Дали ти воопшто си се сретнала со човек што умира, со човек што не се препознава, обезглавени, изгорени....уствари што се замарам да ти објаснувам.
Засрами се, очигледно го заборави хоророт од Кочани.
Додека во други држави медицинските тимови добиваат награди, овие наши душички добиваат само навреди.
Покачувањето беше ветено од владата и трубат три месеци за него.
Не си вредна воопшто да дискутирам за ситуацијата во здравството.
Сум се сретнала, јас имав дома човек на смртна постела кој со тешки болки и офкање, на сред вечер беше одбиен за преглед, не па за прием на нефролошко одделение Охрид. Пошто претходно бил хоспитализиран Струга, да сме си го носеле таму. Како вреќа компири да носиме, не човек.
За истиот случај, екипа на брза помош при домашна посета ќе администрираше морфиум во физиолошкиот за катетерот.
За стручноста и односот на педијатрите во Охрид па и не навлегувам, кај се тројца, сите да ги споиш заедно не испаѓа ни еден саглам. Алергиска реакција на бруфен ја третира со антибиотик. Има една од тие тројца, секој ден има фиксна бројка на антобиотици што мора да ја препише без разлика со какви симптоми си дошол на преглед, само штанца Трицеф.
Да не ни започнувам со тоа обавезно частење за пораѓање, пошо цела плата ваѓаат од тоа. Од доктори до сестри, без трошка срам.
Има многу за пишување ако сакаш.
Во другите држави тетке ваков случај на непримање итен случај и мафтање по клиники се казнува со одземање лиценца, може и полошо, ама кај нас поради некоја чудна причина ни министерот ни премиерот не дадоја изјава за случајов, ваљда глава не можат да кренат од сите срања последниве месец дена.
Дали им треба покачување? Ваљда, ко на сите останати.
Дали заслужуваат? Може 10% од нив.