреба од вакви стимуланси, па макар било од хербално потекло!