Јас на 3. август имам направено нарачака од ebay, на 4. ја испратија по пошта и сеуште не е стигната. И давам уште една недела, па после ќе барам refund. Со обична пошта може и да не стигне пакетот (ако му се допаднал на некој у пошта) затоа што нема тракинг на пратката.
Со DHL или друга брза пошта е најсигурно, ама од лично искуство НИКОГАШ повеќе не би ги користел услугите на DHL... За пратка од 29 долари ме царинеа (иако според правилникот на царина ништо под 40 евра не се царини), па требаше да платам дополнителни 3.500 денари. 300 за царина (што е ништо...) и околу 3200 за ШПЕДИТЕРСКИ ТРОШОЦИ и ЛЕЖАРИНА за DHL... Да не ми ја пуштеа пратката на царинење, тоа немаше да се случи, ама претпоставувам дека имаат договор за да лапаат пари од овци како нас.
Затоа, додека се средат некои работи во Македонија нарачувајте само ефтини работи и само преку обична пошта. Може и воопшто да не ви стигне, ама бар нема да се јадосувате за мали пари...