За гревот

Член од
12 мај 2009
Мислења
46
Поени од реакции
3
за гревот

за гревот

Кога ќе откриеш дека Божјиот Збор е сладок како мед, ќе сфатиш дека гревот е горчлив како пелин!

Порано јас трчав по гревот; сега гревот трча по мене!

И твојот најтаинствен грев е извршен барем пред двајца очевидци: Бог и твојата совест!

Критикувај го гревот, но не запаѓај во гревот на критизерство!

Најголемиот грев во тебе е што мислиш дека си без грев!

Кога човекот е готов да ги открие своите гревови, Бог е готов да ги покрие!

Човекот кој згрешил, а не признава, продолжува да греши!

Да грешиш е човечки; но ако трошиш повеќе гумичка отколку моливче, очигледно претеруваш со грешките!

Секој мора да живее барем со еден грешник: со себеси!

Биди немилосрден кон гревот, како што гревот е немилосрден кон тебе!

Исповедај ги своите гревови, како што ги исповедаш туѓите!
 
A

ateist

Гостин
има 10 исти вакви теми

КАНТА ....:kesa:
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
има 10 исти вакви теми

КАНТА ....:kesa:
Добро бе вие тренирате или што..јас бришам мислења вие пак ги постирате..има кој да одлучи дали една тема ќе оди во канта или не...ваше е да дискутирате..
 
R

RAYTHEON23

Гостин
а кој е најголем грев????

прељуба...кражба...убиство.

ДА стварно ли свети димитрија е заштитник на војниците..мислам и у прашања за христијанство да го ставев ам џабе два поста па ве молам одговорете:smir:
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
а кој е најголем грев????

прељуба...кражба...убиство.

ДА стварно ли свети димитрија е заштитник на војниците..мислам и у прашања за христијанство да го ставев ам џабе два поста па ве молам одговорете:smir:
Хула на светиот Дух...
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
а кој е најголем грев????

прељуба...кражба...убиство.

ДА стварно ли свети димитрија е заштитник на војниците..мислам и у прашања за христијанство да го ставев ам џабе два поста па ве молам одговорете:smir:
Според Данте( а веројатно и според Библијата!), во Пеколот во последниот круг се предавниците, така да испаѓа дека предавството е најголем грев.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Според Данте( а веројатно и според Библијата!), во Пеколот во последниот круг се предавниците, така да испаѓа дека предавството е најголем грев.
Библијата и Пеколот од Данте се две различни нешта, искрено и со двете дела немам големо искуство ама тоа си е мое мислење.
Инаку гордоста е мојот смртен грев :).
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Библијата и Пеколот од Данте се две различни нешта, искрено и со двете дела немам големо искуство ама тоа си е мое мислење.
Инаку гордоста е мојот смртен грев :).
Ако не знаеш кој е гревот од Библијата или дали се совпаѓа со Пеколот, не ни пишувај, колку и да е досадно. Знам дека Данте Пеколот го напишал користејќи мотиви од Библијата, па и логично делува дека предавството е најлош грев и според Библијата, заради Јуда.
Нека каже некој понавлезен у ова. :helou:
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
а что праиме со педерите нели беше грев едно време ???
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
а что праиме со педерите нели беше грев едно време ???

Ако не да земеме да им го извадиме естрогенот од телото и да им вбризгаме тестостерон , а што викаш ??

Абе мислам дека сте доволно возрасни и мислите пред да постирате прашање :uvo:. Им дадоа права и на хомосексуалците ??? Епа сеа ние што да правиме , јбга Демократија , секој си се ориентира, определува и експонира како што сака. Што сакаш од Црквата да дејстуваат или да ги проверуваат пред да влезат во Светиот Божји храм со детектор за сексуално определување ??? Ај малце преиспитај се !! Кој ке ти даде одговор на ова прашање а ?? ц ц ц... :tapp:
 
A

ateist

Гостин
весник Вест година 8 бр 2491 понеделник 10/6/2008 год

Сложни попови бесни коли возат

На црковно-народниот собор на МПЦ во Калишта завчера имаше своевидно автошоу на македонските владици, кои дојдоа со скапи џипови и со бесни автомобили.
Најмодерни автомобили возат постарите архиепископи, додека само двајца од новоименуваните млади владици се возат во поскромни возила.
Сите возила на највисоките свештени лица од МПЦ се стари најмногу четири-пет години и речиси сите чинат над 22.000 евра. Некои дури чинат и над 40.000 евра. Автомобилите и џиповите во кои се возат владиците вкупно чинат над половина милион евра.
Во црковната ергела има џипови "чироки", "ленд крузер", "ленд ровер", "фолксваген туарег", како и луксузни автомобили од моделите на "ауди", "крајслер", "мерцедес", "тојота", БМВ и"фолксваген". Има и поевтини коли како "ситроен берлинго" во кои се возат монахињите и "шкода октавија", а и "лада нива" во каква што се вози епископот хераклејски, владиката Климент.
Поглаварот на МПЦ Стефан се вози во "мерцедес" од висока класа, а Скопската епархија, за која е надлежен г.г. Стефан, има и џип "гранд чироки". Најевтиниот модел во салоните сега чини околу 40.000 евра. Најскапи и најубави џипови возат митрополитот повардарски Агатангел, митрополитот полошко-кумановски Кирил и поглаварот на Брегалничката епархија Иларион. Агатангел и Кирил се возат и во "тојота ленд крузер", чија цена е над 45.000 евра, а Иларион во "фолксваген туарег автоматик". Владиката Петар завчера дојде во Калишта со "ауди А4", кое чини околу 25.000 евра, а џипот го оставил во Битола. Брегалничкиот архијереј Наум дојде со "фолксваген пасат", а и тој го имаше оставено џипот во Струмица.
Владиката Пимен, кој раководи со Европската епархија, дојде во Калишта со американскиот автомобил "крајслер крузер", кој чини околу 21.000 евра. Владиката Методиј, архијереј на Американско-канадската епархија, во Калишта си го донесе евтиниот и стар американски џип.
Инаку, сите владици пред да се замонашат и кога се избираат за владици се заветуваат на скромност.
"Што би возеле владиците да не беа со даден завет на скромност?", се прашуваат верниците.
Црковни извори велат дека сите владици живеат во богато опремени резиденции, додека поголемиот дел манастири и цркви мака мачат да обезбедат пари за основните потреби.
Најскромни владици досега биле поранешните поглавари на МПЦ г.г. Гаврил и г.г. Михаил.
 
Исус има говорено и за вакви луѓе во Библијата. Така да не ме чуди ништо. Од секогаш се знаело дека поповите највеќе ќаруваат на црно без да им сере некој од властите. Нешто како Јавен Криминал ....:uvo:
 
A

ateist

Гостин
Најголемиот грев во тебе е што мислиш дека си без грев!

Исповедај ги своите гревови,
еве ти како твојата вера го злоупотребувала тоа срање исповед - покајание.
.
НА ЧИТАЈ И ДИВИ СЕ :

Книга "историја на Македонскиот народ"..од др-Александар Стојановски , д-р Иван Катарџиев д-р Данчо Зографски и д-р МИхаило Апостолски..( култура мисла Скопје 1988 година )..........
страна 30 ...цитат
"Кога во 864 година дошло до склучување мировен договор со Византија , голем дел од териториите на Македонија бил веќе завладеан од страна на Бугарите . Според одредбите на договорот , Борис се обврзал да го прими христијанството , преку Цариградската патријаршија , ЗА ДРЖАВНА РЕЛИГИЈА ."-затворен цитат

Стр36...Паралелно со тоа се формирал и растел крупниот црковни манастирски земјопосед . Покрај даренијата од владетелите, црковниот имот се се зголемувал и по пат на КОНФИСКАЦИЈА НА СЕЛСКИТЕ ИМОТИ , особено на селаните јазичници , кои во Македонија ги имало ги имало сеуште многу. Христијанската црква прераснала во вистинска феудална институција .Манастирите по примерот на световните феудални владенија , го експлоатирале зависното селанство . Монасите со својот богат и раскошен живот го рушеле угледот на христијанската црква .
...... засилената феудална експлоатација требало да се задоволат нараснатите потреби на огромниот воено административен апарат , на дворот и црквата .Сето тоа довело до заострување на класната борба и до појава на богомилството

Стр 51 . За разложување на слободните селски општини свој удел имала и црквата , заедно со црковните феудалци кои исто така настојувале да ги зголемат својте феудални имоти . Покрај бројните даренија што на црквата и ги правеле византиските владетели , црковно манастирските поседи растеле и преку засновање на свој патронат над слободните селски општини што претставувало чекор поблиску до претварањето на слободните селани во во феудално зависни луѓе . тоа се постигнувало и и по пат на ДИЕРКТНО ОДЗЕМАЊЕ - КОНФИСКАЦИЈА на селанската земја во случаите кога СЕЛАНЕЦОТ ЌЕ БИДЕ ОБВИНЕТ ЗАРАДИ ПРИПАДНОСТ НА НЕКОЈА ЕРЕС- ВЕРБАЛЕН ДЕЛИКТ, заради многуженство , стапување во незаконски брак и сл . Сето ова и овозможило на црквата да се претвори во крупен феудален сопственик . Манастирите во Македонија располагале со крупни феудални имоти и голем број зависно население .
Суштината на пронијата била во тоа што пронијарите добивале од централната власт дел од селските имоти , цело село или повеќе села заедно со нивните жители на доживотно уживање .пронијарите од своја страна се задолжувале да исполнуваат воена служба и да собираат од потчинетото население војницисо кој требало да одат во војна

ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ АРНО АМА ОД ТАА ПЉАЧКА ЗА ВЕРБАЛЕН ДЕЛИКТ ШТО СТЕ ИМ КОНФИСКУВАЛЕ ИМОТ НА НАШИТЕ ПРЕДЦИ СЕА БАРАТЕ ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
46
Поени од реакции
3
РИМЈАНИТЕ.6 глава Така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, но живи за Бога во Исуса Христа нашиот Господ! 12 И така, нека не царува гревот во вашето смртно тело, па да ги слушате неговите страсни желби!
13 И не давајте му ги вашите членови на гревот за оружје на неправдата, туку предавајте Му се сами себеси на Бога, како оживени од мртвите, а вашите членови на Бога за оружје на правдата!
14 Имено, гревот не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под Законот, туку под благодатта.
15 Па што? Да грешиме ли, зашто не сме под Законот, а под благодатта? Да не биде!
16 Не знаете ли: ако некому му се предадете за робови во послушност - робови сте му на оној, кому му се покорувате: или на гревот - за смрт; или на послушноста - за праведност?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom