За идеали гинат будали?

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Има некој работи кои се едноставно така.Отсекогаш било и отсекогаш ќе биде.Младите секогаш гинеле дали за ветувања за слобода,подобар живот,правдина,љубов,одмазда,страв.Никој не отишол да гине во војна доброволно за да направи нешто лошо за себе и своите.

Младите гинат старите бистрат политика.
 
М

Мартин`

Гостин
Да мислеле така и нашите предци сега ќе немало да бидеме ниту Македонци ниту пак да постои Македонија, секоја генерација си има свои идеали.. порано нивниот идеал било слободна Македонија денеска нашиот да ја зачуваме и унапредиме истата.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Во Македонија од ’’идеали‘‘ имаш на репертоарот:
-левичар(петокрака+срп со чекан) :vozbud: :гомце:
-десничар(лавче+сонце од Кутлеш) :tapp: :гомце:
-трето, е трето нема ! :facepalm:
се е :гомце:
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Идеал.
Тежок, тежок збор.
Идеал не е нешто за кое викаш "Јас верувам дека тоа е така и така треба да биде!" туку нешто за кое си спремен да загинеш. Идеал е онаа светлина која од стаклото на прозорецот се одбива и враќа во окото на вистинскиот идеалист. На вечниот оптимист. Тој зрак светлина е единствениот кој ја пробива леќата, додека објективноста се одбива. Зрак, што несомнено, за повеќето е недостижен и фиктивен, за идеалистот, оној вистинскиот, е световид. Е реалност и вистина, и како таков претставува единствен и примарен. Неизбежен.
Застанати пред прозорецот, ретки се оние кои гледаат within.
А таквите, имаме навика да ги нарекуваме слепи.
Слепи, како првата љубов.
Онаа. Се сеќаваш? Онаа за која беше сигурен, дека доколу треба срцето да се подари, ќе го подареше без да трепнеш?
Свесно и волево би умрел, за првата љубов, да преживее.
Онаа љубов за која живееше. Идеалот кој е некршлив, се додека не се скрши? And when that happens, нешто во тебе умира. Остава кратер, толкава празнина, мислиш никогаш нема да се пополни. Остава човек без идеал. Човек со нем поглед, речиси можеш да гледаш низ него. Мнозината, немајќи снага да повторно израснат cojones, остануваат инвалиди за цел живот. Скептици со празен поглед, пасивни набљудувачи, овенати, горчливи и бодликави плодови кои толку силно треснале на земја, што повеќе неможат да ја придвижат ни сопствената тежина, а не пак да одговорат на нечија туѓа плач или смеа. Неблагодарни, пред се кон својата Мајка, својот корен, својот извор на живот, живот, земен бесплатно, вратен безвредно.
А потоа љути, на светот, цел.
Но тука се и оние со нешто во гаќите, кои сега, и покрај гравитацијата налик онаа на планетата на King Kai, собираат сила и се исправаат како Son Goku, се враќаат во живот, истренирани и мудри, видно по силни и по жедни за нови отстварувања. The true hustlers.
Овие, вториве, се оние со идеали, ама онака вистински.
И не би ги нарекол будали, затоа што гинат за живот, додека другите живеат мртви.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
- во редовите на нашите борци на оние прави борци-првоборци
имаше такви кои правеа идеални дела,за кои и дела загинаа и
станаа жртва на сопствениот идеал,а пред тој да се оствари
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Има работи, за кој вреди да се даде и животот, но мислам дека грешат оние кои тоа го врзуваат национализмот.
Ќе објаснам со 2 примери:1. Пјер и Марија Кири умреа од озраченост.
2.Многу лекари се разболеле и умреле лекувајќи ги своите пациенти.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Идеал.
Тежок, тежок збор.
Идеал не е нешто за кое викаш "Јас верувам дека тоа е така и така треба да биде!" туку нешто за кое си спремен да загинеш. Идеал е онаа светлина која од стаклото на прозорецот се одбива и враќа во окото на вистинскиот идеалист. На вечниот оптимист. Тој зрак светлина е единствениот кој ја пробива леќата, додека објективноста се одбива. Зрак, што несомнено, за повеќето е недостижен и фиктивен, за идеалистот, оној вистинскиот, е световид. Е реалност и вистина, и како таков претставува единствен и примарен. Неизбежен.
Застанати пред прозорецот, ретки се оние кои гледаат within.
А таквите, имаме навика да ги нарекуваме слепи.
Слепи, како првата љубов.
Онаа. Се сеќаваш? Онаа за која беше сигурен, дека доколу треба срцето да се подари, ќе го подареше без да трепнеш?
Свесно и волјево би умрел, за првата љубов, да преживее.
Онаа љубов за која живееше. Идеалот кој е некршлив, се додека не се скрши? And when that happens, нешто во тебе умира. Остава кратер, толкава празнина, мислиш никогаш нема да се пополни. Остава човек без идеал. Човек со нем поглед, речиси можеш да гледаш низ него. Мнозината, немајќи снага да повторно израснат cojones, остануваат инвалиди за цел живот. Скептици со празен поглед, пасивни набљудувачи, овенати, горчливи и бодликави плодови кои толку силно треснале на земја, што повеќе неможат да ја придвижат ни сопствената тежина, а не пак да одговорат на нечија туѓа плач или смеа. Неблагодарни, пред се кон својата Мајка, својот корен, својот извор на живот, живот, земен бесплатно, вратен безвредно.
А потоа љути, на светот, цел.
Но тука се и оние со нешто во гаќите, кои сега, и покрај гравитацијата налик онаа на планетата на King Kai, собираат сила и се исправаат како Son Goku, се враќаат во живот, истренирани и мудри, видно по силни и по жедни за нови отстварувања. The true hustlers.
Овие, вториве, се оние со идеали, ама онака вистински.
И не би ги нарекол будали, затоа што гинат за живот, додека другите живеат мртви.
Паметно кажано. Идеалите се менлива категорија, а не константи. Убаво е да ги имаш во различни бои во различни делови од животот.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во Македонија од ’’идеали‘‘ имаш на репертоарот:
-левичар(петокрака+срп со чекан) :vozbud: :гомце:
-десничар(лавче+сонце од Кутлеш) :tapp: :гомце:
-трето, е трето нема ! :facepalm:
се е :гомце:
А бе, дај немој вака, те молам.
Идеали и политичка идеологија НЕ е исто.
Идеали, визија, ПРИНЦИПИ.
Идеали - нешто што треба да ти е двигател во животот. Кауза за која се бориш. Сигурна сум, особено меѓу младите, има многумина - речиси сите - имаат идеали. Можеби јас и ти на пример имаме различни идеали, но сепак ги имаме. Тоа не значи дека партија е вметната во муабетов.

Нема врска политичка идеологија/наклонетост кон партија со индивидуалните идеали кои ги поседува некој човек.

Не мешајте политички муабети во темава... Олабавете малце од политика, сериозно.
Види го постот на GoD.HateUSaLL и се ќе ти стане јасно. ;)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Чистиот идеализам може да те однесе до „слепа улица“, исто како што и чистиот прагматизам може да те направи безрбетник. Немањето на идеали значи и немање смисла на животот, ама сепак треба да се биде максимално практичен додека се работи за нивно остварување.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Во Македонија од ’’идеали‘‘ имаш на репертоарот:
-левичар(петокрака+срп со чекан) :vozbud: :гомце:
-десничар(лавче+сонце од Кутлеш) :tapp: :гомце:
-трето, е трето нема ! :facepalm:
се е :гомце:
тоа е тоа... измешаното македонско општество каде што значењата на работите се испревртени... каде што се меша партиска идеологија со личен идеал, каде што никој не знае што е патриотизам а сите го употребуваат.

Кај нас општо прифатено е тоа дека идеалист/идеолог е оној кој загинал за татковината. Да де, идеалисти се тие луѓе, но НЕ се само тие, има и луѓе со разични идеали, идеали кои немаат врска со политка и нација...

Жално е што многумина, го имаат испомешано тоа и ретко се наоѓаат луѓе со свои принципи и желби кои им се двигател, и кои успеваат да се изборат за тоа против општеството. Не велам дека нема такви, но тоа е се некако загушено кај нас...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Чистиот идеализам може да те однесе до „слепа улица“, исто како што и чистиот прагматизам може да те направи безрбетник. Немањето на идеали значи и немање смисла на животот, ама сепак треба да се биде максимално практичен додека се работи за нивно остварување.
Ме збуни со подцртаниот став - те молам објасни.
 
Член од
5 март 2012
Мислења
34
Поени од реакции
35
Дечкото GodHateusall се си кажа секоја чест. На тие што не им е јасно нека го прочитаат пак. А на членот што ја отвори темата и што мисли дека оваа парола нема политичка заднина еве му еден текст, каде што е многу убаво објаснето

Во минатото општествено уредување оваа парола се пролиферуваше како врв на мудрото размислување. Иако во себе содржи деструктивни општествени елементи таа беше успешно пласирана и сеопшто прифатена филозофија на живеење. За минатото општествено уредување оваа парола имаше свое "позитивно" значење. Нејзиното "позитивно" значење во тоа општество беше единствено насочено кон претставниците на тогашната власт. Паролава практично служеше како заштита на нивните интереси и властодржнички аспирации. Нејзиното значење преведено народски беше "немој да се буниш оти ќе бидеш убиен како будала". Од една страна ако сакате оправдувачки да гледате на тоа време и на тие наши владетели имате можност аргументирано да контрирате. Оваа фраза овозможуваше ненасилен начин на контрола врз општествениот мисловен развој (скраја да е, некому во тоа време да му текнело дека сака повеќе отколку што му е дадено да има). Многупати сум слушнал "аргументи" дека минатото општество било хумано. Тие што такви аргументи ми давале за време на нашите пријателски дискусии најверојатно не се слушале како звучат и што всушност кажуваат. Едноставно кажано, тие ја поистоветувале хуманоста на тоа општество со некаква економска "благосостојба" која во тогашно време ја имале а сега ја немаат?!
Минатото општество вака ја покажуваше својата хуманост, го убиваше идеалот пред да се роди наместо да го убие човекот, поседувачот на тој идеал (скраја да е, доколку се проширелтој идеал, а тие да ја изгубеле својата власт).
Од една страна и звучи некако хумано. Уништи го идеалот во човекот наместо човекот. Сепак, кога станува збор за уништување, знаете, некако ми е нелагодно. Мене ми се чини дека ако го уништиш идеалот на некој човек е исто како да си го уништил и физички тој човек. Поправете ме ако грешам, ама замислете си вие како би ви било да живеете без идеали. Без тие мали мисли во вашата глава кои создаваат планови за една поубава ваша сегашност и иднина. Мисли кои ви даваат надеж и сила за да работите на подобрување на вашиот живот или на животот на вашите сакани. Можете ли? Јас лично сум убеден дека можете и дека не ви е пријатно да ги немате во вашата глава тие многу значајни за вашиот живот мали мисли.
Секој еден човек поседува идеали, мисли како посакува својата иднина да изгледа. Тоа е природно, нормално и во најмала рака пожелно. Доколку човек не поседува визии за својата иднина или пак има мрачни визии за неа тогаш на тој човек му се скршени неговите идеали. Тој човек е скршен, апатичен, безволен, лесен залак за контрола. Ние во нашето општество со многу идеали за подобро и побогато утре го сменивме општественото уредување. Како што гледате и самите, нашите идеали се скршени, а ние сме апатични и безволни како поединци и како општество. Општество без идеали, скраја да е, нели, тие со идеали гинат како будали, а тие без идеали се контролирани како овци од секој еден кој ќе дојди на власт.
Во нашето општество се појави една групација која беше спремна, и сеуште е спремна да гине за своите идеали. Таа групација и реално гинеше за своите идеали, гинеа и наши (без идеали, се подразбира). Така ревносно работејки за своите идеали до степен на жртвување на сопствениот живот тие си ги остварија своите идеали . Можете ли да погодите кој во овој случај излегоа будали. Тие со идеали или ние без идеали.
СКРШЕНИ, АПАТИЧНИ, БЕЗВОЛНИ И КОНТРОЛИРАНИ, АМА БУДАЛИ НЕ СМЕ, НЕЛИ?
Доколку некој има желба да се прикаже себеси како голем "мудрец" потпикувајки ви ја оваа парола како животна вистина, укажете му на неговата грешка. Сеуште има надеж за нас како народ. Не сме ние како народ без идеали, отсекогаш ги имаме. Ние сме само излажани, излажани да веруваме во нешто што нема допирни точки со среќно и квалитетно живеење. Излажани за полесно да бидеме контролирани. Вистинската парола во животот, доколку се согласувате со мене треба да ви биде вам, на вашите сакани и блиски:
БЕЗ ИДЕАЛИ ЖИВЕАТ САМО БУДАЛИ!!!
Колку повеќе луѓе во нашето општество го знаат ова толку подобро ќе живеете вие како единка. Колку повеќе луѓе ќе ја користат како животна филозофија оваа парола на вистината толку поубаво ќе се чувствувате и вие. Ние како единки и како народ не сме будали. Твојот и мојот, македонски народ, не е будала, не сум јас, не си ни ти. Од оваа каша мораме заеднички да излезиме. Како поединец ниту јас ниту вие ќе може да направиме некаква разлика, но здружени, како слободни поединци, преку доброволна соработка, е тоа е веќе нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom