За македонските пари

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Интересно и поучно :)
Ми се допаѓа темава :)
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Значи, Македонскиот Парламент ја прогласи независноста на државата на 8 септември 1991; Народната Банка се конституираше како независна емисиона банка на 26 април 1992; а првите банкноти се издадоа само два дена подоцна.

Во нормални услови подготовката за вакви работи би требало да траат по неколку год.; во Македонија се одработи за неколку месеци. Првите банкноти беа само преодно решение, и нивното планирање се одвивало во тајност.

Првите банкноти беа и национален производ. Печатени се во печатницата „11 Октомври„ од Прилеп. ечатењето не било без проблеми...фалела адапција на машините и соодветни бои кои не биле лесно да се набават.

Бидејќи тие беа само преодно решение тие беа наречени бонови и на нив немаше име на валута. Боновите беа произведени со многу едноставна печатарска техника...од 10 до 1000 беа исто и со ист дезајн.

Сепак носеа некој одраз на различни аспекти од националниот идентитет. На едната страна се претставени тутуноберачи во народни носии, тутунот е локална индустрија од Прилеп и градот е голем извозник од Македонија. Другата страна го претставува Македониумот во Крушево, кој го одбележува Илинденското востание од 1903 и неговиот Манифест, кој ги повикува сите Mакедонци независно од националност и религија да се борат за ослободување од отоманската власт.

Поради високата инфлациона стапка на инфлација и со цел да се задоволи побарувачката при замена на југословенскиот динар се појавува потреба од две нови банкноти со вредност од 5000 и 10000.

Дизајнот на овие две е поразличен. На 5илјадарката е претставена млада девојка како пишува на компјутер а на 10 илјадарката е претставено македонското оро-Тешкото.


Боновите беа во функција на привремено платежно средство и требало да се заменат само после една година. Второто издание беше пуштено во оптек во мај 1993 и го носи и името денар.

Интересно е што на 500 денарката има мотиви од Охрид кои го прикажуваат како важен средновековен црковен и урбан центар на земјата. Прикажана е црквата Св. Јован Канео од 13 век и Самоиловата тврдина на другата страна.

Самоиловата тврдина стои симболично над стариот град како потсетник на голема држава која ја сосздал царот Самуил во раниот 13. век. Покрај тооа што не е покажан неговиот портрет тврдината се гледа симболично на историската личност поврзана со период на политичка автономија.

Како една од заштитните симболи (карта на Македонија на УВ светло) има и легендарна референца од битката на беласица во 1018год. На банкнотата се појавува брановидна линија и круг под тврдината како некоја шематска симболика на преживеаните и ослепени војници.

Актуелното и трето издание на банкнотите излезе 1996. Дизајнот беше избран на тендер. Конечниот резултат преставува една многу убава содржина на теми од минатото. Наместо претстава на портрети или архитектонски објекти на банкнотите се претставени археолошки предмети, средновековни икони и архитектонски детали.

На позадината на сегашната 500 денарка приметлива е интензивна црвена боја која треба да рефлектира една национална карактеристика манифестирајќи ја љубовта кон оваа боја.

Некој од предметите се од далечното минато. На пр. Веселата Менада или златната посмртна маска...и двете од 6 век пред н.е.

За да се рефлектира разноликоста на верските заедници на 100 денарката се појавува таванска роозета од куќа која се верувало дека е албанска (подоцна се покажало дека тоа не е точно). На другата страна се појавува гравура на Скопје од 16 век видена преку прозорец на албанска куќа во градот Дебар.

Христијанството се провлекува низ скоро половина од претставите присутни во ова издание. На 50 денарката се појавува детаљ од црквата св. Пантелејмон а на 1000 денарката детаљ од Григориевата галерија од Св. Софија.

Симболични птици и животни се присутни од подни мозаици, паунот како симбол на вечноста и на глорифицираната душа на Христос од ранохристијанската базилика во Стоби.

Кучето Кербер, чувар на подземниот свет од големата базилика во Хераклеа Линкестис близу Битола на 5000ката.


Два од најубавите дизајни се на 50денарката...светиот нимб и одеждата на светецoт во контраст со длабока сина заднина.

Богородица со малиот Христос на 1000ката е земена од исклучителна икона од 14тиот век.

Иначе 500ката и илјадарката беа преработени и со нови детаљи...како убетките со лавовска глава...еве како тие навистина изгледаат:



На 1000ката се убетки во форма на гулабуци:




Интересен е податокот што банкнотите имаат век на траење кога неприметно се заменуваат со нови. На пр. Животниот рок на 10денарката (книжната) околу 3 години...и тоа е времето кога се менуваа..поголемите банкноти се менуваат после 5 год.

Двете големи банкноти 500денарката и 1000ката се печатат надвор од МК, на Малта во печатница од англиска фирма која е една од најдобрите за тие работи. Малечките банкноти се печатат во Прилеп. Металните се коваат кај нас...само што металните „жетончиња„ идат од надвор.

Пред нешто околу 2 год излезе железна10 денарка...
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Случајно налетав на македонскава банкнота која е надпечатена и користена во Косово во 1999 година.

Kosovo 5000 note UNC Banknote, macedonian overprint

Не знам, може и да е фалсификат те некој да пробува да заработи пари преку измама. Мене ми изгледаше интересно, а можеби некој од овде ќе знае да каже нешто повеќе.
 

PowerUp

Реалист
Член од
21 септември 2009
Мислења
311
Поени од реакции
5


ДЕМОКРАТСКА ФЕДЕРАТИВНА JУГОСЛАВИА, ПОВЕРЕНСТВО ЗА ФИНАНСИј НА МАКЕДОНИА

(Првите македонски банкноти)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Аха да.. :)

Тоа што ти го цитираше е цитат од дополнителниот печат, а не оригиналот. Очигледно тоа се бугарски банкноти - ЛЕВ кои биле во циркулација на теренот на Македонија т.е. стара емисија од 1943 година печатена во Берлин, а никако “македонски банкноти“.

БНБ имаше и филијала во Скопје до крајот на 1944 година.

Паралелно со “македонските“ левови се појавуваа и “српски“ левови како и “бугарски“ фунти

В'з основа на специално споразумение к'м договора за вклјучване на Б'лгарија к'м Тристраннија пакт (от 1 март 1941 г.) б'лгарски војски навлизат в Македонија и Беломорска Тракија на 20 април 1941 г.
В периода 1942-1944 г. в б'лгарската окупационна зона в Македонија дејстват три партизански бригади. Това са VIII-ма Ср'бска бригада, I-ви Косовски отрјад и известната III-та Македонска бригада.
През месец август 1944 г. в една от многобројте си диверсионни акции, партизаните от III-та Македонска бригада открадват банкноти от 250 лева емисија 1943 г. Откраднатите банкноти обаче са само от серии "Ч" и "Ш". В'рху малко количество банкноти от двете серии македонските партизани поставјат специален печат (ДЕМОКРАТСКА ФЕДЕРАТИВНА JУГОСЛАВИА; ПОВЕРЕНСТВО ЗА ФИНАНСИј НА МАКЕДОНИА), с което правјат опит да ги легализират сред населението, подобно на ср'бските партизани, които "емитират" собствени банкноти. Тук можете да видите откраднатите банкноти, а дали намеренијата на македонските партизани са се ос'штествили можете да научите от книгата "Историја на б'лгарските книжни пари".

http://www.bg-papermoney.com/html/bg/provisional_macedonia.html
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Мислам дека нема посебна тема во форумов историја која се бави со монетарниот систем низ вековите.

Називите на пари најчесто се позајмувани од други јазици. Некои од нив водат потекло од далечното минато и немаат јасни етимологии.

Во античка Македонија биле во употреба и се ковале пари со називи: Статер, Драхма, Обол и др....според феникиските и античките мерни системи.

За време на римското владеење се употребува називот „denarius“. Овој латински збор е изведен од бројот „deni“ што значи „по десет„. Индоевропски збор е „dek’m“ и е основна на десетеричниот мерен систем.

Називот денариус се употребивал и до деншно време во други форми на Балканот и Медитеранот во две форми. Поретко како денар ама пораспространето како динар.

Изборот на името денар за денешна ваута во Македонија бил избран поради следниве историски причини:

- називот денар е документиран во старословенски натписи. Ова говори дека називот бил наследен и прифатен во оваа форма.
- Соодејствува со зборот декар, основна мерка за површина од 10 ари која можела да се посее со еден кутел семе. Долговековна традиција за сеење.
- На овие простори доминирал децималниот мерен систем...наместо хексагезималниот.

Во прилог неколку дезајни на македонските денари кои не влегоа во оптег.

Првава слика е од Статер како еден од првите предлози за валута. Зборот Статер не беше избран од политички причини.






















kakvi politicki pricini ?
mislam deka ima potreba kako i so evra i vo mnogu drugi zemji nivnite valuti ima potreba od 20,200.2000 denari banknota
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
По познати беа како ВМРОВКИ,се сеќавам кога Стоиле Стојков и Врапчето мафтаа со нив во собрание и ги представуваа како новите македонски пари


Сувенир банкнотата "Македонка" издадена на почетокот на 90тите (по предлог на партијата ВМРО-ДПМНЕ). Банкнотите требало да ги заменат тогашните југословенски динари, но Владата на РМ не го прифатила предлогот.
И покрај тоа, ИНПРЕС ги испечатила неофицијалните банкноти на кои е насликана Белата Кула во Солун. Банкнотите се продавани по улиците на Скопје како сувенири.
Толку паушални констатации... Сувенир банкнота, значи сувенир банкнота. Издадена од фирмата ИНФОПРЕС (без знаење и инволвираност на ниту една партија)... Банкнотите не требаше НИШТО да заменат и Владата на РМ воопшто не расправала за предлогот. Се работи за чисто комерцијален проект, а поттикнат од осамостојувањето на Македонија. Сувенир банкнотите ги црташе студент (за жал името го заборавив)...
--- надополнето: 8 јануари 2012 во 03:24 ---
По познати беа како ВМРОВКИ,се сеќавам кога Стоиле Стојков и Врапчето мафтаа со нив во собрание и ги представуваа како новите македонски пари
Повторно паушално... Беа познати како МАКЕДОНКИ и никако како вмровки (впрочем 1, 10, 100 македонки пишува на неколку места на сувенир банкнотата)...
 
Член од
7 март 2011
Мислења
93
Поени од реакции
125
Првите банкноти од 1992 година немаа има, ја пишува со броеви и букви само вредноста, а нема име на валутата...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Нивната намена беше да се саботира македонската независност како доказ за грчките индикации пред Светот дека имаме територијални претензии кон Грција.

Тие пари беа печатени и дистрибуирани од грчко-југословенските служби.

Создавањето наводни вмровски легенди е дело на истите служби како компромитирачки материјал.
 
Член од
12 јуни 2023
Мислења
2
Поени од реакции
1
Некој да продава или да ми каже каде можам да дојдам до македонски банкноти МАКЕДОНКИ или пак од 92 и 93 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom