За мажите: машинка за бричење или стариот добар брич?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Што користите? Порано имав пробано да се избричам со машинка, ама не ја биваше. Пред некој ден пробав Philishave, од новите модели и можам да кажам дека бричењето беше феноменално. Подобро отколку да се стругаш контра, ниедно влакно останато.

Што искуства имате? Сакам да си купам машинка, ама да не се зезнам? : )
 
Јас веќе подолго време користам машинка за бричење поради претераното иритирање на кожата на лицето од брич, пена за бричење, лосиони и слични ствари. Но не користам обична машинка туку си имам машинка шо уствари е за шишање и со неа се бричам и можам да кажам дека ми е екстра. Може не бричи како регуларните машинки за бричење но јас сум презадоволен од нејзе.
 
Оваа ја пробав, со 2
B0000VH8RM.02._SCLZZZZZZZ_.jpg
ножиња што брмчат (многу е тивка всушност) во круг.
 
купи си ја на изглед изгледа екстра ако си ја пробал и ако си задоволен нема зошто да не си ја купиш
 
Која цена е отприлика, зашто сум смртно заинтересиран да си купам.. :)
 
Јас сум класичен тип, одам на брич. Ги има пробано некој новите Willkinson со 4 сечила?

BTW, темава оди во „Мода ем лепота”, као повеќе ќе да е за таму...
 
Veke podolgo vreme koristam Gillette MACH 3, i sum prezadovolen od nego.
Za sega nemam nikakva namera da go menuvam.

A, masinka za bricenje, hmmm, ne sum imal, i ne sum ni razmisluval da imam.
Porano pred da se vrabotam se bricev na 4-5 dena, ama sega toa go pravam sekoj den, osven za vikend, e togas malku se opustam :)
 
А некој пробал зелено џамче? Офчар и ти сеа, не се сите теми за сеир!
 
А онаков олдскул брич за сечење гркљан?! Шо ти дере кожа? Е тоа е вуна. Или жилет за шиење?

И четкица за сапуњање!

Ја дома увек си се „пењам“ со четкица. Леееј лезетско. Па после си се фатам со џилетот, оп трт.. пу бе, зашо неам брада, не дека ќе ја бричев често, ама ќе ја бричев со лезет!

Па и чупалица по некад.. абе милина :)
 
Јузер, не е скапа. Овој модел е 2 илјадарчиња. Тие со 3 ножиња се малку поскапи. Инаку, ножињата траат 2 - 3 години.
 
Немам пробано машинка до сега и со оглед на цената на една квалитетна машинка, не верувам дека ќе пробам во блиска иднина.

Gillette Sensor Excel засега добро ме служи.
 
секој ден си мачам мака со бричењето и сум барал бааги начини како да си олеснам. проблемот ми е што од стругањето контра на вратот ми се иритира вратот и станувам реднек :) барав на интернетов нешто да се најде фајде за бричењето и читав дека од машинките се ствараат подкожни влакна (растат само у кожата не надвор) па ја одјебав таа варијанта. барајќи друго решение дознав дека најдобро било да се става пењата за бричење со четкичка за пења. И тоа најдобри биле оние четки со влакна од јазовец. (а екстремно најдобрите со влакна од вратот на јазовецот :raz: ) демек многу полесно било за бричење после со било кој брич али се препорачува стариот класичен брич. (али со дисклејмер првите 3-4 пати можеш да се сјебеш дур да се одвикнеш од старите потези научени со „модерен“ брич). Уште не сум набавил ни четка ни па брич класик па не знам колку е тоа точно :( моментално сум на Gillette M3 Power, знае да ме направи реднек али за тоа секогаш кога можам сбричам уз туширање кога лицето е омекнато од вода и пареа и нема проблеми
 
Дерматолозите препорачуваат машинки, далеку помала иритација. За поткожни влакна незнам колку држи теоријата, бидејќи принципот на бричење е сосема ист како и со обичен брич.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom