Запрена испораката на гас во Македонија

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Испораката на природен гас во Македонија е запрена, поради спорот на Москва и Киев за цената на енергентот, .
Руската државна компанија „Гаспром" утрово во целост ја прекина доставата за Бугарија, Грција, Турција, Романија, Хрватска, а значително е намалена за Унгарија, Австрија, Босна и Херцеговина и Чешка.

Транзитот на рускиот природен гас за земјите на балканскиот регион и Турција е прекинат утрово во 4 и 30 часот, потврди „Макпетрол“ а.д., повикувајќи се на соопштение од операторот ГА-МА.

„Како последица на тоа, започна опаѓање на работниот притисокот во нашиот дел од гасоводот и се очекува за 20 до 24 часа од прекинот да дојде до потполн престанок на испорака на природен гас за работа на потрошувачите во Република Македонија“ соопшти „Макпетрол“ а.д. За настанатата ситуација е информирана и Владата, Регулаторната комисија и корисниците на природен гас во државата за да се преориентираат на алтернативен енергент.

Директорот на ГА-МА, Крсте Миладинов за агенцијата Бета денеска соопшти дека Македонија има резерви на гас за само еден ден, а во системот од енергенсот е останата количина доволна за неколку часа.

Дознавме дека Гаспром ја прекинал испораката, но за тоа се уште немаме официјално соопштение изјави Миладинов за Бета.

Најголем потрошувач на гас во Македонија е „Топлификацика“. Директорот Димитар Хаџимишев потврди дека состојбата со снабдувањето со гас е сериозна и дека компанијата од вечерва ќе премине на мазут.

Во последните неколку години ова е шести руско-украински судир за гасот. Овојпат тој избувна откако „Газпром“ побара поскапување на гасот, што Киев не го прифаќа, сметајќи дека е поголемо отколку што би требало. Москва ја прекина испораката на гас за Украина затоа што тамошната Влада ги нема подмирено сите долгови од минатата година. Владата во Киев, меѓутоа, тврди дека сметката е исплатена пред Нова година.
 
Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
Не е добре работата... пријатели в Софија ми се оплакват, че в апартаментите им е 16 градуса...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom