За Македонците помош од Македонци

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10


Неодамна на автопатот Торонто - Нијагарини Водопади се случи тешка сообраќајна несреќа во која потешко е повреден македонскиот иселеник Ѓорѓи Пешевски. Собирајќи помош за повредениот, со повреда се здоби уште еден Македонец, Деан Славковски.
Поради долгомесечна потреба од лекарска нега и поради оневозможеност да одат на работа, на двете семејства им е потребна и финансиска помош. За таа цел, а во организација на МЦКСИ (Македонски Центар за Културна и Социјална Интеграција), во МПЦ ’Св. Климент’ во Торонто, во недела на 6-ти февруари, со почеток во 12 часот ќе се одржи добротворнаа продажба на домашни специјалитети.
Сите средства што ќе се соберат во оваа прилика ќе им бидат доделени на двете семејства, за барем малку да им се олесни во тешкотиите во кои ненадејно западнаа.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Трагедија, поготово поради фактот што настрадал хуман човек собирајќи помош за друг настрадан.
Стрелец, сакам оваа информација да ја ставам на насловната страна, со апел за помош на сите хумани Македонци од дијаспората, а и од Македонија, со потребни информации ако некој сака да донира како може да го стори тоа.
 

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Браво за Сотир

Контејнерот со храна и 55 пакети со облека, кои ги обезбедил хуманитарецот Сотир Митрев наш иселеник во Австралија, вчера при-стигнаа во Скопје.
Пакетите со брашно, макарони, сол, шеќер и грав, ќе им бидат поделени на кујни „Милосрдие" и „Ѓаконија„ Со помош на иселеници во Австралија Митрев досега донирал околу 800 тони храна и облека за народните кујни на македонските цркви и манастири, за луѓето од Мала Преспа и за децата од домовите без родители.
По 5000 австралиски долари хуманитарната организација на Митрев донирала за манастирот „Света Злата Мегленска" во Куманово, а исто толку за манастирот во Лешок.
- Парите со кои купувам храна и облека за сиромашните во Македонија се всушност донации од нашите иселеници во Австралија. Оние што сакаат да испратат пакети за своите роднини во Македонија мене ми плаќаат 80 долари да ги транспортирам – објаснува Митрев.
Тој досега добил повеќе награди за хуманост. Во земјава стасале околу 400 пакети храна тешки по 25 тони.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom